Темава доволно ја полневме со оф топици.Има посебна тема за правопис. За последен пат... На форумов никој не го почитува јазикот.Секој пишува како ќе му дојде и тоа е во ред.
Те напаѓаат прашања, случајно поставени во главата: • па до кога ќе студираш? • па зошто немаш пари? • што заработи до сега? • како ќе живееш сам? • што ќе ѝ пружиш на некоја ако се појави? • како би растеле деца со тие приходи? • кога ќе ти тргне? • дали ќе ти тргне? • види ги нив, како живеат • не ги гледај нив како живеат • погледни се сам • погледни назад, вчера, лани... • беше мал, весел и ведар... • порасна брзо, се смееш сега? • до кога ќе студираш? • зошто немаш пари? • студираш и работиш... • плаќаш три пати повеќе.... • нема еразмус за тебе • нема шески за тебе • нема надеж за тебе • до кога пеш? • кога кола? • до кога во Македонија? • што би ѝ пружил ако се појави? • до кога ќе се трудиш да си сам сѐ до диплома? • ...и до подобра работа • ...и до подобри услови и живот • ти се смееја • ти се смеат • до кога ќе ја држиш главата? • иако правиш сѐ, кога ќе ти тргне? • колку можеш да издржиш? • колку години наполни? • каде ќе отидеш? • врати се.. • ....не се враќај.... • ...врати се... • ...не се враќај...врати се... • ...не се враќај... • до кога....
А зошто да не се обидеме да си ги поправиме грешките и да пишуваме како што треба, а не како ќе ни дојде?
За другите важи тоа, за себе не важи. Толку страници цитирања што и како е правилно, а сега, одеднаш, не е толку важно.
Ами нели имаше и таква група такозвани либерали кои исто пишуваа срцепарателни пораки кога беше геј парадата во прашање, па глички, плачки и ете ги назад по 3 дена?
@RainBow се пожали дека ѝ отвораме работа кога ѝ се чита книга. Но,има тема за правопис и сите можеме таму да продолжиме со поправките. Да појаснам,ова е форум на кој модераторите бараат само да се пишува на кирилица и не се противат на употребата на дијалекти. Никој не се држи до правилата и не мора. Битно е да се внимава на јазикот во трудови и учебници.
СДК Многу е смешно кога ќе видам споделени некои статуси по социјалните портали од одредени кои врска немаат што напишале и што споделие ...како се прават фини лепи алоо ве познавам во реалноста далеку сте од тоа што го пишувате и споделувате амa тоа тие никогаш нема да го разберат од нивната самобендисаност, преголема самоувереност, инат, тврдоглавост.... и затоа зборови на нив повеќе нема да трошам ....Имајте убава вечер
Денес ми беше цел ден со full работа. Затоа сега ќе си легнам порано. Но, добро што беше цел ден полн со обврски барем расчистив некои работи за кои се трудев многу долг период да ги завршам. После ова како се да ми стана полесно, но не се опуштам. Ако не денес утре или задутре ќе излезе пак некој проблем. Од еден се откачиш, за друг се закачиш Добра ноќ
Здраво понеделник, првиот есенски ден во година. Денов го поминав онака пензионерски, во ќебенце завиткана, со чаша топло нескафе и маци до мене. Во позадина на тв емисии. Се мислам да искористам еден цел ден од сабајле до вечер да се извозам во јсп. Онака пензионерски, да станам сабајле и да си фатам местенце, некаде до прозор и седам до вечер без да мрднам. Сакам да го набљудувам градот, минувачите, луѓето што ќе се влегуваат во него и излегуваат. Различни карактери, приказни. На денот му кажувам здраво, забегав.
Сакам да кажам дека за човек многу ми говорат нештата кои ги смета за смешни т.е. нештата на кои се смее. Има една тема на форумов, Смешни слики се вика, и кога и да ја отворам појше наидувам на слики од кои ми се плаче или инстантно ме совладува потреба да го гасам форумов, отколку што ми иде да се насмеам. Ако не знаете за што зборам, свртете ги последните 5-6 страници и многу ќе ви се разјасни (се надевам). Друго што сакав да кажам е дека се фатив себеси како периодов се опуштам или со трилери или со цртани филмови. И никако да ја најдам конекцијата помеѓу овие две и освен што и во двете има good guys и bad guys на ништо друго не ми текнува. Ај убава вечер друштво.
Тапа период значи разочарување по разочарување таман помислив дека најдов се што одсекогаш барав кај некого и ништо.. не е фер више