Каде им е паметот на овие по фб и инстаграм, со три до четири килограми шминка на лицето и тренерки/дуксер?! Мислам, seriously Јасно ми е да ставиш пудра, маскара нормално е ама малце, а не да се нашминкаш левел свадба за низ дома.. Ние по дома без грам шминка шо се шетаме и не само дома, сигурно ни фали нешто. Ај тоа шминката .. ама некој ќе ми објасни ли како сето ова се усогласува со тренеркава таа шминка не би ја носела на свадба или матурска али ај. Ако веќе си решила да ставиш слика, стави слика со аутфит соодветен на шминката (кој според мене го нема), а доколку не одиш на прослава со таа количина на шминка ти треба помош .. Јас сфаќам да се средиш, девојче си, нема да те сфатам ако не сакаш ама секоја пригода си има соодветна шминка, а не страшила да бидете. Шо ли нема да направат за лајкови. Страшно
СДК дека конечно викнав „Свирај Мејдене!“, и стварно ми ги свиреа, и тоа Мејден themselves! Гласните жици си ги оставив на Калемегдан, ама вредеше. Белград, ајл би бек аген. Сун. Up the Irons!
Секој човек има грутка на срцето која му создава гнев, тага, бес, немир. Но секој човек заслужува да биде среќен. Затоа, ако некого не можете да го усреќите, не го натажувајте. Пуштете го. Бидете доблесни и оставете го да ја бара среќата во други раце..
Најголемата грешка ја правиме кога ставаме запирка на местото на кое одамна требало да ставиме ТОЧКА. Откако ќе ја ставиме големата точка, си даваме можност за СРЕЌА!!!
Не ми пречи вакво време. Воопшто. Ама нека се одлучи на што е Не може надвор да се шетаме со јакни и гумени чизми, а дома да ми влегуваат (летни) инсекти. !
Толку многу слики, планови, моменти.....солзи за на крај се да заврши.. Душава ми се кине, се ме боли!!!! Зар вредии?????????????????? Немам текст, немам, само солзи.................
Оние кои мислат дека со трудна беше кога се зедоа ја сфатиле причината и суштината на еден брак, и тоа со само едно кликање со глава ахам, јасно ми е. Многу се мудри. Дај им уште две-три информации и ќе го предвидат цел твој живот, баба Ванѓа може вода да им носи. Оти барем не профитирате од оваа ваша дарба? Сериозно. Се што ви треба е некоја завеса од фејк кристали, малку свила наоколу, една топка, и прстени бижутерија на рака. Или повеќе сакате да ве перцепираме како психолози, психијатри? Ок, нема проблем. Што да е, само побрзо да е, оти квалитетен психолог или гатач со 5 минути разговор го има и коренот и решението на секој проблем.
Убаво пишал еден познаник - „Кој сѐ летна во облаци, не е чудо што плачат без престан.“ И додека е глупо да се прават така омаловажувачки муабети, ферски е да се признае и дека сета малограѓанштина навистина и сопствениот нос си го засени во магла. И станаа експерти во политика, религија, меѓународни односи, тајните на универзумот, лекари, итн... Онојпат на забар чекам, 40+ годишен човек, познаник на мајка ми, се обидува да ми мудрува за тоа какви сме биле ние, муабет кој не ми пречи пошто често држи вода, но не и во овој случај. Молим лепо, сакаш цивилизиран муабет и мое мислење, не се влетувај на секои два збора да ме прекинуваш за да кажеш колку сме глупи. Не сакам човечноста по професијата да ја судам, напротив, имам баш убаво мислење за луѓе што со толку труд се борат за парче леб, и обично истите се љубезни и добродушни, но има и исклучоци ко овој, за кого фактот што копа бунари, а се дрзнува да каже како јас без 3 факултета на денешно време ќе останам слепец, говори многу. - Вие сте една глупа, невоспитана генерација што немате свое мислење, бла бла, компјутери, бла бла, интернет, бла бла, наркомани...немате интереси, само го скапувате општеството... - Во ред, ама од овие генерации се измислени и... - Штооо е бе измислено? Топла вода, само се глупирате, стварате тука радијации(?) и лежите по цел ден, родител само да ве служи...(??) - Има и такви, ама служењето и мазењето си зависат највеќе од родителот... - Ајде, не треси, родителот тука гледа да угоди, пак он крив. Е, затоа нема иднина со вас, неспособни. - Во ред, така нека е. (по што, нели, следи дека навистина немаме свој став ) И не би било тоа-тоа без политика, ама ај, климаш само со глава од култура. - И, ти што корист имаш? Колку јазика зборуваш? - Па 5, кои течно, кои доволно за да се снајдам. - Нее ми продавај тие евтини финти мене, учете таму, да не сте прости. А, со оглед на тоа колку тој го владее мајчиниов јазик, гарант српски, хрватски, босански и бугарски ги става на CV за да се бројат. 'Рчпал.
Една слика милион зборови... Прекрасно е чуството да знаеш дека некој секогаш ке е тука за тебе. За се, во добро и лошо. Постар БАТЕ, еден, еденствен и незаменлив. Пријател за цел живот.
Прославата на овој роденден ми помина во домашна атмосфера, со најблиските кои ме удостоија со нивното присуство, а и со внимателно одбраните подароци кои ме направија уште посреќна. Ме тегнеа за уши 24 пати, дував свеќички, си замислив желба која се надевам ќе ми се исполни до следниот роденден. A сега сакам да ве почастам и вас, како што е редот. И кога сум веќе кај роденденот, морам да ви ја раскажам и приказната за моето "славно" доаѓање на овој свет. Спојлер Мислејќи дека има физиолошка потреба, мајка ми отишла во болничкото вц и погодете?! Почнало да излегува едно главче, па рачиња, па за кратко време сум му била во раце. Изреаграла многу смирено, ме спуштила на плочки, ми ја држела главата и викала колку што ја држи глас. Лекарот што и рекол дека е рано за бебето да излезе, се стрчал и не можел да си поверува на очите. Ја пресекле папочната врвца и сум заплакала, првиот здив ми бил во болничкото вц. И ден денес и се дивам на мајка ми на нејзината смиреност и реакција во тој момент, со оглед на тоа дека беше нејзина прва бременост и тоа на 21 година. Се надевам и јас ќе имам толку лесен пороѓај како нејзиниот, само по можност да е во нормални услови.
Со времето пореметено и јас скренав .Што да очекувам од животот,кога и сама не се разбирам?Kако да продолжам,кога нема за кого?Сите плачат а никој не ти подава рака.Сите се тука,но само за себе.Оние кои се прави вистински сопатници,се реткост.Животот е чуден,во една секунда се може да се измени.А па најтешко е кога не си на иста бранова должина со светот,и те гледаат како од Mарс.Жив се човек на све навикне,па ваљда чу и ја,ако Бог да Ма не се замарам веќе нит љубов имам нит ми треба...пушти кoси ветер да ги носи
Времево откачи скроз, па и ладно, се уби од врнење, абер нема да престане , арно велат некои, ќе нема лето...па и светка, да не можам да сликнам кога светка, никако да фатам кога светка, а од кога се канам...
Е сега Makedonkamak, ме натажи и расплака.. Да имаш брат, значи да имаш закрила над тебе. Да имаш поддршка, сигурност и вистински пријател за цел живот. Значи да имаш излез и решение за секој проблем. Кратко и јасно, братот ја претставува светлината на крајот од секој мрачен тунел. И така, еве јас го чекам мојот на скајп целоо утро..
Кому кажуваш требало таму да бидам, не тука, сам ја утнала државава, ама шо да прајш, никој не ме прашал кај сакам, нема бирање
L is for the way you look at me O is for the only one I see V is very, very extraordinary E is even more than anyone that you adore can
Убаво кажано, се согласувам и навистина е така. Се гледа по напишаното дека твојот БАТО ти недостасува многу.