СДК Дека никогаш нема да го заборавам тоа чувство што ме облеа пред неколку денови Лежиш на болнички кревет,со инфузија во рака.Сестрата на секои 2 минути доаѓа да те провери. Гледа промени нема...Шиба уште инекции во ифузијата...Ја слушаш докторката пред врата вика-Не знам веќе што да превземам...Од толку лекарства може да доживее шок 5 жени кои патат од истата мака те тешат и ти велат ќе помине за 1 недела... Поставуваат 1000 прашања а тебе ти се мати таванот Од каде си? Како се викаш? Работиш? А имаш деца??? Не сигурно немаш премногу си млада...Господ здравје да ти даде многу си млада. Ужас! Капак на се лежиш на волнено ќебе од АРМ и ти ствара додатна нервоза и жештина. Но ете Фала му на Господ помина.
Не ми се верува дека темите за One Direction, Justin Bieber се едни од активните, а таа за Тупак има само 2 страни Светот оди во погрешна насокаа Туку врне, грми и дува, моето омилено
Меланхоличен ден. Дали утре ќе биде подобро? Уште една препрека на патот кон подобро здравје? Тука си, знам и фала ти
Немам што да кажам, освен дека вкусив едно од најдоброто овошје кое ќе биде актуелно во овој период, ова оддамна се чекаше.
Me нема долго време на форумов. Добре Ве најдов Штета што се вклучив само да напишам 3-4 реда за да си ги смирам нервиве и да ми помини болката во душата. Тешко ми е, премногу тешко. Врне, силно врне, а нели после дождот доаѓа Сонце ? Кога ќе дојде сонцето кај мене ? Кога ? Зар толку немам среќа ? Што згрешив? Каде згрешив ? Ќе помине ли? Сигурно, но како, кога ? Ова досега не ми се случило во животот. Толку да сум среќна и да сум уверена дека се ќе испадне на добро, а се толку отиде во неповрат. Денеска искинав нерви колку за цел живот. Тажна сум... Сакам сонце деновиве да ме осветли.
Си го сакам дождов. Ете се премислив, несакам да бидам како наврната од пот ако треба да излезам кога е најжешко, подобро ми е од дожд. Не дека не го сакам летово ама едноставно не го сакам сега. Сакам да одам на плажа и да станам уште потемна од сонцево, па сакам да врне таква сум, комплицирана, ништо неможе да ми се погоди па ви пишувам глупости и замарам. Знам дека утре ќе се премислам ако не и до вечер и ќе ставам слика од некоја плажа ама сега сакам тука. Сама, со добра книга.
После илјада годишна влажна темна зима,неколку дена сонце,и одма попаѓавме како муви,те висок/низок притисок,кре,кре,... го урочивме летото.Еве сега можам на мира да уживам во оптимално влажнава клима и умерени температури,која ми годи на мене и на мојава со колаген сиромашна кожа. Цел ден преседов до телефон,сабајлево успеав да се чујам со ќерка ми ,на која ветерот на Босфор и ја мрси косата.Рече после пак ќе се јавам,а еве ја нема. Ми недостига ,празна сум.
Пред повеќе од петнаесет години, кога за првпат дојдов во куќата на маж ми (а тогаш дечко ми) се запрепастив кога во дворното место позади затекнав огромна бавча со домати и пиперки. Убава куќа, градска населба, а ваму бавча. Со тој памет тогаш, почнав да негодувам -па зарем пријателките кога ќе ми доаѓаат сред бавча да ги седнувам да пиеме кафе и слично. Луѓево арни, веднаш кога дојдов за снаа, ја прекопаа бавчата и засадија трева. Петнаесет години подоцна со овој памет, ја прекопавме тревата и сега имаме бавча. Не е многу голема, но имаме засадено и домати и пиперки, моркови, брокули, цвекло. Во големи пластични кофи имаме компири. Ги насадив сите можни зачински билки. Нема ништо поубаво од тоа да гледаш како нешто пред твои очи секојдневно расте и се развива. Секое утро кафенцето си го пијам со поглед на нашата бавча и тоа толку ме релаксира и исполнува со енергија. Не знам како луѓево се потресуваат по некои техники за психо-физичка релаксација, како она гледање во сонце, кога тоа воопшто не во согласност со нашето поднебје или традиција. Луѓе, македонскиот народ низ вековите енергијата ја црпел од грутката земја, враќањето кон земјата е она што може да не спаси. Ако имате можност и услови, засадете нешто. Родот не е приоритет, задоволството и чувството дека создаваш нешто корисно за себе и за семејството е најважно.
Абе кога јас ќе се ставам на режим,ќе почнам да вежбам и да се хранам здраво се ќе се побрка Ама озбилно,се случуваат работи шо порано немало шанса да бидат.Одам кај мајка ми на работа,имаме нешто работа и ми вика а да ти купам бурек?И јас ваква После брат ми се враќа дома со оние мини кроасаните на 7 days и ми подава и јас со камен на срце викам не.Сеа пред пола саат мајка ми вика да изпржам компири? Не памтам кога се понудила последен пат....ама Стефани не се дава
СДК Едвај чекам да заминам на одмор и да се спасам од времево никакво ај ќе издржам уште малку Мароко
Аман до кога ќе ми докажувате дека другите се подобри од мене во секоја можна работа... -.- Нема да се сменам овој пат за инат,јас не сум ДРУГИТЕ! :3
Koлку знаат да ти го направат денот и во исто време да те погодат вакви слики... Faith in humanity - restored!
Почнав да ги одбројувам деновите за заминување на камп. Леле каков идиот сум. Се си ставам на срце, за сите се грижам и ги мислам, а за себе воопшто. Епа ќе одам па што сака нека биде, и јас сум човек. Сакам малку да се одморам, да подишам свеж воздух, неколку дена без грижи и проблеми. Навистина редно беше. Ајде уште 14 дена, неможам да дочекам. Се што сакам е да се одморам и да се забавувам со друштвото.
Моето моментално пишување е после орбитрек,две серии стомачни и додека земам здив ајде да читнам што има како има. Најпрво би сакала да се пофалам дека денес ја земам третата десетка овој семестар, по анатомија. Распукав на испит Премногу сум среќна и задоволна од самата себе. Сите се израдуваа освен мојата сестра,која не ни праша дали воопшто положив,додека мојот дечко изреагира вака ,, Епа срц не си веќе интересна со 10ките немораш да кажуваш што ти пишале,веќе знаеме.,, Најмногу сум му благодарна нему за огромната подршка која ја добивам.Тек сум прва година ако биде така до шеста без мака ќе го завршам факултетот. Значи подршката и мотивацијата ее едни од најпотребните работи на секој човек,за било која работа. Ова веќе ми е петти ден од кога почнав да вежбам.Многу подобро се чувствувам а и време е малку да го затегнеме телото, баш како што напомена една феминка во некој пост иде лето и веднаш сите почнуваат да вежбат.Баш така девојко. Ајде феминки јас да си продолжам со вежбањето. Имајте убава вечер! Ве гушка Вестлајф
Се се менува во животот и многу сум среќна поради тоа. Порано обожавав кога сум сама, не слушав многу музика, бев повлечена и не зборував толку.А сега како некоја дрдорка сум, не давам некој друг да дојде до збор. Воопшто не сум повлечена, зборувам, не се срамам од ништо.Денот сега не може да ми помине без музика, се чувствувам празно без музиката. Многу ми е досадно кога сум сама, неможам да издржам без некој да не ми зборува, сакам да излегувам со луѓе, сакам авантури. Колку само бил убав животот вака бе.