Е што убаво си врне тука, без грмотевици, тивко. Само што си сварив кафенце мераклиско, баниците ми се спремни само да ги ставам во рерна за еден час. За тоа време може да се изгледа La casa del papel епизода 6.
Секојдневно слушам разни животни приказни,некои со среќен крај -некои со тажен. Од ден на ден мислам дека станувам камен човек.Имам невидлив ѕид околу мене.Гледам пред мене некој како си ја кажува маката плакаат,ги разбирам и слушам.Ама сето тоа ми е некако далечно или ме погодува моментално.Утеха давам колку можам,ама во спорадба со почетокот кога почнав да работам,се гледам колку сум сменета. И смрт не ме погодува,дали оти често гледам .... Некогаш седнувам да размислам за животот и како може да се смени во една секунда. Најмногу ме погодува кога видам млади луѓе со тешка болест или кога слушнам дека некој немал доволно пари да си купи храна. Да да и во "богатата Германија" има луѓе кои работат нископлатени работи и гладни луѓе.Кои заради глад им е нарушено здравјето и завршуваат во болница.Работат,а немаат да си купат доволно храна. Затоа секојдневно се молам Господ да дава здравје на мене и моите најблиски.Ако немаш здравје животот се руши како кула од карти.
Денес не гледам ударни кампањи, топ тема на главните вести, јавни дебати и дискусии. Денес овој ден ќе помине како и сите останати. А, реалноста е поинаква. Еден ден, дури и малку е. Секој ден треба да се зборува. За да не биде срам, да не биде осуда. Да се зборува толку многу, се додека зборот не стигне до оној на кого најмногу му треба помош. А, знаете што? Тие се најтивки. А, пред очи ни се. ТИ- што го читаш ова, не срами се да ги извадиш црнилата и сивилата од твојата душа и да разговараш со најблиските. ТИ- што го читаш ова, не срами се да побараш стручна помош. ТИ- што го читаш ова, не заборавај да ги прашаш најблиските како се, како им поминал денот, дали нешто ги загрижува. ТИ- што го читаш ова, не заборавај на твоето ментално здравје, затоа што неговата кревкост и силина се во твоите раце.
Шефот му рекол на колегата дека сум заборавила документи што требаше да ги земам. И пази сеа. Јас му се јавив на шефот,ги заборави документите м? и демек као он, без грижа, јас ќе дојдам и ќе ти ги донесам. Лицемере без крај. Џабе ви се титули, џабе. И шо демек ако ми се јавеше он, ќе му падне круната. Па уште и мајка ми: знаеш, што значи шеф да дојде да ти донесе нешто? Хахахахах Не е ништо поќе од Господ и велам. Ма идете све у 300 лепе. ПМС, 10 days to go. Ептен сум осетлива.
Дали вреди да се оди в сабота на А1 журката? Се прашувам дали вреди да одам од едниот крај на другиот од Скопјево? Некои луѓе не разбираат дека не сакам гужви и не сакам да одам некаде само за да се биде виден.
Такви што неразбираат има секогаш и секаде. Прави го тоа што те исполнува, па макар и дома да останеш. Се во име на твојата волја
Еден саат музичка терапија успеа така убаво да ме изрелаксира, да ме смири, да ми го убие стресот и да ми го подобри расположението. Како нова се чувствувам после цел ден учење.
Од романтизирање на минатото, најјак е муабетот "ние сме давале кравјо млеко па еве ништо не им е" јер давање АД на поголемко дете е препич. Ова дека персоната што објаснува за мајчинство во минатото ке дава пари.
Денес обичен ден. Некои работи кои требаше да ги направам денес, не ги направив. Како и да е живот иде даље П.С.- Ми изминаа 10GB интернетот од А1 што беше како подарок. Аман
Даваа на сите. На припејд корисниците интернетот трае само 7 дена а на постпејд трае цел месец. Баш сега прочитав. Инаку симни ја апликацијата направи си нов акаунт и кога ќе го направиш би требало да ти излезе веднаш и имаш дали сакаш да го активираш или не. Мене така ми направи само што направив акаунт и веднаш ми излезе за да го активирам интернетот.