Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469

    Делува како да ти станал страшно монотон ритамот на живот. Џабе што секое поле ти е во ред ако душевната состојба ти праќа поинакви сигнали. Да земеш одмор малку две недели на планина? Земи медитирај, прави долги прошетки во шума, реконектирај се со природата. Тие аеродромски коридори здравјето ќе ти го земат. Време е за stand by.

    Едит: При ,,еквинокс" се нормални овие психо - физички промени кај човекот. Кога сезоната се менува, тоа влијае на коските, кожата, расположението, биоритамот, и предизвикува хормонски промени. Оттаму зголемената потреба за сол и благо. Човековото тело се подготвува за зима, што при еволуцискиот процес во далечното минато значело глад. Не се плашете, само немојте и премногу да забегате па да ставите + 20 кг, пошто и тоа се дешава.
     
    Последна измена: 25 септември 2019
    На buba4e89, theowndemon, tirkenbal и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    90.812
    Пол:
    Женски
    Го гледам и слушам девојчево Грета , тотално искористена за кампања ....
     
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај Грета, и јас го читав твитов на мајка на дете со Аспергеров синдром.
    https://twitter.com/bearshrugged/status/1176175561670049799

    Ја разбирам револтираноста која се појавила кај неа како родител на дете со ист здравствен проблем, но не сметам дека е искористување бидејќи проблемов е реален и ако девојчето (Грета) верува во тоа дека сме способни да направиме промени треба и да се бори за истото.
    Исто како и сите ние.
    Всушност и ние веруваме во тоа, инаку ако не беше така немаше да има никаква смисла живеењето.
    Со огромниот замав на климатските промени полека тонеме. But there's a way out.

    Извини за цитирањево, само сакав да се надоврзам на темава. :)
     
    На theowndemon, Herrera, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    За месец-два ќе почнеме пак да се гушиме во смог и магла во Скопјево и другите поголеми градови (не дека всушност и низ цела година повремено не се чувствува смрдеа и чад во некои населби и луѓе постираат по фб групи за вакви проблеми), ама битно и Македонија придонесува во експертската анализа за тоа како Грета е искористена, кој стои зад неа, а да не зборувам пак за одвратниот хумор (90% од мажи - богови на хуморот + либертаријански/центристички „интелектуалци“ кои се над сите политички структури и поделби, низ социјалните мрежи) на сметка на нејзиниот изглед и тоа дека била „хистерична“.

    Со должна почит кон оние со познавање на Аспергеров синдром кои се загрижени вака како во тредот твитови погоре (ма да ги има и такви, исто така со познавања за истиот, со поинаков и спротивен став), ама повеќето што велат дека е искористена би го рекле истото за било кое дете чисто поради возраста. Општествово засекогаш ќе си пати од занемарување на младите и мерење на компетентност со години.

    И не, не ни сметам дека екологијата ко област може да се смета како чиста политика in the first place, како што не може ни образованието, ни борбата за човекови права и еднаквост и сл. Овие теми во поглед на достапност на деца и индоктринација не се исти како и перење мозок со религија, национализам, величење политички лидери или организации. Така што би рекла дека во суштина не ни може некој да биде злоупотребен за ваква кауза.
     
    На Oxymoron, M&M, crimson и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Всушност голем дел не можат да се помират оти 16 годишно девојче е попаметна од пола свет.:) Па и некои што немаат познавање што е Аспергер направија девојчево ко не знам каква болест да има и затоа не знаела што збори.(facepalm) Не за твитот погоре, зборам за други коментари што ги читав.
    Инаку имам другарка со Аспергер и воопшто не е таква каква што некој неупатен би ја замислил. Баш многу интелигентно девојче е.
     
    На Oxymoron, M&M, Brinetka и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    @Someonespecial се согласувам со тебе, и ќе те надополнам околу само - прогласените almighty инфлуенсери.

    Дефакто, светот претера со користење на сарказмот, како најсимптоматична алатка за незрелост и манифестација на егото.

    Исмевање на млада девојка од страна на возрасни луѓе со доволно свест за еколошките предизвици
    на макро ниво е одлика на дегутантност и психолошки отпор при согледување на ситуацијата
    во која се наоѓаме децении по индустријализацијата.

    Грета дури и да глуми, и да е искористена во цели на политичка кампања, нејзиниот говор е неоспорливо
    валиден и фантастичен. Не кажа ништо ново, но, сето кажано е вредно за повторување, а прашањата кои ги постави достојни за одговор. Мемињата со споредба меѓу Грета и децата во Африка и јужно - американските плантажи кои некогаш работат и по четиринаесет часа дневно за да се исполни капиталистичката норма, е потполно излишна и непотребна. На сите нам ни е совршено јасно дека искористувањето на децата не е ниту нормална ниту здрава појава, но одовде истовремено се наметнува прашањето како говорот на Грета и нејзиното споменување на ,,кражбата на детски сништа" може да контрибуира за промена на нивната состојба?! Легендата вели дека ако Грета не излезеше јавно да зборува, детската експлоатација worldwide магично ќе престанеше, а мегаломанските структури ќе ги повлечеа своите договори за работа на илегалните површини. Fuck logic.

    Кога егото се глорифицира на ваков начин, е паралелно со дијамант кој се крши на милион парчиња. Ваквите компаративни статуси, мемиња, видео преработки не иницираат мудрост, а уште помалку ја претставуваат човечката мозочна надмоќност. Само ги отсликуваат омразата, горчината и потребата за докажување во цели на супериорност.

    И додека нашите македонски инфлуенсери и даље бесно твитаат со хејт за Грета, Македонија се дави во депониски отпад кој повремено се пали како резултат на човечки фактор или висок uv index кој особено беше карактеристичен за летото кое помина.

    Нешто кое исто така е вредно за споменување а оди во контекст со темата, е стариот пат после Арачиново кај гробиштата, кој има ненормално хаотична депонија преполнета со пластика, кеси, амбалажи од лекови која цело лето испушташе одвратен црн (можеби и канцероген) чад. Сите ние кои имавме прилика да го поминеме тој пат бевме сведоци на таа траорна глетка. Поминете некогаш, it's heartbreaking. :u:
    Но, тоа воопшто не е важно. Не е важно ниту Скопје. Зошто инфлуенсерската багра из Париза не живее на ова поднебје. Они ти се пеер..КЛАСА! :)

    Нив побитна им е глупавата Аспаргерова Грета и нејзиниот изглед, а не виралната порака која ја испрати макар и со одглумени чувства и емоции во етерот. Не им е битно Скопје, не им е битна депонијата после Арачиново, Дрисла, Бутел, Вардар. Битни им се лајковите во сразмерност со висината на добиениот месечен процент.
     
    Последна измена: 25 септември 2019
    На Oxymoron, M&M, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    43.674
    Има премногу луѓе на планетава, премалку ресурси.

    Не спасува укинување пластични ќеси и цефки, само намалување на популацијата. Преку глад, болести, војни. Сега е веќе доцна. Богатите ќе се спасат, ситомаштијата ќе преживува, па ќе умре.

    Човекот е штетник, вирус, напаст. Сите ќе умреме, само Планетава ќе си врви.
    Живејте си животот за фамилијата, пријателите и вас.
    Според мене предоцна е за се.
    Тоа е природниот тек на нештата.
     
    На Lella, buba4e89, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    И патем за Скопје не ни е крива Америка или било која друга земја која можеби е главен виновник за глобалното затоплување.
    Конкретно Дрисла ја полниме сите ние, со секое ќесенце и шишенце секој ден фрлено. Не дојде Трамп да ни пали гуми или да фрла отпад наоколу. Грета па ич.
    Мислам од луѓе што ќе ти речат Оди фаќај дечко место да раниш мачки што друго ќе очекуваш.
    Едни Македонци знам дека не можат цела планета да спасат. Ама неваспитањето кое се гледа секој ден не им се оправдува.

    И нека ми се смеат мене што се радувам на двата ембриони - бели носорози. Жал ми е за оние што не ја гледаат суштината на проблемот.
     
    На Oxymoron, Lella, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    На M&M, Dadusicka, gjoker4e и 8 други им се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    16.901
    Не мора да значи дека ако ќутам и не враќам на секое упатено брецкање дека ништо не разбирам што се прави.

    Едноставно, имам поважни работи во животот. Не ме интересираат глупости и тестови на газди дали знаам како да работам и сл.
    Провидно и просто е.

    А најглупо ми е ко ќе ми речи колешката ' Леле, јас па само ти наредувам' постојано бидејќи ми цело ај ова, ај она направи.
    Јас : Не го сфаќам како наредба тоа што ми го велиш. Ако го сфаќам лошо-не-гледам ќе биде хахах.
    Луѓево, се ќе. Напраат за да брецнат или не знам што..
    Не се чудете ако некој почнал да ви враќа, значи сте преминале граница на толеранција.
    Нема денес глупави луѓе.
     
    На buba4e89, piksooki и mileystar им се допаѓа ова.
  11. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    СДК ако купувате патики пробајте од тие што ви се свиѓаат а не да ја замарате продавачката со 15 пара и на крај да си отидете..некој трча да ви удоволи што побргу да не јадете бубрези дека не сте услужени...и можете барем да кажете фала ако не друго
    денес бев во еден дуќан и жал ми беше за девојчето што го измачија за на крај ни фала да и кажат..
    ништо не ве кошта да сте фини :?:
     
    На M&M, cresa-jagoda, LunaGrey и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Си напишав мислење со поголем фонт и сина боја и оп, нема фонт, нема боја.

    Сакам да кажам, сакам така да ми го средат животецот :)
     
    На nextredstyle, piksooki и sjdgo им се допаѓа ова.
  13. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    21.008
    Пол:
    Женски
    Денес напорен ден. Полн со обврски. Цел ден се немам свртено дома. Но добро што испадна така. Кога сум дома ми е досадно и не знам што да правам. Кога сум излезена некаде е подобро. Не сум навикната да седам дома ич...

    Добра ноќ:yawn:
     
    На Oxymoron, Brinetka, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.881
    Допаѓања:
    163.606
    Онаа чудна прегратка со клатење лево-десно, најчесто случувана при "изненадно" запросување по прифатената понуда. Се клатат уз бакнеж едно 2-3 минути, а околу нив сите вриштат. Пресмешно. :D
    Незгодно ми е дури. :D
     
    На Dadusicka, hermosa, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.231
    Пол:
    Женски
    СДК постојат многу теми на форумов, поставете го вашето прашање во соодветната тема.
    Нов член со нови 10 мислења во 3-4 новоотворени теми од негова страна.(facepalm)
    :smirk:
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bruce10

    Bruce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Извини што ќе те цитирам, ама мислам дека една ова е од предностите да се биде машко. Малце може ќе звучам како мизоген ама кај нас(генерално) маживе нема таков проблем(ако твојот пост се однесуваше на девојки). Влегувам ги гледам патиките, ми се обраќаат со дали треба помош, одма кажувам таа и таа патика, тој и тој број, ако е точна ја купувам и испаѓам. Почесто ми се случува да ми речат девојкиве што работат таму, дечко а да си пробаш ова, поубаво ќе ти стои, и стандард ако е усогласено со буџет одма викам дај ако е точна ја зимам плаќам испаѓам, нема потреба од пробување на 10 различни вида па мислење со кој фармерки која боја одат :) .
    Додека сум тука, да си кажам дека во последно време(извинете на речник) скурчено ми е од се. Или како што му вели Лори на Џон во Вочмен, So just like a puppet, you're just going trough the motions.
    Знам точно каков ден ќе имам утре, знам кога ќе станам, знам што ќе работам, знам дека ќе си одам дома и ќе чекам да дојде 23.00 саатот да си легнам, знам дека ќе скролам по фејсбук и инста иако не ме интересира практично ништо додека не се осетам преморен во глава и да заспијам или овака да си куцкам на женски форум во 02.00 по полноќ. Другиден пак истото. Варијаблите ми се храната или музиката од радио. Ужас е да немаш никаков план за ништо.
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. popeto

    popeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    1.530
    Пол:
    Машки
    А ние обичните смртници ќе скенираме сметкички...

    20190926_084446.jpg
     
    На lovestoneddd и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Не е до полот, до карактерот на личноста е. Познавам мажи бетер од жени се кога пазаруваат. :)
     
    На Bruce10, Nausicaa, Alisa22 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    57.650
    Пол:
    Женски
    @Bruce10 тогаш јас машко сум. :D
    Кога купувам патики или било што обично сакам да најдам во првата или втората продавница без многу шетање. А и обично знам во кој дуќан што да барам, и одма си купувам. Мразам шетања со саати од бутик в бутик.
    До карактерот е, не до полот. :D
     
    На M&M, Bruce10, GirlLove и 8 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.955
    Пол:
    Женски
    Ова. Многу твитови ја викаа разгалена, ваква- таква, детиште. Чисто ради возраста. После прочитаа плус за неа и после беше: "епа прај смисла види каква е", а дел од нив демек загрижени. Ужас.

    :bow:

    Не.
    Немаш излезено со брат ми да бараш патики. Ми ги отеква јајцата шо ги немам. Последниот пат седнав на столица спремна да дремнам.
    Или пак дечко ми. Пред да купи патики излегваме неколку пати претходно да разгледаме.
    Јас од друга страна, женско, бирам патики брзо. Влегвам, "скенирам" и ако ми се допадни нешто и би го носела - барам број да пробам, ако не чао дирек велам и влегвам во друго месото.

    До чоекот е. Не до полот. За многу работи ова ама кој да сфати.
     
    На Bruce10, Nausicaa, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.