Имам еден асистент, ништо посебно во однос на убавина, може да се каже дека е онака просечен, ама каков глас вадиии.. Ми доаѓа да си поставам шатор кај него пред канцеларија и да си го слушам по цел ден .
Вие што се шетате со балетанки и отворени сандали по дождов што ви е проблемот? Демен дека е јуни и мора да се носат само тие два вида на обувки? Абе облечи чизма да можеш на раат да шлапаш по вирови! Што дека е јуни кога реки течат по улиците, што дека е над 20 степени, повеќе сакате кал по нозете и да ви пливаат во нечиста вода по асфалтов... Не, неможам да ве сфатам! Неможам да се оптоварувам што ќе кажат луѓево низ град ако ме видат по чизми во сред јуни, побитно ми е да не се шетам со мокра нога, а штиклите, балетанките и сандалите неможат да ме спасат од тоа! Ако носете си ги и понатаму, баш слатко изгледа машничето на балетантата потопено у вода, и калот на прстите излезени од сандалката, дека е јуни не за друго!
Ако ми го расечеш срцето само ќе си ги извалкаш рацете ќе се разлее од него само горчина еднаква на моето утринско кафе,наменета за тебе и нема да успееш да ги најдеш оние длабочини,оние другите како светулки во мракот некаде во срцето на шумата.
Јас сум психопат Ја гледав полуматурата и кога ме фати една носталгија за минатотоо... Се потсетив на мојата прва љубов Гледам, на снимката, тој води оро, јас до него и двајцата дрмаме раци, играме Завршува орото, тој сака да се пушти и јас го стискам за рака Ма какво пуштање за рака има да ме држиш О мори муко. А ма таман ќе си речам, го заборавив... Сакам друг, ама не сум го заборавила него. И како што е редот со Print Screen направив 5-6 слики од видеото Укличив на неговиот профил и си ги симнав сите слики од него Будала сум
Ау, ау, тоа видеото од полуматурата е ужас. Ем досадно, ем глупо направено. А и мене ме нема многу, ниту сум како шо треба. Од хеликоптер ме снимале. Нема шанси моите да го гледаат. Одма во канта ќе оди. Само да се надевам дека веќе не го изгледале.
Чувството кога во библиотека,покрај толку барање низ рафтовите,ќе направиш добар избор на книги и ќе го почувствуваш мирисот на стари страници...
Доцна е за каење, зборовите на сомневање, оправдување... непотребни се Доцна е за љубов вистинската и права... измамена си отиде... повредена Доцна е за искреност... Се сруши кулата на довербата Доцна е за нас... те нема Те барам... не те наоѓам и повторно умирам како самоубиец исповед е ова не една единствена воздишка која истура сè од мене... но додека дишам... ќе се надевам до последен здив... ме слушаш ли???
Овие дождливи денови ми навраќаат многу спомени. Ме потсеќаат на него. Баш и затоа ги сакам и тој беше таков. Смирен, и одеднаш знаеше да избувне. Во последно време често ми текнува на него. Каде е ? Што прави? Има ли некоја? Такви работи... Баш си седев на тараса и размислував за сите работи кои ги кажа. Колку само бев среќна и заљубена тогаш.. иако знаев дека следниот ден нема ништо да е исто, од тоа среќна и заљубена ќе останеше само заљубена. Си замина. Вети дека нема да ме заборави,дека ќе ме носи во мислите. Истото му го ветив. Иако помина толку време одвреме-навреме ми текнува на него. Имаше нешто посебно во него, во начинот на кој ми зборуваше, во начинот на кој ме гледаше со тие очи. Искрено, од што беа толку темни,ме потсетуваа на некоја мрачна шума знаев да залутам, да се изгубам во нив. Ми фали тоа чувство кое го имав кога бев со него. Знаеше да ме разбере како никој досега, си ги довршувавме речениците меѓусебно Таков некој ми треба во животов моментално, да најдам таков другар најсреќнa ќе сум. Меѓу нас не се случи ништо, ама сепак имавме нешто . Незнам да го опишам со зборови. Само знам дека беше преубаво и посебно, нешто кое ми остана врежано во срцево и во сеќавањето. Кога ќе го видам повторно незнам. Ама знам дека се дур не дојде тој ден, јас нема да го заборавам, затоа што никогаш не прекршувам ветувања.
Сакам кажам-можам речам. Е така,баш така! Видно изнервирана поради саемов за обновлива енергија,изглед и се друго. Жени....
Или направи нешто да го добиеш тоа што сакаш, или помири се да живееш без тоа. За некои нешта вреди да се бориме, со малку труд и напор би имале тоа што сакаме. Работите сами не доаѓаат кај нас, мора да ги заработиме. Никогаш нема среќата да дојде да ни тропне на врата, треба да се потрудиме да ја најдеме. Не секогаш ќе имаме успеси, но секој пораз ни носи нешто подобро на крај. Можеби се разочаруваме од поразите во животот, но не сфаќаме дека можеби животот ни спрема нешто подобро од тоа. Се' се случува со причина.. освен смртта!
Колку само едно изненадување може да ти го разубави денот и да ти ја направи долгопосакуваната желба-реалност. Најмногу се радувам што сум опкружена со луѓе на кои им значам, кои многу ми значат. Официјално полнолетна! 18ка
Кога животот ќе ти се промени толку многу и кога работите ќе добијат сосема поинаков тек, не можеш да поверуваш дека тоа е твојот живот и се сомневаш во секоја работа што ти се случува. Кога во своја кожа се чувствуваш туѓо оти не си навикнал на таков живот. Одеднаш, ти се остваруваат сите работи кои од секогаш си ги посакувал и едноставно не можеш да се навикнеш. Деновиве заклучив дека во некои случаи упорноста се исплаќа. Јас порано, бев личност која многу се труди. Но никогаш трудот не ми се исплати. На крај се откажав и сега оставам работите да течат сами и да се случи она што треба да се случи. И баш во тој момент кога решив да кренам раце од се` и да се откажам, коцките почнаа сами да се редат. Заклучок: Ништо не се постигнува со сила. Но не во сите случаи. Периодов ми е и повеќе од прекрасен. Чувствата ми се деактивирани и единствена работа која сакам да ја правам е да уживам во животот и се` што тој нуди. Сакам да пробам се`. Сакам да ги направам работите кои од секогаш ги сакав, да појдам на места на кои сакам да бидам, да ја работам работата која ја сакам. Не сакам никој да ме контролира и да ме попречува да ги правам работите кои ги сакам. Пред извесно време еден човек ми кажа нешто кое ми остана во глава. Рече: Се` што сакаш да направиш направи сега. Не слушај никој и не барај одобрување. Дај и на душата се` што ќе ти побара и уживај во животот бидејќи е премногу краток за да не ги направиш работите кои ги сакаш.После ќе ти биде криво.
Неколку работи што ми се случија , неколку лоши искуства многу научив во животот... и едно ќе ви кажам, што можеби многу ке ве охрабри и ке ви помогне Не молете му се на Бога да ви го симне товарот , молете се да ви ги зајакне рацете да можете да го носите вашиот товар. Тоа е тоа , колку порано го сватите толку подобро и едно прашање до металците и они кои слушаат техно и сл , Како се опивате на таа музика ? Ах знамм....Кога сте сами дома рока Шабан Шаулич и Шемса Суњакович а во друштво повраќате на нив кога некој ви ги спомне....Ох бреее
Конечно оставнав дома сама! Си купив нешто од град за јадење, спремав неколку добри филмчиња за гладање и шоуто може да почне! (Не бе не ми е страв, од дека? Пфф храбро девојче сум јас, ќе пребродам до утре )
Вчера во најголемото невреме, на улица се разминав со еден дечко. Јас во чизми, он во апостолки. Не знам на кого му беше понепријатно.