@Ginger^ Сoри aкo придoнесoв зa клуч нa темaтa. Јaс се зезaв (иако од старт имам кажано дека такви теми треба да се заклучат) и сметaм декa непрaвилнo е зaклученa, aкo се зaклучи таа тема треба да се заклучат и останатите 2. Ферски би било, кога веќе се делиме, да се делиме до крај, не само едни да ја имаат таа можност. Или за сите такво катче, или за никој.
Како корисничка на услугите на ЈСП, морам да се пожалам дека многу луѓе, и стари и млади, како да забораваат на личната хигиена пред да излезат во јавност, па уште и во толку тесен простор. И не можам да си го објаснам овој феномен. Вака на прв поглед, дотерани, пристојни, само да не ти се приближат случајно... Ај што не ми е јасно како не си пречат сами на себе (т.е. како се поднесуваат такви) ама обзирот спрема другите каде е ? Да повториме: Туширањето не е штетно и се практикува секојдневно. Сапунот и водата не ја сушат и уништуваат кожата, без гајле. Ова барем 99% од луѓето можат да си го дозволат. И дезодоранс се става, ама на чисто.
Маливе деца у комшии на работа почнаа со вие и со тетке да ми се обраќаат. Јас сум за у: А) ФМЌ Б) +-40 В) преодна тема Г) Пичку матер Д) Сите одговори се точни, ама еден е најточен.
тие ги запамтила затоа тие и ги означила јас мислам дека не требаше да се бриши темата,си имаше една за 40+ една за од 10 до 25 ама добра беше и таа од 25 до 40 реално што муабети јас со 29 ќе врзам овде со оние од 15 + а уште помалку со тие од 40+ не навредувам уопште некој да не ме свати погрешно ама мислењата и од двете групи се во сосема спротивен правец затоа ни требаше нешто за ние што сме " на средина" и јас тоа го велам ние малку и не се вклопуваме тука. одговорот е под Д
СДК дека се сложувам со Реинбоу за темите. Во ФМЌ доминира група од 18 до 25 години,а не се малку ни оние од 26 до 30,што значи доминираат адолесценти,почетни,во средина и завршени студенти,а не средношколски тинејџери како што некој си мисли. Има и над 30 години,што е јасен показател дека и ако сте над 30 години,некаде до 36-37 години,вие можете да пишувате во таа тема,а онаа тема за околу и преку 40 години ќе биде посоодветна за вас кога ќе наполните 38,39 години. Во ФМЌ не се дискутира само за образование,туку опфаќаме сè од животот.
Тие луѓе што се возат со автобус, најчесто не идат од климатизирани канцеларии каде пола работно време кафе пиеле и муабетеле а пола -типкале на тастатура. Па и тоа да работеле кога се жештини се потиш, некои повеќе некои помалку, 5 минути да пешачиш на жешко си веќе испотен. Што со тие што работат физичка работа и немаат туш на работно место за да тебе не ти мирисаат на пот? Еден дезодаранс не те спасува од мирисот. Претерувате со ова веќе стопати пишано. Не, не знаат што е сапун и дезодоранс, дај да ги зачлениме на фемина да дознаат.
ау извини молим те демек само луѓе штo се физикалци се возат во јавен превоз? цели 20ти работев во канцеларија каде одев со штикла од 12 цм па си одев со бус на работа. ако се тушираш редовно нема да корнеш, едноставно е. јавниот превоз е за сите граѓани и треба сите да го користат со цел да се намали загадувањето и треба да се почитува еден основен бон тон. а личната хигиена е основното нешто за еден човек и тоа се учи во прво одделение.
Ај кажи ми ти како некој што работи пример во сендвичара и се истишурал утрото во 6 пред работа, ќе држи свежина до 3 или 4 поладне на 40 плус надвор и којзнае колку на работното место?
ќе облече нова маичка, нема да си отиде во работната униформа, и ќе се пребрише/освежи со влажни марамици и дезодоранс. и да мириса некој малку не е страшно. членката не пиша за луѓе што малку мирисаат ,веројатно мислеше за луѓе кои мн смрдат. имам пријателка која работи во бутик и ми има кажано дека млади луѓе кои сред работен ден одат на шопинг оставаат смрдеа која 3 дена не може да се изветрее на алиштата што ги пробуваат. голем дел од народот е скаран со хигиената и тоа е факт.
Обично слабо се надоврзувам , ама гледам сте спомнале потење . Има еден спреј од аптека ќе си купите и спречува потење, има ефект 100 % испробано и го користам веќе година дена. На нет исто има коментари и високо е рангиран овој производ. Вчера на роденден ( точна му е блузата, полн погодок )бевме машко друштво собрани во еден кафич - ресторант и уз пат фудбал гледавме и ко гледам од поблиску кај што стои името , леле ко ме фати смеа , хахахаххаха одма прва асоцијација @DAngel . (да не ме сфатиш лошо , ама ми текна на аватарот твој ) Ви текнува во оној постот кај што ви кажав дека сум опомената да не ги хранам голубите ? Епа не ми иде памет и не ми иде. По пат сретнав голуби преска и викам дај да појадат нешто, ц ц ц, како да не ми беше доволно што ме опомена полицијата ,ама што да правам ко ги сакам животните повеќе од луѓето. Тоа е тоа, одам да легнам во када со топла вода , да си ги опуштам коските малку, се осеќам здрвена.
Значи сите знаеме дека баби и дедовци кај нас се бањаат еднаш у недела, а ако се малце со проблеми у кичма и нозе, и без некој од дома да им помогне, и еднаш у две недели и јаче. Исто така, постариве може и малце неперени алишта да носат, оти нема кој да им помага по дома, а чим нема флека, нели логично чисто е. А деодезорант малце слабо тоа. Муабет за сиромави без вода дома и безкуќници не ни правам, греота се луѓето. Исто и за луѓе болни, психички или физички . Али млади и малце постари, здрави прави на кои мама или жена им била на работа па немало кој да ги запегла, испере и да им пушти болјер, епа стока е тоа, нема оправдување. Иначе и ја сум работела физички работи, и един начин да се усмрдеш од еден ден до толку е ако си облекол прљави алишта, а си се туширал, или па си облекол чисти алишта, али не си се истуширал.
Јас не можам да завземам став во врска со новоформираната тема која заврши во канта. Од една страна можеби има потреба за таква тема каде што луѓе кои се наоѓаат во некој сличен транзитен дел на животот да си бидат групирани на едно свое место бидејќи јазот помеѓу некој 23+ и -18 е огромен иако годините не го кажуваат истото. Но, од друга страна пак, ќе се изврши уште поголема сегрегација кога е во прашање годините. Никој никому не забранува да пишува каде сака и во ФМЌ не се водат само теми за училиште/факултет туку и далеку поозбилни дискусии. Доколку постарите се активираат почесто и пишуваат повеќе во ФМЌ, ќе има и повеќе теми кои ја засегаат оваа група на луѓе, а и младите ќе можат да следат примери од нас и да научат нешто повеќе или да осознаат некои информации кои поради таа годишна сегрегација и немање на контакт со постара група на луѓе не можат во реалниот живот. Што и да се одлучи, јас ќе си продолжам да пишувам и понатаму, онаму каде што најдобро се пронаоѓам.
Денеска завршив порано од работа. Отидов директно да ја земам големата ќерка од градинка па да одиме накај дома заедно. Стигнав таму, ја побарав, учителката влезе, ја зема, ја спреми, и ја изнесе. Кога ме виде од ходникот....ах колку среќа....го фрли ранчето и почна да трча накај мене и да вика тааатооооо, татооо дошооол да ме земее, таатичкооо. Ја земав во раце. Ме гушна толку силно, искрено, полна со љубов. Учителката ми го подаде ранецот, а она и вика Ова е мојот тато, јас многу си го сакам татичко. Едвај ги задржав солзите. Јагненце мое колку ја сакам јас неа. Убава на тато таа, среќа моја. Колку ми се израдува, одамна јас ја немав земено од градинка, покасно завршувам со работа. Ме праша дали може да одиме да јадеме сладолед. Секако дека може. Отидовме и купивме сладолед, седнавме во слаткарницата и ми кажуваше со кого играла во градинка, која песничка ја учеле. После фатени за рачиња, накај дома. Ми рече требало и алките да ги ставиме, ама дома ни се. (Ни подарија father-daughter алки, и сака да ги носиме кога правиме нешто заедно) Јагненце мое, душа моја, многу те сакам!!!
Ако случајно се запознаат овдека и супер им иде - одлично за нив и мило ќе ми биде, али “бркнување женски” и пуштање по приватни разговори мислам дека е кршење правила.