Мирен сум си Сакам да кажам уште нешто. Видов две допаѓања на мислења кои не ги лајкнав едно мислење избришано, а нејзиното (на една членка) уште си стои, иако искрено го пријавив поради вулгарности. Кој ги манипулира мислењата и лајковите? Уште да седам мирен? На една нога, во ќошот сум.
@Keanu_R.Wick Не можеш против куп гневни жени. Не знам дали знаеш,но најлошо е да ѝ се противиш на жена која е во ПМС. Шега на страна,и да не ни се допаѓаат различните од нас,мора да имаме почит кон нив и нивните разлики.
Никако не ми е јасно зошто луѓето не можат да поднесете туѓ успех? Зошто одма му се врти грб на некој кој се труди да успеј? Зошто да се шири омраза? Многу сум разочарана од околината во која живеам
За некој да биде инатлив кон тебе треба и ти кон него.Ако ти си попуштел другиот немало на што да го покажува својот инает
Јас: *сум искрена* Некој онлајн или во живо уз дискусија: Ама биди искрена не би напрајла така да беше за тебе. Јас: (треба да повторам истото оти на некој му е тешко да поверва дека ако мојата реалност е поинаква од другиот дека уствари ... Е тука и е моја реалност ... Вау ... Мајнд блоун) Поента на приказната -- не барајте искреност и реалност ако не сте спремни да прифатите дека навистина постои.
Денес сакам да кажам 2 работи: 1. Колку што ЧОВЕК може штета да направи, било на околината, било на друг човек или животно - ништо друго не може. Добро од каде доаѓа толкава омраза не разбирам? Таквите нека земат да прочитаат некоја книга и нека ги смират своите комплицирани умови, аман. 2. Најсмешни ми се оние „филозофи” кои се трудат да испаднат интелигентни користејќи вокабулар на „висок стил”, а притоа зборуваат глупости, не кажале ништо логично, ниту корисно — туку само ги вртат истите па истите реченици кои можат да бидат кажани на поедноставен начин. После слушањето на нивните напразно кажани зборови, главата ми е полна со прашалници.
Сакам да кажам дека користам прслуци 10+ години ама никој не ми легнал на гради како овој денес шо го земав. До толку шо би шетала само по прслук низ дома. Вистина да ти било дека вешот влијае на самодовербата.
Сдк некој луѓе се толку очајни за внимание па мора да драматизираат да се трескаат од земја да пишуваат драматични постови како они го напуштаат форумот па срцепарателни постови па плачки зошто некој не се сложил со нивното конзервативно мислење и готово го напуштаат форумот со срцепарателни пораки за збогум ,го напуштаат и после два дена пак се враќаат ама нема везе битно издраматизирале.
Што подалеку од луѓе кои пред тебе зборуваат лошо за други, а потоа ги гледаш заедно како да се најдобри пријатели. Од каде бе имате енергија за толку лицемерие?
Понесена од огромната желба да се вратам дома помеѓу своите на своето, се соочив со разделба од драги луѓе кои скоро и да сум сигурна дека нема да ги видам повеќе. Луѓе, кои ги гледав малтене секој ден, ми беа како фамилија, со кои делев и смеа, и стрес, и расправи. Буквално се'. Тешко е бе, ама тоа е. Идемо далје.