Јас сум ужас.Како пак јас очекувам некој мене да ме сака Спојлер Секако дека неможат затоа што сум една од ретките кои сакаат искрено.Од оние кои не игнорираат туку сакаат да бидат среќни.Па да кажам дпста е со вас на кои ви давав внимание.Од денес цело внимание е само за мене.Позз Наздравје за мене
Тело шо не тежи поќе ич, што ја има најголемата вредност, ама е прелесно, ох Господе, секогаш се прашував како некој од 50к вели дека нема тежина, дента кога прекинав да јадам и пијам, бев тешка шо не можеше лесно секој да ме носи, а денес кога Стефан ме крена извикуваќи "Викајте брза помош, жива е, ама е премногу лесна", сфатив шо значи то. Денес на Стефан му бев лесна, само заради то шо беше загрижен и исплашен, не му тежев на рацете, туку на грбот. Денес ме носеше во раце до болница, трчајќи, точно половина час, и не му тежев како некогаш..
Абе чоек да не може да излезе, одма ја затвориле темата. Се враќаш и си викаш таман ќе си читнам во новата тема и бам, новата тема во канта. Оооок сме ја наЉутиле Реин. Туку шо праиме со поканите што ги нарачавме, кој ќе ни го плати направениот трошок? Хм? Ај @Ginger^ и остали што се пронаоѓавте во темата ќе ве молам да ме известите кај ќе пишувате нови мислења да ве пратам. Фала лепо.
Кога ќе ве фати збес од животната удобност, алчност за повеќе, малодушност... пролистајте тука: https://linkin.bio/lovewhatmatters
Баба ми што често ја споменувам низ темите, дека има 83 години и понапредни мислења од некои тука, денес полни 84! Среќен роденден бабичке, ти ме израсна, кога некој ме прашуваше „чија си“ го кажував твоето име наместо на моите, ти ќе ми играш и на свадба, така се договоривме, иако тоа нема да биде многу наскоро Мило ми е што почесто те посетувам во последно време и ќе се трудам така и да остане За темата, и јас малку се разочарав. Таман ја прочитав и се спремив да пишам, гледам затворена за нови одговори @Purplelilac, јас во последно време читам и понекогаш пишувам во Денес..., нè има таму неколку што сме во чистилиштето
Леле нееее, јас уствари дури сега сфатив дека имало ново катче за нас, сега го најдов во канта, и ги прочитав сите мислења и ги излајкнав само оние "одбраните" јер нели се избунтоваа дека само за нас одбрани ќе било катчето и покани дури имало, а уствари Џинџерка не постапи лошо што како пример не наброи нас неколку, ко да девојката ќе им ставеше забрана да не пишуваат другите @RainBow Знаеме дека постои ФМЌ, 40ка и чет, ама што е погрешно ако постоеше и ова катче за нас кои не сме ни за таму, ни за таму? Да сакавме групна конверзација ќе си пишувавме преку пораки, друг е муабетот, ама како сакате...
Note to self: Не отварај Фемина Инстаграм у 2 сабајле. Па торти, па макарончиња потпечени, па лиснати... ах.
Се согласувам со @Rama. Знаеме дека има чет, пораки, има и други социјални медиуми кај што можеме да се додадеме и приватно да си пишуваме, ама не е исто. Лично јас би била поактивна и би поминувала повеќе време на форумов ако има таква тема, сигурна сум и други членки, а зарем тоа не е ултимативната цел @RainBow? И не драмете за „поканите“, и ФМЌ кога се отвори беа тагирани помладите членки за побрзо да ја забележат темата, да почнат да пишуваат. Нема одбрани, нема привилегирани, како и во сите теми, може да се приклучи кој сака.
Епа не можам да не кажам. Гледам неколку мои "поштени" другарки изненадуваат со нивно однесување. Една од нив дечко цел живот не фати мислиш ќе се закалуѓерува. Мирно мирно... Кога оп!! Остана трудна и се омажи. Јас па реков оваа никојпат со маж нема да легне а камоли да остане трудна пред брак. Друга некако многу наваму натаму со колегите. Од 2ра година средно со фати дечко 13 години се заедно. Пораснаа заедно ама има строги родители. Кога сега одеднаш со колегите... Си викам не,не се лоши тие што ги знаеме како типки кои повеќе од пола година не можат со еден дечко да поминат. Овие другиве се лоши што не виделе многу па сега пуштени ко овци на пасење не знаат кај тераат. И да,повеќе тие изневеруваат во брак. (Тоа она кое сакав да го кажам а се гледа од авион). Строги родители со став од типот аа.. нема да шеташ да те гледаат ко ќе фатиш дечко да кажеш и да знаеме тој ќе ти биде тој ќе те земе. И таа во тој период сирота малолетна или тазе полнолетна па покорена пред родителите... После се мажи раѓа деца ја поминува адолесценцијата станува свој човек на свои нозе и тука ја нема мама го нема тато а таа убава стројна млада... Оти да не искористи да ужива, нели сега сама за себе одлучува... Гледам и им се чудам Али тоа е.
До кога ќе користиме фејк производи? Скап смартфон купен од тимобајл, ист таков купен од Франција, од авион се гледа разликата. Некако фејк слика вадеше тој од овде, некако материјалот не беше баш... Што се случува со сѐ што е купено тука?
Драг менторе, си одбрав тема за дипломска. Накратко: секс, хомосексуалност, религија, општество, фрустрации. Покрај се можда ќе треба да си ја поканам цела фамилија на дипломска иако сакав да сум сама таму. И насловот ми е склопен, само утре/ задутре треба да одам да го "презентирам" пред менторот.
@Oxymoron се надевам Реин ќе сфати дека е потребно тоа место. Реално, без некој посебен разговор меѓу нас сите, очигледно избегнуваме да пишуваме од што нема соодветна тема. Едната е за школски муабети, другата сосема во друга крајност. И која е штетата за нова тема.....
@Ginger^, штетата е во тоа што сосема ќе замре форумов. Сакале да признаеме или не, Фемина уште покажува некакви знаци на живот благодарение на „неопределените“, тие што уште не си нашле свое катче. Кога ќе се скрасат и тие членови, толку ќе биде од форумов. Три големи теми и еден куп замрени. Инаку, огромна поддршка за темата наменета за оние што не се ни ваму ни таму.
^ Иако убаво ќе беше да има уште едно катче и немам ништо против, не е точно и тоа дека во фмќ има само школски муабети. Таму секој е добредојден и секој може да си пишува како сака. Не' има такви со школо, факултет, работа, ако не се лажам и млади мајки има но поретко пишуваат. Можете слободно и таму да го пишувате она што би го пишувале во другата тема, ако модераторот ја остави да стои в канта.
Па искрено, ако има тема за милфици, па за тинејџерки накај милфици, па за мамички, па за оние шо мочаат само на лево, оние шо се тушираат сабајле, место вечер, шо не би имало тема и за стари моми... И онака форумов е отиден одамна, нема никаква дискусија, освен оговарање и кланови правење... Мех... А да, и пред некоја да се најде увреџена и повреџена со целото нејзино лик и дело, и ја сум у тие старите моми. Ајт.
@Amellie13, веројатно грешам ама досега неколку пати го имам отворено фмќ, и најголем дел од постовите беа „еве на факс/ од факс“, испити, колоквиуми, книги, учење. И тоа е сосема во ред. Од тоа што прочитав, катчето има супер енергија, ептен беше позитивно и весело ама ете, јас не се наоѓам во тие муабети. Убаво ќе беше да постоеше некое такво симпатично виртуелно место кога бев студент Не е дека дипломирав пред 100 години, ама сепак за мене тоа е дел од животот кој е зад мене. Едноставно, не сум за таму
^ И јас да дадам поддршка за новата тема (сега ја видов, ама од тоа што прочитав би била добра идеја). Досега стопати сум помислила дали да почнам да пишувам во фмќ, ама како што кажа @Nausicaa тој дел со испити и факултети е зад мене, а тоа некако доминира таму и не знам што би пишала, иако редовно си читам. Ем се чувствувам постаро ем ни ваму ни таму ама ај...
Јас со @Gosh се слагам. Апсолутно сум против теми за општи муабети, ама имате тема за секоја можна категорија, нема зошто да нема тема и за оние измеѓу. Исклучувате една цела група, во која еве и јас се наоѓам. На крај краева, затворете ги темите за општи муабети, оти таму се преместува секоја можна дискусија и форумот ви е срање. Не е проблем да има тема за да се ставаат по цел ден слики од на која им се дигнал, ама проблем било тема за општи муабет, кога веќе има 150 теми за истата намена.
Драми брееј. Еве јас па се слагам со Реин. Доволни се двете теми што ги има. ФМЌ не е само за средношколци и студенти, еве и јас сум од постарите таму, Рама, Д.Чобанова, Мишела, Били итн. И си го пишуваме секој своето. Што ако голем број муабети се за тестови и испити, секогаш може да се потегне друга тема. Ако вие сепак се чувствувате дека не ви е таму местото, има тема Денес... Сувишна е третата тема. На крај, пак во неа би пишувале истите тие од ФМЌ и тие од +/- 40, по некој член плус.