Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Познато ви е чувството кога одреден настан го евоцирате одново и одново,
    но и покрај обидите сѐ ви е во магла?

    Не можам да верувам, после толку години, небројни чајни седенки, длабоки и мудри разговори,
    повремени дописки, некој кој мислите дека го знаете ви го приредува токму она што најмалку
    очекувате? Онака ноншалантно и незрело без ,,пардон" и желба за експликација.

    Знаев дека нешто не е во ред уште првиот ден, требаше да ѝ верувам на интуицијата.
    Тоа ненадејно исчезнување знаев дека мора да има причина, бар да знаев која е..

    Незрело и детски, но одговорноста ја барам кај себе. Во својата директност и искреност.
    Некои работи сепак можеби има причина зошто требаа да останат премолчени.

    Знам дека многу се сменивме и животот не однесе по различни патокази, ама тоа требаше
    да претставува предизвик за психолошко растење, не за крај. Го почитувам
    изборот како и да е, иако многу ме повреди. Падна и последниот трон. Налевам
    чаша ефтин гнев вечерва, нека се бројат.
     
    На WarriorAngel, sweet-cherry, Nausicaa и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Браво за мама и тато. Одгледаа деца со ниска самодоверба, апсолутно неспособни да остварат вистинска конекција со другите луѓе, срамежливи, повлечени, социјално анксиозни. Деца кои имаат проблем да ја изразат својата енергија и автентичност, не знаат како да се однесуваат со другите и постојано сметаат дека треба да станат вакви или онакви за да бидат прифатени. Постојано мислат дека не се доволно добри и дека целиот свет ги осудува. Не веруваат во себе, или подобро кажано, не си веруваат себеси. Се сомневаат во својата способност да направат основни работи во животот и мислат дека секој е подобар од нив. Се чувствуваат инфериорно. Се плашат, и тоа многу. Се срамат од себеси. Понекогаш и се мразат себеси.

    И додека си дете немаш поим што се случува. Знаеш дека некои деца ти се потсмеваат и дека мама честопати те кара и дека поради тоа имаш непријатно чувство околу градите - но тоа е сѐ, не знаеш ништо повеќе. И потоа доаѓаш на возраст кога сфаќаш што се случило. Сфаќаш во што бил проблемот цело ова време, јасно ти е дека не е твоја вина, и дека не си одвратно, безвредно и непотребно човечко суштество. Сега знаеш дека не си грешка и дека сѐ било во ред со тебе на почетокот, но и дека сега си длабоко скршена и се чини тешко и исцрпувачки таа штета да се поправи.

    Некогаш си велам со што по ѓаволите ги заслужив овие крајно токсични родители кои колку што се грижат за мене и ме сакаат, толку и ми го упропастуваат животот притоа. Ме боли тоа што никогаш не станав доволно добро дете на мама и тато, иако сите надвор од дома ми велат дека сум толку примерно дете што е тоа веќе загрижувачки. Надвор ми велат опушти се, дома ми велат прибери се. Фрустрирачки е кога ти се родителите слепи и не можеш да им помогнеш. Ја гледаш другарка ти, често излегува, менува партнери, пуши цигари, пие алкохол (не дека го осудувам ова) - а нејзините ја третираат како принцеза. А ти, тотална спротивност од неа, а татко ти ти зборува за лошо однесување и неморал. И како да не ти се плаче? И како е ова фер?
    Едно знам со сигурност, строг родител никогаш не може да биде пријател со детето.

    И после некој ќе ми рече многу си тивка, кажи нешто. А јас пак некому ќе речам многу зборуваш, прегласен си. А ние сите со свои уникатни приказни и детства, сите повредени на некој начин, обидувајќи се да ги замаскираме своите рани, да живееме нормален живот, да бидеме нормални луѓе...
     
    На cooll, x.Daisy.x, Lella и 52 други им се допаѓа ова.
  3. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишувала ова. :) ;(
     
    На Glossy-girl, ЕденЧлен, Tea678 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    И кајгана не е тоа што беше, барем тука на форумов има ред и почитување на правила, ова на што личи? :puke:
     

    Прикачени фајлови:

    На Tajnaotrovna, Ostaveniot, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.068
    Допаѓања:
    131.149
    Пол:
    Женски
    И овде има такви типови.На овој форум дури и повеќе се кршат некои правила отколку на Кајгана.
    Кајгана доби апгрејд кој не е докомплетиран.Самиот администратор рече да му пишеме за сè што боде очи.
    За тоа проблемот е што на машките не им пречи,па никој не се ни замара да пријави повеќе пати.
    Овде селективното бришење на мислења е поприсутно отколку таму.
    Секаде има и добри и лоши луѓе.
    Ајде,и да опаметиш еден не е тешко,но не можеш да опаметиш илјадници.Тоа е огромен проблем.
     
    На DevilGirl212 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Во право си, ама некако ми изгледа ко таму да има многу неписмени, напалени и сељачана насобрана на едно место
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.068
    Допаѓања:
    131.149
    Пол:
    Женски
    И тука има такви.
    Им нема помош.
    Само велам дека на сите форуми има лоши,ненормални или откачени.Не е фер да се посочи само едно место.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.171
    Пол:
    Машки
    Ти па како ја браниш кајгана ко мнозински акционер да си таму:drunk:
     
    На Amellie13, Oxymoron, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  9. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Точно, не дека овде нема, само јас немам сретнато :rofl:
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.068
    Допаѓања:
    131.149
    Пол:
    Женски
    Не е бранење кога кажувам дека на сите форуми има идиоти.
    Џони не си член таму,да си,би видел колку пати сум ги отерала во три онакви... ]:)]:)
    И поарно што уште не си сретнала,ко што не се замараат модераторите... :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На DevilGirl212 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Имам таква мотивација за вежбање , си го гледам телото и го замислувам за неколку месеци. Ќе почнам да вежбам и да трчам
     
    На Oxymoron, smooch, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.102
    Пол:
    Женски
    Тоа што свесно и зрело ја бараш твојата одговорност многу кажува за тебе во процесот на психолошко растење.
    Но, што со уделот во одговорноста од другата страна?
    Бегството од објективноста и неискреноста на личноста се показател дека некои не ја надминале детската фаза на развој и тука тешко може да се промени нешто, освен разединување, како во конкретната ситуација.

    После голтките гнев, налеј си чаша плус позитива и биди среќна што за поткрепа ја имаш интуицијата за следни ненадејни, ноншалантни исчезнувања...
    Ако другите дрско не изневеруваат со нивните постапки, таа никогаш не потфрла.
    Кога нештото е сомнително од почеток, најчесто е така.
    Ти си го искусила сомнежот...
     
    Последна измена: 11 септември 2019
    На WarriorAngel, VoodooGirl, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Така е, поента. Секој мудро пишан збор од твоја страна е вистина.

    Многу предадено се чувствувам во моментов. Ама животот оди понатаму, и во иднина ќе се градат поцврсти темели.

    Околу одговорноста...секогаш прво треба да ја бараме кај себе, независно од ситуацијата. Секој од нас треба да поседува капацитет за во моментот кога нешто се случува да ја увиди веродостојноста на критиките од другата страна. Сосем по друго е кога работите ќе се согледаат од повеќе агли, дури и навидум да изгледа како да нема потреба, и отсуствува сопствена одговорност при настаната ситуација. Токму во тоа лежи психолошкиот раст при процесот на карактерна самореализација, а тој процес трае до крајот на животот.

    Значи, гледаш на кој збор го ставам акцентот? На зборот одговорност, не вина, зошто вината нема врска со ова. Само - обвинувањата никому нешто добро не донеле, нај одговорно тврдам и потпишувам со две раце. Впрочем и самата тоа го знаеш...

    ,,Интуицијата" или внатрешниот глас никогаш не лаже, иако често пати е негативен, па одбиваме да чуеме припишувајќи на параноја или страв.

    Малку оф топик муабет, ама сепак поврзан со темата зрелост..прва индикација за незрелост која ја имам воочено кај луѓе во моментот кога се конфротирани, при одбрана, е што почнуваат да користат цели фрази и идиоми на англиски јазик, со изговор дека наводно подобро може да се изразат себе на таков начин. :)

    Не збор два, туку цели реченици, што одеднаш добивате впечаток како да сте на друго јазично подрачје. Врв на лицемерие и незрелост. И бегајте од такви луѓе...кои се ,,расправаат" на англиски јазик. Нека ви биде прв индикатор или аларм дека човекот е незрел и не штима.
     
    Последна измена: 11 септември 2019
    На WarriorAngel, snezan4e, prominent и 5 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.957
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе, ако пријавиш мислење не значи дека модератор треба да го види и да го избриши само зошто јас ете сум го пријавила и сметам дека треба да биди избришано. Колку шо знам пријавувањето не функционира така туку е таму за да модераторите можат полесно да го видат. Да видат кај има проблем и да видат кај треба да читаат зошто покрај се се луѓе и форумов не ги плаќа за да им е гајле да седат подолго од шо мораат. Модераторите треба да бидат и многу често се, пообјективни од нас, од нас кои влегуваме во секакви дискусии со жешка глава. Поентата ми е, кудење кај шо нема потреба е претерано. Нема смисла само некој да се напаѓа по секоја смисла, треба некогаш да видиме уствари и во нас да не има проблем и да не не сме тие личности кои ги имаме замислено во глава.

    И зошто го велам ова? Ви текнува за „вмроец на фб“? Епа татко ми е „есдесоец на фб“. Исто срање - различно паковање. Тој мисли дека овие другите збораат глупости, се брукаат, се што зборуваат не прави смисла, дека само се карале и провоцирале. Тој, исто така, прај се исто како противникот. Исто. Само страната која ја фаќа е различна. И сега ако го избришат и противникот, и татко ми ќе биди работата - „СЕЛЕКТИВНО БРИШЕЊЕ, НЕМА ПРАВДА, МОДЕРАТОРИТЕ НА ГРУПАТА СЕ ПРИСТРАСНИ“, не, не се. Заслуживте.

    Исто така, фала на модераторите во темата за Симс. Тука знам дека е Кечо, фала Кечо. И модератори во Храна и Пијалоци. Чинам Даст е таму. Фала шо ми ги трпите само- пријавите кога спамам со слики. Замислете, не ми бришат мислење кога ќе се пријавам сама.
     
    На Herrera, Someonespecial, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. popeto

    popeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    1.530
    Пол:
    Машки
    Животот знае да биде тежок, болен, полн со препреки и понекогаш не прави да биде уморни од се.
    Никогаш не е совршен ниту конзинстентен а најмалку лесен.
    Но и покрај сето тоа, животот е убав.
     
    На Ostaveniot, Next, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам совршено исполнително бидејќи баниците ми ги бендисаа сите. Не остана ни едно за помалиот цимер. :inlove:
    Дополнително, ме воодушеви и подарокот од гостите. Јас се си ценам, за вас не знам. :D
     
    На Billy Idol, Ava.84, Love 83 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    - Еј здраво женска, како си? Нека е жив и здрав бебушот (јас прашувам познаничка која се породи скоро, се сретнавме у парк).
    - Фала Бека, супер, ама знаеш, тешко е, маж ми на работа по цел ден, јас сама, преморена сум.
    - Епа плати жена за чистење.
    - Ама скапо е.
    - Океј.

    Се породи во приватна болница. Наместо да дадела пари за три ноќи мазење, можела да си најде жена да и чисти и пегла а она да му се посвети на бебушот. 2000 еури таман 10 месеци помош околу домашни обврски. Ама приоритети.
     
    На Next, lovestoneddd, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Бекица, обично се согласувам со тебе, ама за оваа работа ќе мора да се ,,замешам" бидејќи не размислуваш правилно.

    Породувањето во нашата напатена земја е луксуз од причина што болничките услови на државно ниво со кои располагаме се благо речено катастрофални. Неретко слушаме за жени кои при пород добиваат непотребни компликации, а истите се случуваат исклучиво поради лекарска негрижа. Така доаѓа до кобни последици по родилката или бебето, неретко и двајцата. Нормално и здраворазумски е инвестирањето во приватна клиника покрај вакви сознанија. Сосем природно е секоја жена која одлучила да роди да сака породот да ѝ биде мед и млеко, а не кошмар.

    Сигурно читаш во темата ,,се породив" колку жени има со непријатни искуства во клиниката Чаир или на државна. Што е најтрагично некои од нив кои се породиле таму и ден денес имаат здраствени компликации. На приватно нема способен докторски кадар, но дефинитивно ќе обрнат повеќе внимание со цел да се минимализираат можните непотребни последици, бидејќи жените се постојано под надзор.

    Жена за чистење месечно да ти доаѓа секој втор ден треба да платиш минимум 12 000 денари, мада и тоа е малку и потценувачки за трудот кој ќе го вложи. Кој има двеста евра од ракав да ги извади слободно нека ги даде, за повеќето од нас се премногу.

    А жени за едно чистење вообичаено по 100 евра бараат, знам зошто сум се распрашувала за кај мене дома, и не е било која жена да се ангажира, треба да се одбере некоја во која имаш доверба, или со други зборови некоја која нема половина домашен инвентар да ти го измерка и украде после една недела од чистењето без трага и глас.
     
    Последна измена: 11 септември 2019
    На Milobebence, Amellie13, RosettaStone и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.534
    Допаѓања:
    43.746
    Ако можела жената коа не била породена, да работи и да чисти по дома, сигурно може и мајмунот од маж да работи и да чисти по дома сеа коа жената не знае кај и е газот, а кај главата.

    Е сеа, ако жената си трпи и ќути, ондак нека не се жали по други.

    И не глеам поврзаност ако собирала или дигнала кредит за да се породи колку толку на арно, со тоа шо сеа нема пари за чистачка. Али ок, знаеме дека тоа е типична МаЌедоска особина, да плукаме се шо не сме го искусиле, па коа ќе дојде на наш грб, пу, пу, не важи, ни сам знајала.
     
    На Herrera, RosettaStone, LunaGrey и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor Oдор јасно ми е за што збориш. Сум била по државните ни болници, почесто од што би сакала. Да, точно е дека условите се катастрофални, ама ако фрлиш некое евро и таму е солидно.
    Кога јас би имала само 2000 евра на располагање, попрво ке дадам 200-300-500 евра за мито на државно а со останатите ке платам жена да ми средува дома за да ја имам време и за бебето и за одмор.

    Мене, лично, многу побитно ми е како ке се снајдам дома, колку време ке имам за да се посветам на бебето а колку за одмор. Побитно ми е да има кој да ми исчисти и испегла а јас да лежам, отколку да ме нишкаат неколку дена. И тие денови во болница ке поминат а после дома да не знам главата кај ми е? Јок, не е тоа за мене.

    Конкретно женава нема свекрва а мајка и работи, маж и исто, значи до 5 е сама. Истава жена купи количка од 200 евра, тие од 400 биле скапи. Мене не ми се јасни нејзините избори, тоа е се.

    Убаво е да имаш пари за се, ама јас размислувам поинаку, полесно би ми било да стиснам заби една недела а наредни неколку месеци да имам помош.

    Последно разбрав дека во една од приватниве ке изгубеле трудница, ради лекарска грешка. Исто, на една и загноила раната од царски додека била во болница.
    Ако не се пишува за тоа, не значи дека во приватните ти е загарантиран прекрасен пораѓај.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.