Да споделам мислење како личност која неодамна имаше загуба, а комшиите баш во многу скоро време после тоа правеа свадба. Не, не се почувствував навредено од нивната прослава, ниту пак си помислив „Еј кај им е паметот на овие што прават прослава додека мене ми е тешко и неубаво.“. Секој има право да биде среќен и да слави во кој миг и да посака. Кратко е времето во кое успеваме да ја задржиме насмевката на лице, па уште кај би ни бил крајот ако толку се ограничуваме поради х причини. Всушност во тие мигови убаво е да се види дека среќа сѐ уште постои и барем кај мене делуваше така што ми беше нешто како wake up call дека јас сум сѐ уште жива и треба да си ја вратам радоста назад. За мене музиката отсекогаш претставува живот, така што ако нешто може да ме врати назад од депресивни мисли тогаш тоа е дефинитивно музиката.
Браво Димн. Браво Многу пати луѓето се збунуваат кога им речам дека не сакам еднаквост. Каква еднаквост бе? Во што? И жените еднакво да ги силуваат мажите? И жените еднакво да војуваат? И жените еднакво да експлоатираат други жени/мажи? Затоа што кога бираш еднаквост, како избираш да бидеп еднаков само во доброто? Не е поентата во едкавоста. Поентата е во рушење на предрасудите, на стереотипите, и на опресијата. Оти со еднакво право да носат штикли и миничи и двата пола ништо не направивме, пак ќе се знае која е жената и дека местото и е во кујна.
Луѓето ќе си жалат безразлика дали имало музика во близина или не. Што ако живеат близу кафич, дискотека, ресторан ако има постојано музика, ќе им кажат откажете се ние жалиме? Ќе кажам еден пример, стрина на маж ми почина и баш на погребот во близина на гробиштата каде што има куќи некој правеше веселба. Музика се слушаше буквално како да е на гробиштата. Ама што се криви луѓето што ете така се паднало или треба зошто живеат близу гробишта да не прават веселби и музика да пуштаат, случајно погреб да не има...
Неделна генералка завршена. Обожавам кога куќата мириса на чистота и свежина. Сега можам слободно да одморам со овошје, испружена на двосед. СДК 2: Пред некој ден случајно кај другарка забележав дека ги има избришано сликите со дечко и со кој доста време беше заедно. Пред неколку години доста се дружевме но откако ја започна врската се повлече од нашето друштво, не и бевме интересни повеќе. Сега не се дружиме многу само краток муабет кога ќе се видиме. Како и да е, не знам што се случило помеѓу нив двајца, но жал ми падна и се надевам добро е.
Продуктивен, исполнет неделен ден за мене е многу подобар отколку мрзлива недела. Сакам да ми биде ваква секоја недела. Има време и за одмор, има време и за работа, а истовремено го искористив и сончевото, пријатно време. И кафето ми е повкусно кога знам дека сум го заслужила.
СДК не и е местото само на жената во кујна...повеке знам светски готвачи мажи него жени така да хахах
Татко ми почина пред еден месец, па наши први комшии не отидоа на одмор како што планирале оти бевме блиски и не им беше до одење, а не пак да ти пуштат музика. Ај на денот на свадбата ок, ама пред тој ден било зорт да има гласна музика? Како бе можете да бидете такви ладни не ми е јасно. Срамота.
Дно дна Овие што снимаат а не реагираат и браво за родителите со ваквото воспитување. https://www.instagram.com/p/B2ZZW4upRbg/?igshid=8enn11oxpvtc
Ова ме потсети на еден настан пред две години. Бев искочен и се враќав накај дома. И во една уличка меѓу згради имаше една девојка 18 години и двајца момци, викаа, ја удираа, ја трескаа од земја буквално. Им свикав и одма разбегаа. Се силат на девојка, а трчанката ја фатија малку што викнав. Девојката беше цела расплакана, искубана, и искинале алиштата... Ја прашувам што е работата и ми рече едниот и бил дечко и му раскинала пред еден месец. И сега сакал секс со неа, но го одбила, и со другаров се здружиле еднаш пробале да ја силуваат и сега ја тепаа. Рече ќе оди кај некоја другарка да се среди да не оди таква кај нејзините. Ја испратив до таму и од тогаш ја немам видено. Да знаев кој се ќе ги скршев од ќотек и ќе ги пријавев, немаше така да поминат. Ова се е од домашно воспитание. И се повеќе такви има, па сега и девојки. Родителите дома што не се залагаат и не им е гајле за децата ете после каква младина искача. Катастрофа.
Она кога одиш по улица и свесен си дека може секој да те види но неможеш да си ги собереш солзите.Едноставно неможеш,затоа што те боли душата.
Срамота...овие не се за во училиште туку за во поправен дом. Или се со тешка дијагноза или се уште поагресивно третирани од дома и од мали гледале насилство. Овие што снимале не се ништо поразлични. Жал ми е за девојчето, а фактот што децата се мали а толку насилни е уште пожалосен.
Чудно е колку животот не е фер.. Ти се случуваат некои работи како помал си викаш океј јас го сакам спротивното од ова а животот ти дава се освен тоа.. Изгледа љубовта и пријателството е веќе лукзус за да ги бараш од луѓето..
Учиш да живееш со болката од загубата... смртта значи загуба... кога ќе научиш да живееш со болката остануваат спомените...
Abe ovie planiraat u EU da vlezeme ili djabe go menjavme imeto? Ne znam kako idat proceduri i sve toa ali gledam deka ni pregovori ima ni nisto kako sto vetuvaa
Претерувате. Животот продолжува. Дедо ми викаше со радосните радувај се со тажните тагувај. Така да...оставете ги луѓето да слават. Премногу морализирате за релативни работи.
Пред да заминам од оваа фирма, ма*е ќе му е**м на газдата, за сите нервози, психички тортури што ни ги вршеше. Нека ви звучам колку сакате негативна, но не дозволувам никој да си игра со мене и моето психичко здравје и благосостојба. Како и општо здравје. Најпрво ќе почнам со фини прашања Доста ми е од сите незаконски ср**. Една инспекција и ајт....