Да дополнам... и бесна,лута,осветољубива,не би одговарала за своите постапки кога би го фатила на лице место. Уште повеке ме нервира мизерија од народ која вели што ако ги убиле,лаат, касаат.
И во друга тема пишував дека дискусиите се намалија најпрвин поради постоењето на +/-40 и ФМЌ. Меѓутоа претходно тие што си се околу 30ката си пишуваа дел во ФМЌ, дел во 40ката, но поради тоа што имаме премногу различни возрасни групи кои во моментов се соочуваат со различни животни прашања се повлекоа оние кои не се пронајдоа нит во едниве нит во другиве муабети. Да не бидам погрешно сфатена, секако дека никој не ги брка но се чувствуваат дека не припаѓаат во ниту една од овие теми. И ги разбирам, иако според годините не сум сè уште во таа категорија но би ми било задоволство да ги читам повеќе и одвреме-навреме да ги дружам во истата. И многу ми е криво поради тоа затоа што мислам дека токму од таа група ни се еден куп квалитетни членки. Само дел од тие кои ги читав во ФМЌ со уживање и ми фалат повеќе низ форумов се @Oxymoron @Ginger^ @ivi1987 @JollyGirl @*Ench@nted* @sanja.burgundy @Doozy @macka91 @1209 @Rama а верувам би се приклучиле и @CameliaMiller @Rebecca_R @SV1911 @simonka93 @zuto @Nausicaa и уште многу други. Затоа кога веќе има за две групи, нека има и за уште една посебно катче или па сите вакви теми нека се стават под клуч и завршена работа. Ќе пишуваме тогаш сите во СДК и по лп и толку.
А,бре,вие што сте до 36-37 години можете да пишувате во ФМЌ и онака таму сешто се дискутира. Не треба посебна тема. Ај сега,само да се трупаат теми... Модераториве не постапуваат правилно ни во постоечките теми и уште една непотребна да им се трупа...
Моментот кога си во банка, подигаш пари од шалтер и ти фрлаат поглед во парите и мислат си рокфелер, а всушност ти си отишол минус со плата зошто планирани ти се парите и знаеш нареден ден дека ќе бидеш шворц и само со сто денари собрани од касица-прасица.
Во +-40, пола се во своите 30ти и 20ти. Општо, теми како +-40 и ФМЌ, ги абсорбираат дебатите кои би се воделе по соодветни теми. Многу често, во +-40 се разглабаат конкретни теми кои постојат, 'за да не се замешаат во муабет и да се расправаат со сите-таму'. Претпоставувам и во ФМЌ тоа се случува. Да е до мене, ќе ги нема и двете.. а не пак трета.. четврта.. петта.. Ама никој мене не ме праша за мислење
Јас овој човек прв пат го гледам. Знам дека постојат живи статуетки, имам гледано видеа. Но, во живо е подруго, му се радуваш ко дете.
Се чудев долго време зашто не може да си најде девојка за озбилно, се чудев кога вереницата го остави,ама денес сфатив конечно зошто било така. И после ќе осудувале некои како можела таа на веќе даден збор и прстен да го остави,епа ќе го остави кога е детиште со дивјачки нагони ко растен у џунгла а не во град.
Малку сајтови за дејтање има па уште остана форумов да го претворите во таков. Па уште што имало лошо во пораката... не бе не, ич не сте нападни. А замислете дека овде некој дошол и да дискутира наместо да се расправа со манијаци.
https://www.facebook.com/303875118607/posts/10157423354018608/ Нашол па зашол народов. Вода морало да се пие на работа па дури и ладна, демек горештини. Сирот газда. Спојлер: _()_ море мајката у ***************** на ваквите фашисти.
Делење правдини по форумов никогаш не можев да разберам и сè уште не можам да разберам. Ако некое машко ве контактирало зошто сакало само да има „one night stand“ со вас, во ред, пријавете го и модераторот ќе реагира. Ако некој ве контактирал зошто сакал само да разговара со вас зошто сметал дека убаво размислувате и сакал подобро да ве запознае тогаш во ред, можеби навистина човекот има искрени намери и ништо повеќе. Ваше е дали ќе прифатите или не. Лошото е ако истиот тој инсистира на тоа и е претерано напорен и почне да станува нападен. Тогаш веќе станува збор дека нешто друго е во игра. И тој пријавете го слободно. И јас сум го правел ова и јавно си признавам, дали ќе ме банирате (зошто строго било по правилата а има тука милион други правила кои се кршат од страна на тие кои делат правдина) не ме интересира искрено. Слободно банирајте ме ако сакате. Но, ако некој манијак ве контактирал и ви се пуштал со секакви сељачки понуди ве молам не ме ставајте мене и другите машки кои се фини со вас во ист кош. Тоа е веќе друг проблем. Ако ете, толку не се чувствувате вие безбедни што машкиве ве контактирале со пријатен и фин разговор тогаш слободно банирајте ги сите машки и нека има исклучиво женски членови. Нели, ова е само женски форум. Ајт, понатаму нема да дискутирам зошто сега ќе навалат тие кои делат правда врз мене.
Мојот комшија зедол цврст предмет и го истепал моето куче до смрт.Тоа беше среќно толку мило не правеше ништо.На овој свет има секакви болни луѓе.Болни.
...ете затоа сум на форумот не за бркање женски, како што mangupite i fraerite прават туку поради - интелект. Се восхитувам на женскиот интелект, поглед кон светот, начин на размислување и изнаоѓање решенија и опции.
"женскиот интелект, поглед кон светот, начин на размислување и изнаоѓање решенија и опции" не постојат Женскиот мозок (as in полово женски) е помал од машкиот, затоа има повеќе набори, за да може да компензира на големината. И тоа е тоа. Нема различно фунционирање на мозокот. Нeма женските се грижливи и креативни и ова и она, машките побавно созреваат и се глупи и вака и онака. Се останато е општествено создадено (вештачки). https://www.fastcompany.com/4044192...re-is-no-such-thing-as-a-male-or-female-brain
17 Септември 2018. Се започна од тој ден кога ти ми пиша. Демек на смеа на шала , па демек секс за 1 вечер и фино лепо продолживме. За сето ова време ти се немаш променето. Како можиш да ме сакаш и покрај моето променливо расположение ? Стварно не си ми јасен како ме трпиш. Љубов ли е, што ли е, ама дефинитивно ти мене ме сакаш повеќе отколку јас тебе. Ај па наскоро и годишнина ќе славиме, бре ама брзо поминува времето. Знаеш кога не заебаваа у стилот излезете надвор бре, што дремите на Фемина, ама ете бе , си најдов дечко баш од форумов. На прашањето : сигурна ли си дека те сака ? Јас: начинот на кој ме гледа кажува се. Како да ви кажам, ајде ќе ставам клип за да доловам нешто слично како ме ѕвери секогаш ко сме заедно. Ај живели
Se prasuvam zosto site tie losi raboti moraa nas da ni se slucat. GI gledam site srekni lujge i se prasuvam so sto zasluzile tie podobro od nas. Se prasuvam dali ce me ogrej zivotot i mene dali ce mi se nasmej srekata I koga.
СДК 1 До лани бев со глупавото мислење дека сите мажи се исти гледајќи ги постапките на овие од фамилија и познаници и поради емотивни повреди. Но,годинава најдов еден кој ми покажа и докажа дека не се. Жена која ги смета сите мажи за глупи и сексисти не е ни 1 процент попаметна од оној маж кој е навистина таков. СДК 2 Како бре,не гледаат дека има животно на патот? Не дај Боже утре ден човек ќе згазат... Немаат ни совест,ни душа.Страшно!