Сакам да кажам...одамна немало некој контра shitty коментари на форумов Се мислев да го кикнам баш поради тоа ама ете
Излезена сум, а во глава само ми е ликот од книгата што го читам и едвај чекам утре да продолжам со читање. Bookaholic со тапија. For life.
Ако, пак си почитувам јас Сакам такви борбени да бидете и во реалноста. Сакам да го средите хаосот во светов...
^^ Ова беше како вратка зошто си поправил некого, и мене ми доаѓаат такви нагони. Со мое досегашно скромно познавање на македонски јазик, тврдам дека ни е со надреден знак.
Не е,само на нè,сè, и ѝ,се користи надреден знак. Нас нè видоа и сè ни рекоа,а на неа ни збор не ѝ кажаа.
И на ни, ама тоа не го знаете. Моја братучеда кога го користев ни со надреден знак што имаше завршено филолошки ме искара. Потоа провери и guess what?
Всушност, како ќе одвоиш негација со НИ од ова другото? Мора да има надреден знак. Само да знаеш во која ситуација да го искористиш правилно, пример со заменски форми. И точно е употребено во контекстот.
"Надреден знак (`) е правописен знак. Надреден знак се пишува само во три случаи: над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не. На пример: Кога влеговме не нè забележаа веднаш. над самогласката е во прилогот сè за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи; како и од помошниот глагол сум во трето лице множина (тие се). На пример: Сè се случи многу брзо. над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и. На пример: Не ѝ рече ништо и не ѝ дозволи да зборува." Има причина надреден знак кога се става, како што е наведено погоре. @Keanu_R.Wick мислам дека се договоривме дека нема да има цитирање постојано во сдк. Знам дека е многу заразен форумот, но воздржи се некогаш. Еве една дискусија во сдк што можеше да се избегне.