Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Јас го разбирам форумов како пица во која има разноразни печурки, лути пиперки, кашкавали, кечапи, мајонези и така натаму. Како што има пица со благи и лути пиперки на пример така има и на форумов добри и лоши членови, сочни, и така натаму.

    Патем, ова го пишувам зошто ми се пријаде пица. Отидов да си нарачам.
     
    На LittleChili, WildMk, Brinetka и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.283
    Пол:
    Женски
    Денес одбив да направам некому мала услуга, и ми доаѓаше да си ја треснам главата од ѕид, јер грижа на совест ме изеде, ама после ми текна колку пати мене ме одбиле за услуга, и ми дојде полесно некако :D
     
    На LittleChili, Dadusicka, sweet-cherry и 30 други им се допаѓа ова.
  3. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Пазете на кого верувате и ѓаволот некогаш бил ангел...:angel:
     
    На Rama, Brinetka, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Имам гости деновиве.
    И со никого се немам зближено колку со луѓево, па и муабетот ми оди за се и сешто. И така поминуваат саати.
    Денес готвевме за нив, спремен појадок па ручек и задоволни беа.
    На крајот си пуштија музика и си уживаа гушнати, јас се повлеков во соба.
    Мислам поубав ден дали имав во животов не паметам.
    Мојата мајка и мојот татко многу ми недостасуваат. Многу сакам да ги видам, гушнам и да ги прошетам овде.
    Но, ќе биде се. Ќе биде.
    Мисла што секоја вечер си ја кажувам пред спиење.
     
    На LittleChili, Rama, Herrera и 16 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе стварно немаат ни осет, ни жал, ни свест :x :x :x

    Млад човек умре пред месец дена, комшиите карши нив пред две недели со зурли и тапани правеа веселба дома, пред да прават вечерта свадба во кафана.

    А вечерва трешти музика од комшиите до нив, саботна вечерна забава во двор.

    Како ли им е на семејството? Не помислуваат ама ич на нив. Жално, стварно не им е дојдено да слушаат да ечи музика. Душата од тага и жал им се распарчува. А некој ко за инат им пушта музика. :@ :x
     
    На mareane, Rama, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Дали имало музика или немало у позадина - тагата пак ќе е иста за луѓето. И не верувам дека е за инает пошто како што рече, имало повод. Тоа е.
     
    На Feminka22, dayla, WildMk и 23 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    43.759
    Па не умреле комшиите, аман.

    Луѓе свадба праеле, не откажале коа во фамилија им починал некој, не па комшијата. Животот иде даље.

    Значи ептен малограѓански муабети, од толку млади луѓе. Страшно.
     
    На Feminka22, dayla, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Никој не рече да ја откажат свадбата, нека си се веселат колку сакаат во ресторан, никој не им брани. Ама вака дома, пред нос на другиот, стварно невкусно.

    А другиве комшии што повод имаат вечерва? Ништо! Наместо да одат во диско и да лудуваат таму, решиле диското да си го донесат во двор. И да нема таков случај во комшии, стварно толку гласна музика да ечи цело маало, во ниедно време, стварно не е во ред.

    Да де малограѓански муабети |( Не гледам ништо малограѓанско да сочувствуваш со другиот, на кој не му е дојдено да слуша како ечи музика, затоа што закопал нешто најблиско.
    И не станува збор за некој стар, кој си го проживеал животот, па му дошло време за умирачка. Не дека тогаш семејството не тагува. Ама не е иста болката.
     
    На mareane, Rama, Matotheja и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Сдк 1:Сфатив дека сум пресамобендисана, преамбициозна и ѓубре.
    Со блиските сум секогаш добра, ама и тие да ми згрешат сум ѓубре со нив.Баш интересно, порано самодовербата ми беше на дно спуштена, не верував во себе, немав став.
    После неколку години, друга јас.
    Ама во државава само така.Со долги раце секаде, амбоциозно, без страв и најважно -> ВЕРБА ВО НИКОЈ.
    Секогаш ослонувајте се само на себе.
     
    На Rama и Independent Girl им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.075
    Допаѓања:
    131.219
    Пол:
    Женски
    Па и да нема некој во жалост пуштањето и/или свирењето на прегласна музика не е во ред и не е ни дозволено.
    И да,треба и осет да се има!
     
    На Rama, sjdgo, FallenAngell и 2 други им се допаѓа ова.
  11. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.938
    Пол:
    Женски
    Жално е нека почива во мир...Но мислам дека таа музика не менува ништо.Секако е жално но тоа е реалноста животот не застанува со нас.
     
    На WildMk, Dadusicka, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Леле како осудувате, пак уште и вреѓате. :)
    Пишала, скролнете, одма заклучивте со еден пост дека во @cresa-jagoda постои малограѓанштина.
    Ве молам, опростете ми некознервативни и либерални млади.
    Пак уште и очи превртувате.
    Не знам како може да уживате кога ќе цитирате некого и ќе се спротиставите за ситница.
    Да не може човек што сака да си каже на душа, одма со осудите почнувате.
     
    На mareane, Rama, flower30 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.964
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам штом сите си кажавте. Кога некој жали, ќе жали долго или кратко. Реално, безразлика колку млад човек заминал, животот останува на живите. И ете ако се родители нема да излезат од жал и ќе врват низ нешто шо се вика болна жалост и то е разбирливо иако е добро да им се помогни со таа болна жалост зошто животот е за живите.

    Свадбите кај нас се такви шо од дома се свири од кај зетот, до кај невестата, па во матично, па во парк, па дури после то во ресторан. То не би бил мој избор на свадба, но е избор на свадба за најголем % од луѓето во државата. Скоро се поврзано со свадба не се закажва дур и многу порано?
    Следно, ете да имаат некакво сочуство, и својот голем ден го прават поинаков ради комшиите. И комшиите еден ден можи нема да жалат можи никогаш да не дожалат, ама до крај на живот на младите свадбата нема по ќеф да им е. И дали ние во свој двор не смејме да сме радосни? Така да за ова со свадбата нема смисла.

    За децата, невкусно е гласна музика во ниедно време. Не оти има починат во некоја куќа, на живите сметаат.
     
    На Rama, Harper, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  14. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам имаме комшии седат цела вечер се смеат урлаат викаат пуштаат музика.. и тоа не се деца туку возрасни од 30 и кусур години...пред некоја вечер и на гитара си свиреа кучево наше ке цркнеше од лаење па ништо така живееме зашто Жал ни е за човекот не е добар малку со паметот откако татко му го убиле.. да го пријавиш само беља ке си направиш а и негов двор негово право што се нема осет се нема ама ова е Македонија...ке се смени може нешто за 100 год...
    и бај д веј не напаѓам никого давам пример што луѓето се одма до нас..
     
    Последна измена: 15 септември 2019
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Овде не смеете да бидете гласни.
    Има места каде што има поставено табла каде што пишува "Silence, please" или "Be quiet"
    Инаку во спротивно викаат полиција.

    Се се затвора во 7часот,кафичите работат до 22 часот, а само Пачевил и дискотеките во Рабат работат до сабајле.

    Бидејќи работев кетеринг, организираат настани во паркови, такви настани траат до 12 часот.
    Единствен настан на кој ми беше преубаво беше настанот на Андреа Бочели преубава организација и преубав однос со нас вработените.

    Секој во свој ќош гледа овде ама сите се држат до правилата.
     
    На Rama, Billy Idol, flower30 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    По уште една непроспиена ноќ, зачекорувам во нов ден, заедно рака под рака со џелатот на мојот живот...Уште една нова лажна надеж ме носи до мостот на ноќта. Исчекувањата се огромни како и секој нов ден. Додека го смирувам крикот на моето уплашено срце, мојата душа вреска од нечујна болка. Молкот е посилен од мојот говор, кој и така нема што да каже што веќе не е кажано, а го имаат слушнато само оние кои сакале да слушнат. И така молчешкум си чекорам со моите двајца пријатели, едниот е уплашен до смрт, а другиот е храбар како најголем херој кој ќе ме одведе до мостот на новата и надежна ноќ.
     
    На Rama и FallenAngell им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.075
    Допаѓања:
    131.219
    Пол:
    Женски
    Сепак треба да се има осет.
    Кога умреа мои комшии никој не вревеше и не пушташе гласна музика неколку дена.
    Полицајци предупредија едни спроти мојата улица дека не смеат да вреват и да пуштаат музика над дозволеното,па макар и свадба да има.
    И ништо нема да ве чини да не пуштате гласна музика барем 2-3 дена иако треба и повеќе ако некој ваш комшија тагува по свој близок.Ако вие не покажете разбирање кон него/неа,нема ни тој/таа да покаже кон вас.
     
    На Rama, sjdgo и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Недела, 06 и 30ч, ѕвони некој на ѕвончето. Ѕвони еднаш, двапати, трипати, упорно ѕвони. Прво што ми падна на памет дека на дедото кој што живее под нас му се слошило или нешто му биднало. И срипав јас од креветот прва, отварам вратата да видам што е работата, цела исплашена, потресена, разбушавена, кога гледам зетот на дедото, бара да го поместиме нашиот автомобил за тој да можел да си го паркира неговиот (facepalm). Ај што не живее човекот таму, ама можеше бе на улица да го оставиш автомобилот, па во попристојно време да ѕвониш. Вака сега сите сме по дома на лева нога станати, расеани, изгубени и ненаспани. Значи стварно е важно какви комшии имаш. Нека е со помин денов (highfive).
     
    На Feminka22, Rama, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    43.759
    Не, следен пут да си се договорат луѓето шо планираат да умрат, со вие свадба шо планираат или друго славје, да не се потрефат у ист месец, апа не у иста недела или немој у ист ден.

    Да не треба после свадбата да се откажува поради комшијата, иако е планирана година унапред, и иако на славениците никој не им умрел. Па и да им умрел, животот иде даље.
    Иначе, комшиите знаат дека ќе има свадба и слободно ако им смета туѓата радост, или па гласна музика, можат да прошетаат негде на 5 саати.

    И да, малограѓански муабет е. Ако членката убодела неколку мислења, не значи дека за секое треба да ја тапшаме по рамо.И да, иам право мислење да си кажам , исто као шо она си кажа за комшиите.

    Ајт.
     
    На Feminka22, 1209, mileystar и 16 други им се допаѓа ова.
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.478
    Пол:
    Женски
    Јас да сум од страната на оние кои изгубиле близок и да дознаам дека заради нашата загуба комшиите си ја ускратуваат веселбата која се дешава еднаш во живот, би ми било ептен неубо.

    Ако не ми се слуша гласна музика и ако сум уште во жалост, ќе тркнам некаде на прошетка или на гости дури трае веселбата.

    Луѓето свадбите ги планираат времиња унапред па не ги откажуваат и ако умри некој од нивна фамилија. Не па да гледаат дали комшиите се во жалост или дали им е дојдено до гласна музика.

    И аманте веќе со тие поплаките за гласна музика и врева, малтене звучите како пензионери и како луѓе што седат изолирани во стаклено звоно. Не мислам на секојдневни седенки и фешти до утринските часови, туку дешавки по некој убав повод, како пример свадба, роденден и слично. Ќе стиснам заби и нема да мрчам затоа што и кај мене некогаш ќе трешти музика.
    Дојдете, живејте на запад, баш како за вас што се' ви пречи е. После 8 навечер е мртво, вришти од депресија.
    Не знам за вас, ама мене гласна музика заради свадба, или некој таков сличен повод, ми причинува ептен среќа.

    И така..
     
    На Herrera, SummerGirl, Feminka22 и 19 други им се допаѓа ова.