Бека за мито на државно како да ти кажам? .. се лежи затвор. Доволно е еден вработен од тамошниот персонал да ,,осети" што се случува и да направи беља. А и кому да фрлиш мито ако немаш познат доктор?! Зарем не е поентата да се сузбие корупцијата во државата, нели најгнила рана ни е корумпираното здраство, а ти токму тоа се чини дека го подржуваш... Не знам дали е жената вработена, не би сакала да нагодувам, но доколку е, имај во план дека тие споменати 2000 евра кои ги инвестирала во приватна клиника, не треба да ги даде само за хигиеничарка туку и на дадилка, зошто утре кога ќе тргне на работа не може свекрва да чува деца. Сето тоа едноставно кошта. Никако не реков дека е загарантирано безбедно и прекрасно породување, само реков дека статистички гледано поголем е ризикот породување на државно. Сакаш причини? Еве неколку базични.. 1. Не се грижат за родилките се дур не им пукне водењак, некогаш ни тогаш 2. Санитарните услови се катастрофални 3. Хигиената е под ниво 4. Немаат морална поддршка жените која буквално им е нај потребна во тој период Доволни се овие четири причини, за да ниту една жена никогаш не посака да ризикува да се породи во државна клиника, и притоа да штеди и инвестира во нешто навистина квалитетно и значајно - безбедноста и хигиената на неа и нејзиното дете. Загноената рана и ,,можноста да изгубат трудница" на приватно, очигледно биле санирани во најкус можен рок зошто како што веќе образложив жените се под постојан и квалитетен надзор. Не викаат од болки пет часа и притоа да нема никој до нив да им помогне или да им дојде со строг тон сестра да им рече ,,ај ма не се дери, не ти е прв пат", или ,,не се пораѓаш само ти, небитна си". Здравјето е битно и вреди да се инвестира во него. Тоа е секогаш приоритет, а останатата распределба на трошоци е веќе одговорност на сопственикот.
Можеби сме премногу егоцентрични, еве не знам... Досега вината ја барав во други, но искрено доза на себичност ќе имаме секогаш. Егоцентричноста е друго. Може и затоа многу луѓе нѝ завршуваат во минатото...
@Nigredo Odor со последната реченица целосно се согласувам. Мене приоритет ми е да сум наспиена и одморена за бебето, затоа и реков - приоритети. Е сега, не е се така црно. Низ темите сум читала и трудници кои задоволни излегле од државно, нагласено без врски и мито. Не дека секое дете родено на гак имало бактерија или секоја трудница по дифолт е истрауматизирана. Апропо митото само ке кажам дека немам во план да на свој грб го поправам системот. Себична сум и немам намера да 'исправам криви дрини' кога имам потреба од медицинска помош а имам врски и можам да поминам полесно.
Бекче, океј. Но, не ги критикувај другите кои немаат врски на државно или поинаку ги распределуваат слабите финансии, зошто секој најдобро знае за сопствениот џеб. Дали дала за пород или количка наместо за хигиеничарка и дадилка е нејзино. Сигурно и текнало и на ова, ама решила да се скрати и да трпи за поголемо добро, доброто на детето.
Пред неполни 2 недели почина татко ми, после тешка борба со рак. Јас се уште не можам да прифатам дека веќе го нема, дека веќе никогаш нема да го видам, да го гушнам... Водејќи ја борбата со злото кое тлееше во него и ми го одзеде умирав и јас полека, секој ден. Иако знаев што следува и кој ќе е исходот пробував да се спремам за она што доаѓа, иако до последен момент правев се мислејќи дека ќе купам уште еден миг, уште еден ден со него. Ме боли помислата што се измачи толку, пред очи ми се сликите, каков стана, мојот херој, личноста што ме наочи како да чекорам, што ми беше водилка во животот. Каков стана и како низ тие тешкотии што ги имаше се грижеше повеќе за нас отколку за себе. Не бодреше нас, не тешеше тој нас дека се ќе е во ред иако знаеше што следува. Не можам да си простам на моменти што можеби можев да направам нешто повеќе да се потрудам да го спасам иако од друга страна јасно ми е се. Лута сум и гневна на болеста, лута сум што човек каков што беше тој го уништи до толкавав степен што само коските останаа на него. Лута сум на себе, што го пуштив, можеби требаше да останам уште некој миг до него. Дента пред да почине лежев до него, се држевме за рака, не се пуштавме иако тој веќе беше спремен да замине. Барем уште малце да му ја подржев раката, уште еден миг да го почувствувам допирот и љубовта. Лута сум што проклеттвото ми го одзеде татко ми пред мојот 21 роденден, да издржеше барем уште малку.. Знам дека смртта не е прекин за вечната љубов ама сега во овие моменти сум тотално изгубена. Не можам да поверувам до кој степен пропаднав, до кој степен стигнав. Знам дека никогаш во животов нема да го преболам ова, никогаш. Примам терапија, посетувам стручно лице, но се чувствувам току осамено, толку уништено. Пробувам да сум силна, да не покажам слабост пред мајка ми и брат ми, но веќе почнаа да приметуваат дека немам подобрување. Немам другарки, личности со кои би разговарала за ова, кои би ме разбрале. Не знам како да се справам и како да продолжам напред во животот. Со татко ми ми заминаа сите желби, амбиции, детството, заминав јас иако се уште дишам.
Не сум значи хакер. Знам да работам на компјутер и да се снаоѓам со доста работи ама за некои работи едноставно потребно е поголемо знаење, не јадам криптонит дома за ручек и немам супермоќи. Аман, работете си ја работата и кога ќе ве прашаат нешто за што сте задолжени да објасните објаснете а не да се „шуњате“ од шалтер на шалтер со шолја кафе во рака и да разговарате за тоа кој подобро средувал нокти. Да јадев криптонит ќе ве поштедев и ќе ги завршев сите работи сам. Ама жалам, не јадам. @Dark-Lady Прими мое сочувство. Нека му е лесна земја.
Сакам да кажам дека јас, Демон, сум осамена. Ве молам дојдете на Фемина Чат да разговараме на разни теми и да ја пополниме празнината. Шо ако светот заврши во 2012 и сега сите сме заробени во својот пекол?
По сењачки муабет немам слушнато во мојов живот од машко (''Мангупиште''). Влагам во Гала Кујна,девојката седната на столче се држи за глава,кога гледам бремена (скоро пред пораѓај што се вика),и се извинувам што ја станувам,зимам за јадење седнувам на една од масите,која беше близу до шанкот (случајно седнав така).Доаѓа колега нејзин,што работи на бензинската пумпа,и вика што ти е бе,и девојката вика неможам веќе да издржам,ке полудам начисто,овој мангупцоТ и вика уште колку останаа,девојкава вика уште 2 месеца како ли ке ги издржам,мангупов вика епа убаво ти беше,а убаво ти беше кога го правеше,ако ти е сеа трпи,па да видиме следен пат дали ке ти е убаво.Ми идеше да станам да му залепам 5-6 шамари убави до мочање,па да видам дали следен пат на бремена девојка,жена,така ке и се понаша СЕЉАЧИШТЕ СКАПАНО.
Не ми се излегува веќе по Центар од сељачишта кои се однесуваат како да не виделе девојка . Претеризам , свиркање и дофрлување , дури ме следат и си зборуваат. Кога ќе се зголеми малку културата и почитта кон девојките , не само во Скопје туку насекаде. Ужас
@staycalm Читам на твитер ТЕРФ-ови прозива Да не те научевме на форумот што е ТЕРФ, никогаш немаше да знаеш
Под Секој има право да прави што сака со своето тело не се подразбира дека е дозволено и изневерување.
Не критикувам Одор, реков секој си има различни приоритети. Јас моите ги кажав. Ама да сме на чисто, ако си со слаби примања, сигурно нема да се одлучиш баш за пораѓај да ги дадеш броените пари. А пораѓај во приватна болница е само и само за мајката.
Леле катастрофааа!! Каков народ гнасен сме значи... Не сме свесни колкаво е значењето на питката вода во светот. За некоја година ќе нема ни доволно вода за сите на планетава.. А ние, се понашаме, ко вечно да ќе ни трае се'. Се нервирам!
го гледам ова ѓубре насекаде не само во реката и мака ми е кога ке видам неспособни што 20 метри им е далеку кантата да фрлат како ништо да не е несовесни се тие за мене и многу себични...можат и да го задржат до следното место со канта ама неее фрли бајо кај ке стигнеш...ми се иде да го земам тоа и да им го напикам у фаца