Можеби, не знам. Мене не ми текнало од нигде никаде да го користам тоа, а и нема да престанам да го користам. Така да... сите портали и луѓе и други обични смртници што користат нѝ - не им текнало од нигде никаде. Еве не сум со толкаво его па да ја мавам главата од ѕид, на правопис ако стои така - во ред. Ама пак мислам дека треба да биде логички така за да се разграничи негацијата и општо, така ми доаѓа природно да го пишувам. И така ќе продолжам затоа што така и претходно ги учеле професорите, а и нас. Што сме ние виновни.
@Bridget Нема потреба од надреден знак, граматичката конструкција на реченицата ти покажува у кое својство е
Ете, еднаш кажав нешто во сто години и сега ми отворивте работа за утре. Да не можам книгата да ја читам, брееее...
Веќе спомнав,5 професорки во моето средно на различна возраст се кинеа од смеење на вакви грешки. Значи,ако некој погрешно научил,наставниците/професорите се виновни,а и самиот ученик доколку не обрнувал внимание.
Ова всушност докажува колку студенти на Филолошки и колку професори се неписмени. На гугл ми излегоа и други дискусии за ова истото, многу луѓе навистина мислат дека е правилно ни со надреден знак. Не се криви тие, криви се тие т.н професори со диплома што не ни го познаваат правописот и вака неправилно пренесуваат знаење.
Ете така, фино објаснете, не само клик на гугл и -така пишува. Пошто логично, ако се знае зошто се става надреден знак, лесно е да се запрашаш дали треба и на -ни. Скоро никој не става, ама сме заборавиле зошто не.
На форумов никој не пази на правописот,а и не мора. Срамно е да има вакви грешки во стручната литература.
Значи ПРОФЕСОРКАТА е виновна што јас сум го знаела ТОЧНО и таа го поправила грешно? Да, не јас што не сум обрнала внимание. И воопшто не ме интересира за еден надреден знак, тоа што уште пишувате сеуште е загрижувачки. Еве и порталиве го саботираат правописот. И ќе продолжам и јас. yolo
Имав паничен напад пред малку и за прв пат само седнав и чекав да помине. Се гушев ама си реков знам што си и посилна сум од тебе. Дишев длабоко и чекав. Ми се тресе цело тело сеуште ама осеќам дека полека поминува и среќна сум. За прв пат не го грабнав телефонот во очај да барам некој да ми помогне, не се напив апче, ништо. Јас сама против мојата анксиозност. Ќе те победам кучко мрш!
На тие портали не се пази на правописот,а и новинарскиот стил на пишување не се совпаѓа секогаш со литературниот.
Можеби е разбирливо, но мене не би ми пречело да го видам така напишано. Може не е правописно точно, но логички ми доаѓа да го употребам. Е, сега некои основни грешки ме вадат од памет.
Срцка си Имаш најголема поддршка од сите а и од мене како долгогодишен анксиозен пациент. Ништо не е вечно.
Всушност во реченицата Тој ни зема нешто, ни ни кажа каде ќе оди Двете ни се едно до друго овде. Ама и јас знам дека е без надреден знак.
Структурата на реченицата нема логика вака бидејќи на НИ не се користи знак по вас. Јас би ставила знак и би завшрила работа, е сега за да биде точна: ситуација број 1: Тој ни зеде нешто, ни кажа каде ќе оди. ситуација број 2: Тој ни зеде нешто, ниту ни кажа каде ќе оди.