Не сакам брзање. Не сакам непланирани работи. Не сакам кога некој ќе ми се јави и ќе ми рече ' биди готова за 15 мин одиме таму и таму' Сакам кога ги планирам работите. Кога се би испаднало како што си планирам.
Чувството кога ти звони број кој е потпишан не кревај и се чудиш кој би бил проверуваш во именик и гледаш дека така имаш потпишано три броја
Кога на овие скоро три илјади денари сметка донирам уште по два три повици, душа ме боли што не можам да си дозволам уште некое стотче да донирам Кој може нека помага.
Мразам апострофи, ѕвездички, умлаути и слични надредени знаци во јазиците. Фала богу па и на тастатура не можам да ги најдам. На форум без нив се живее. И во смс. Ама колкаво ниво на неписменост, постои општо во светот, тоа е страв да те фати. Ни Монти пајтон, ни Топ листа надреалиста не беа доволно визионери, во споредба со пародијава од свет во која живееме денес
Чувството кога ќе купиш алка за најдобрата пријателка и по пат кога одиш накај дома да ја изгубиш. Аман веќе
Ама знајш дека не треба да креваш па шо е битно кој од тројцата. Јас со иницијали во заграда "не кревај" броевите ми се.
Зашо ми нашле број и им кажав да не ме бараат и дека нема да им кревам. Не се сомневај во мене Тане, ко ќе неќам некој во близина, неќам. Неќам блокирање, то не е опција.
На темава горе - не блокирам никого со кого активно комуницирам и дружам. Ретко кој ми пречел до таа мера да земам да го изблокирам од именик или социјална мрежа без причина и експликација. Но, затоа ако не сме во контакт повеќе години и немам драги спомени со таа личност, заминува од мојот профил засекогаш без два пати да размислам. Последниве недели изблокирав доста профили, што е малку нетипично. Секако, ме блокирале и мене. Некогаш дури и чудно ми доаѓало, затоа што позитивно мислење сум имала за истите тие луѓе. Утре сум на прошетка низ Македонија. Не знам дали конечно ќе се сетам да испостирам храна во фемина инстаграм, се надевам дека ќе најдам време. Треба да е убав ден, онака ќе гледам позитивно да го почнам. Циклусот дојде и се чувствувам ослободено. Светот сега е поубаво место за живеење. Скрос оф топик муабет - Феминистка која дозволува момак да ѝ плаќа сметка и која само теоретски се декларира како таква, а при прва прилика зима илјада еура од бивши, сегашни и идни за да плати факултет според мене не е феминистка. Секој има право на избор, и да се самопрогласи со одреден епитет, ама само ако истиот соодветствува со идеологијата која ја презентира. Со сила убавина не бидува. Поздрав дечки.
Сакам да кажам дека се осеќам како наркоман. Ако имаше нешто шо неќам да го наследам од мајка ми, то беа главоболките. Главоболки од оние со лошење и замаглен вид. Ај да одам по ап инаку не врви, не дека со ап врви ама тое. *смајли шо се беси* Fuck me.
Вчера на Нокаут дали со сила 1000 луѓе имаше,а денес на Цеца нема каде да се разминеш. Радо би ги слушала без престан Нокаут година дена,отколку Цеца една вечер. А,Нокаут се толку добри во живо.Абре милини човече . и еден евергрин за убава вечер