Не знам каков синдром е тој, баш кога си пред нешто , важно, пред некоја промена, дешавка... Дали на поле на работа, дали на личен развој или општо нешто за кое самиот си го сметаш како твој период за скала погоре....они се тука, да ти усерат. Годинава прв пат, лани две дешавки. Реално да се подзамислиш, шо е дешавката со паразитите, како тоа фино лепо излегуваат како ларви од дупки, со триста сценарија додека ти забораваш дека истите постојат. Многу ми се чудни , посебно дека се на различно годиште, не знам шо мозок имаат. А колку само немам време да ги мислам, се прашувам оти не се десат у друго време, можеби кутрите внимание бараат па би им посветила. Истово го мислев и почнав да се прашувам, кога? Кога би било погоден период и друго време за претрпување на ваквите оркестри и претстави. Никогаш. Сфаќаш колку на последно место ти се таквите токсични, негативни створењца, кои во животот не успеале да задржат ниту еден пријател. Уствари токсични...можеби на подолг период, ама никогаш не дозволувам да ми се протнуваат како конци низ секојдневието, сега за сега, само досаден напор ништо повеќе. Се е забегано, ама сериозно.
Не чуле за кондоми не чуле за никаква заштита, уствари од шо ќе се заштитуваат кога на улица уште 200 болести ќе закачат. Плус им е гајле на нив за децата,ги раѓаат и ги чуваат дур имаат корист од нив.Дур се мали ги дрогираат и демек еве детето ми е болно, она го надувала со лепак.Парите им ги зимаат за цигари за си купуваат.Кај Ла Делишес и Кашмир се иам изнагледано цигани шо дувале лепак онака на сред улица или мали копиљаци со цигарите у уста. Јадење никако да купат. А полицијава место ,,родителите” у затвор децата у дом, на улица ги оставаат
Ќе ги мислиш блиски ти се, ти кажуваат се, а тие ти премолчиле убава работа за нив, јер суеверни се, да не случајно им искобиш и расипеш И ви се наполна егото сега штом до крај ја истеравте работата па кажавте?
Бившата шефица ме адна на ФБ и ми пиша на месенџер. Ми беше шефица додека работев како хаускипинг.Беше кон мене секогаш добра.Знаеше да извади од џебот и ни даде по некое евре демек некој гост за нас ги оставил. Ми кажуваше како станала шефица и никако да не се предавам и да одам понатаму со моите цели.Ме подржуваше. Ама јас останав трудна истовремено го затворија хотелот и добивме откази и изгубивме контакт Ми пиша и ми се јави не е многу срамежливаКога и кажав што работам се израдува како за ќерка и.После долгометржан муабет од 30 минути си ветивме да се видиме Се надевам дека ќе се видиме Поздрав Фрау Ш** не застанувам овде полека грабам напред
Ме родила мајка што е педантерија жива. Секој ден чисто, да сме испрани, да мирисаме на убаво. Сабајле да се измијат заби, лице, да си ставиш крема за лице и подготвени сме. Овде не живеам сама, меѓутоа двајца цимери скроз го баталуваат станот. Имаме посебно катче за чевли ама сакаат да се редат во ходник, а ходникот ни е споен со кујната. Сношти цел ден го издвоив да исчистам, да измијам садови,да дезинфенцирам. Џабе. Доаѓа цимерот ме прашува зашто ми сметале чевлите во ходник? Му велам не ми смета ама кога имаме посебно катче, ако сите ставаме можеш и ти, башка ќе имаме гости не е убаво да се гледаат кондури. И замислете добив одговор: "Па што ако, што ако имаме гости, не треба да се чисти". Велам "Ти дома вака се однесуваш, нецивилизирано?" Тој ми вели:" Па не, дома имам шкафче таму ги ставам." Јас:" Епа ќе купиме шкафче ќе видиме дали ќе ги ставаш таму." Осет да се немало, да не се води грижа за сопственото здравје. Не знаете колкави се бубашвабите овде, лака им душа на тие што се на приземје. Одвратно.
Земи, копи пејстни цитат од Достоевски и не пишувај чиј е. Земи, копи пејстни цитат од Шекспир и пак не пишувај чиј е. Битно да се каже нешто во СДК. Бреј, многу паметни вака. Ќе помисли човек цела нација писатели и поети сме, а пола од овие шо ги постираат цитативе последна книга прочитана им е Зоки Поки.
Се надевам дека барем работата ќе успее да ми ги одвлече мислите. Зашто со мене е така: Ако ме оставиш да одморам, мислите го прават сосема спротивното. 200 на саат. Ајде, нека доаѓа побрзо денот, зашто и исчекувањето, колку и да е слатко, е секогаш тешко.
Два,три дена,колку и да можеш,на раат од телефонот и од сите социјални мрежи,значат многу.Без никакви драми и никаква заинтересираност за тоа кој што правел и каде ли бил,ти го одмараат мозокот, и ти причинуваат вистински одмор.Едноставно ги обожавам тие денови,кога се исклучувам од светот и се втурнувам во некој свој свет. Се мислам така и се потсеќам на тие ситуации кога правев се за да бидам perfect за блиската околина,за моите дома,за другарките и другарите,секогаш се трудев премногу,но сега сфаќам дека сум била повеќе од доволна,за мене и за сите други.Жал ми е што не сум го увидела овој факт порано,полесно ќе ми било. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку самоуверено,толку комфорно во своја кожа,толку секси и убаво,толку sassy и отворено.Се изненадувам себеси во разни прилики со сопственото однесување,горда сум што изминав толку тежок пат,но сепак мислам дека го најдов правиот пат,а тој е патот по кој чекорам сега! Ви посакувам убав ден
Се чувствувам повикана да се самоцитирам. Народна јапонска мудрост е. Да не боди очи некому. И Толстој не е мерило за памет некогаш, ниту Оливера Николова за глупавост. * * * Патем, која некултура е да се коментираат тетоважи на туѓо тело?
Почитта и Уважението НЕ се еднаш засекогаш дадени и загарантирани за цел живот. Тие треба со човечност, со став и понашање да се одржуват и повремено потхрануват, за да не бледеат.
А што ти значи тетоважава? Каква длабока мудрост означува? А нема ли да се каеш за некоја година? Оние што ги цитираат класиците, често не ги ни прочитале. Зоки Поки и супер поучно и генијално четиво за соодветната возраст. И мене ме нервира кога некои ја претставуваат како синоним за неначитаност Секако, тоа не значи дека човек треба да застане тука.
Воопшто не се однесуваше на твојот пост напишаното. Не ми ни падна на памет дека е јапонска мудрост, а доказ за тоа е и самиот мој лајк на твоето мислење. Мојот пост се однесуваше на ликови кои идат во темава без ниту едно нивно оригинално мислење, туку само пишуваат туѓи цитати и воедно не ни кажуваат чии се. Кај тебе бар такво нешто не сум забележала. Штета што непотребно си се нашла повикана. П.С. @prominent Потполно се согласувам дека Зоки Поки е квалитетна книга за најмалата група, но она на кое алудирав кога ја споменав беше времето. Оние кои ја прочитале таа книга последно.
Би било многу убаво да ми се врати способноста за внимание да можам да прочитам повеќе од 2 страници и да гледам нешто повеќе од 2 минути.
Се нервирам кога пишувам од телфон овде, а најчесто пишувам од телефон. И обавезно утињам по една буква во реченицата.Толку пазам и на крај пак ќе у**рам. Кога имам време препрочитувам да не сум згрешила негде, ако не после тоа седам и се пцујам. Долго време пишувам од телефон на кирилица и пак и пак утнувам. Ако пушувам мислењр без да пазам и са бришам на секое второ, речениците ќе изгледаа вака <-