Од песни на кои што дефинитивно не им е местото на свадбена прослава, ама упорно и редовно ги слушам по свадбиве, овие две би ги издвоила: - Розо моја (ние двајца многу можевме, а среќа немавме да се земеме) - Прекасно (и мене када питају, ја кажем ожењен, али ништа озбиљно)
Сакам да кажам дека сигурно не личам на човек кој е доста приватен. Ама, spoiler alert, сум. Споделвам многу и на еден начин се то работи шо не ги сметам за толку важни. Да, ги сметам за важни, ама се случиле и секој можи да збора за нив кој ме познава зошто најчесто не сум сама и од таму за да имам контрола на ситуацијата го споделвам јас, па можам баш зато да речам дека не се толку важни. Добро прочитавте, контрола на ситуацијата, то ми е маката. Да живеев сама и никој да не ме знаеше би си ја задржала приватноста уште поќе. Зато и многу време водев електронски дневник, сега скоро решив да се опуштам да си пишам во тетратката за планирање шо ми е. Особено неќам споделвање на работи кои можеби ќе се случат, или пак работи кои ќе се случат сигурно. Прво, не се случиле и не ја осеќам потребата некој да збора за то, ама низ годините зошто ми се земала контролата од раце, шо планирам во живот јас го држам многу затворено. Е, како моменталната ситуација, морав да се консултирам со моите дома. Излегов на кафе, и три часа покасно знај цела моја поширока фамилија. Не за нешто шо ќе го прам, туку нешто шо можда ќе го прам. И сега имам прашања, кога, зошто, како, шо ти текна, оти не вака. И јас секогаш одбивам да одговарам на вакви прашања зошто одговорот е: „зошто така сакам и то ме прај среќна“. Ама после то има нахнадно солење памет и јас морам културно да избегнувам вакви одговори, дип фамилија. Со луѓе кои не се фамилија, само еднаш им нагласвам дека неќам да одговарам на прашања за мојот живот и иднина, или пак одговарам со многу апстрактни одговори кои не мора да бидат точни. И така. Денес како ништо да не било. „Добро утро Демон, како си?“ -- „И тебе, уште лута“ „Аман значи со тебе на крај на се излегва“. Ок?
Fun fact 2: Ако доволно долго превртувате очи на сите со чии мислења не се согласувате, магично докажувате дека вие сте најпаметни во цел универзум.
Охрид... поубав не си ми бил. Луксузно чувство на припадност, дом и нас. Шетајќи препознав познати очи. Ни пријде. И тие - многу сум среќен што си среќна, а него го гушна како да биле засекогаш другари, нешто се ослободи. Како си ти и кисело, ваљда знаете, еве вака, покажа накај женски лик кој ладно не погледна. Следно со бебешка количка да ве видам, имам нешто да ви пишам, а мм на тоа - ама она увек е трезна, си се насмеавме, знаеме што значи тоа... Кога и да му дојдам дома му, јас сум дома, ослободена и оставам по некоја тежина. Годинава по петти пат. И сега дишам, дишам езеро... ние двајца, можеби и тројца. Што викапе баба ми, бабе покроце, се си иде, нека забави, нека не не заборави. Ме гушка во соништата секоја ноќ.
Колку само луѓето се станати себични говеда, мислат само на себе а не и на другите. Додуша, до некаде тоа е во ред, но сметам дека треба да постои граница до каде да одиш а да не ги повредиш останатите.
Што луѓе ке беа? Мајка им на смртна постела они си тераат забави и шетања по бел свет. Штом се вакви безчувствителни кон сопствениот родител какви ли се уствари кон останатиот свет? Таа финоќа што ми ја продаваат е изгледа маска. Можеби сум грешка, ама за мене вакви се лоши луѓе, со кои дефинитивно близина не сакам .
На денот без автомобили,главниот град е преполн со автомобили,а многу има и на Водно. А,електричните тротинети ви сметаат... Е,народе,после вакво нешто,немаш право да се жалиш од загадувањето!
Вардар е загаден од издувните гасови на бродовите Изворот на загаденоста на воздухот не се автомобилите. Мал е % на загадување од автомобил. Изворот на загадување,нема место за слики еве две .... Покрај кејот на Вардар кај Кале кога ќе запалат кабли во радиус од +1км корне
Спиеш. Одеднаш само шо си заспала во 171817189 сон,го слушаш од нигде никаде ова: "Аааааааааапчаааа" "Бууууум" "Брррррм фуууш" "Еееееееј" "Кабууууууум ратаратау пууууф" "Тррррт" И едно силно трескање шо доаѓа од ѕидо кај шо ти е кревето:Бааааааааааам И се разбудвам. Сигурно си помисливте ова е некој индијански ритуал шо се изведва преку чудни танцој со неартикулисани звуци од типот:кенгур коќе кашла,војната со Авганистанците,паѓањето на кулите близначки,бормашина. Епа не драги мои,тоа се моите комшии сунце им јебем кај шо од све стране света:дешаваат бомбардирања у вц шољата или кабината се трескаат,збораат на скајп во сто сато ноќе,гледаат здраво македонијо коќе петело уште салам не ги има отворено очите да кукурикни,делник неделник евтина скапа струја-правосмукалката во неубо време се активирва со звукот на атомската бомба од Перл Харбур. Имајте убав почеток на неделата "драги" мои комшии,и пазете коа спиете,со сатор под перница спијам. Онака,да си кажам јас.
СКМ дека од следна година, филмскиот фестивал Манаки мора да воведе дрес код! На што личи тоа ? И на отварање и затварање, се облекле жените ко за у канцеларија, кафе шема, по некоја и како станала така и дошла, па као за у седница у суд се стегнале примадоните, а муживе све црно, неструкирано, распуштено, со или без корвата од 89' од шкафот на нафталин шо мириса. Секоја чест на исклучоци, имаше по некое маже убаво стегнато, и жени, ама све другото ТРЕШ ! Кажете им следна година, дрес код за дами : ,,Снимање спот" , па коа ќе се накачулат со долги фустани, та шлиц, шпиц штикла ово оно да се замислат као ветер ќе ги дува и ќе им се дигне ко на Мерлин Монро, а господава нешто малце карирано,шарено и струкирано, а не дебели банкари и адвокати. Е тогаш ќе има смисла алла Анџелина Џолие и алла Џони Деп фестивалов.
Немам привилегии да коментирам на темата Машки кои се шминкаат. Сакам да кажам, од една страна е добро, од друга лошо. Доброто е што нема да навлегувам во исцрпни дебати, трошејќи време со инатливи или не-инатливи Лошото е што се чувствувам како детето кое е избркано од класот