Книгата по македонски што е наменета за учење матуранти и википедија за мене не се релевантни извори за тоа. Така што, уште си стојам на моето дека се користи. Рејнбоу, сори. Преместете мислења ако сметате. @nextredstyle И следно, пред да делиш совети за правопис, може да ставиш и спејс после запирката.
Како што 'и' постои како сврзник што поврзува две реченици, како што 'не' е честичка за негација, така и со ни се оформува негација и плус се додава на некои зборови, односно оди со нив. За да разликувам негација од другото, треба да ставам надреден знак. Ќе ти го зголемам егото ако речам 'прифаќам'? Не прифаќам. На есеј по македонски јазик, во 4та година имав напишано НИ и одозгора ПРОФЕСОР по македонски јазик ми имаше со црвено пенкало допишано надреден знак!
И тој многу знаел.А,и знаеш дека учебниците се полни со грешки? Кога бев во средно,5 професорки по Македонски Јазик проверуваа грешки во учебниците и се кинеа од смеење. Од брзање секој може да згреши,па да не му излезе некоја буква или просторот меѓу зборовите како што треба.Тоа е разбирливо. За „ни“ најди подобар извор за да се увериш.
Ова со надреден знак на ни (индиректен предмет), доколку вовеле некоја правописна измена последниве години, инаку порано не беше така. А еве од истиот дигитален речник: нам Види и: ние (зам.) Вид збор: Заменка Ранг: 4267 (долга форма за индиректен предмет од ние) Освен во поретки случаи, оди со кратката форма - нам ни. Англиски: us Примери: Нам ни даде. Кому му дал? - Нам. Слично со: ние (зам.) Нема.
Ни вода, ни киселина. Дали уште официјално постои не знам, во мое време постоеше, уште од времето на нашите баби.
Еве ти одговорија. Ако имаш ПРАШАЊЕ упатено кон мене, ТАГНИ МЕ. Од каде би знаела дека МЕНЕ ми се обраќаш?
Може -ниту вода, ниту киселина. Ако не постои тогаш логично е да не се става апостроф. Затоа прашав. Кој тебе ти се обраќа?
И јас за исто зборам. Ако постои -ни како сврзник, тогаш нели е логично да се користи апостроф, т.е надреден знак за да се разликува заменската форма?
Бидејќи нема случај каде би се помешале и би се добила нова смисла на реченицата, за разлика од другите. @Glossy-girl, не знам што подразбираш под ,,подобар извор" кога самиот Правопис ти кажува дека не си во право. Ако сакаш Блаже од гроб да излезе, тоа е друга работа.