Моите браќа не гледаат многу патики по тезги и дуќани.Одма бираат во првиот дуќан или тезга,а јас гледам на 2-3 места пред да си одберам. Значи,стварно не е до полот. За девојчено... Ја искористуваат и тоа не е во ред.Ама џабе им е. Никој не сфаќа дете сериозно.Одма сите наоѓаат маани и велат дека е изманипулирано. И возрасен кога зборува за климата е џабе.Да имаше осет човештвото,до сега ситуацијата ќе се подобреше... Но,не...Американците Марс ќе ја оправаат.
Ракче кај беше до сега?! Шала на страна, ти треба викенд на планина со топол чај и камин, во превод релакс тајм. На тема патики: 15пара во еден дуќан не пробувам, не влегувам ни 15мин пред затворање. Е да ви кажам овде каде што работам се влегува и 5 мин пред затворање и се зима количка, се пазари. Некои се без осет и чувство за ориентација, ова доаѓа од Азијците.
Пуштиле плата и поради мојов депресивен период пари не ме радуваат веќе. А знаете ли што имам приметено во животот? Кога малку очекувам, добивам повеќе, значи жими се, не знам по која логика ама кога станува збор за плата, месецов очекував помалку да земам и ко за контра ми платиле 500 евра повеќе за да ме мотивираат. Фала шефе што се грижиш за вработените. Иначе фала ви на советите , чекам утре да го отворат луна паркот па да одам да се извозам на тие количките што се удираат и да си го качам адреналинот како во минатото кога бев среќно дете што се радува на луна паркови у градот.
Среќата е во малите нешта. Глетката ми ја стопли душата. Врне дожд. Под едно дрво зацврстиле чадорче и две чинии, една за вода една за храна.
Сакам да кажам дека ние луѓето сме машини за справување со своето постоење. Некогаш мислам дека ако немам обврски животот ќе ми е подобар. После ми текнува дека секој пат кога сум немала обврски сум имала ментален колапс. Потребата да прајме нешто, потребата да работиме, учиме, мрдаме, движиме. Замислете ден без обврски, ама врни и сте во празна соба, без луѓе, без книга, телефон, лаптоп. Уствари, се шо прајме, сите луксузи и маки кои си ги наметнуваме, уствари се алатка за да не држат во ред, за да не мислиме зошто постоиме, или пак ред други деструктивни мисли. И несвесно, си даваме поќе обврски од шо можиме да соџвакаме. Па се нервираме, фрустрираме и завршваме на психијатрија, со апој. Така да ... Чувајте си го здравјето. Имајте макар книга во близина кога немате ништо. Одмор не е само да се гледа во таван, одмор е и читање, и спиење и разговор со домашните, пиво со другарите. Одмор е клучен и важен, за да не се оптеретиме. Заклучок, бидете среќни, слушајте си го телото. Секогаш ни кажва ко ќе нешто не е во ред. Дали то било некаква физичка или психичка оптеретеност. Следете, запишувајте, бележете. Ќе откриете каков живот имате, шо уствари не сте успеале да забележите претходно. Не сте само некој кој е тука да угоди престој на некој друг туку сте засебно човечко суштество и мора да се ставите на преден план. И то се прај со велење "не" и земање одмор, правење активност која те "луфтира". Ама за време на тој одмор не дозволвајте да имате "луфта", пошто, видете прв параграф. Ви благодарам шо присуствувате на мојот непланиран TEDtalk. Ќе зборав за либидо ама ете друго ми лежело на душа. Останете ми поздравени!
Мислењево го пишувам во темава со цел да биде прочитано брзо и некој да ме исконтактира.Ако некој бара електричар за стан/куќа или на некое место чувар може да ме идконтактира да се договориме се работи за близок мој човек кој е чесен и вредно работи.
Искрено не ми е јасно едно нешто.. Сите луѓе почнаа да бидат толку љубоморни, злобни и радознали се сакаат да видат. Прееска шетавме јас и уште две пријателки и едната ми рече да отидеме до кај мене дома да отидела во тоалет. И ајде отидовме. И кога влезе во тоалетот ми го даде телефонот да и го држам додека да излезе. И додека беше во тоалетот оваа другата ми вели дај да видиме што има во телефонот јас и ја знам лозинката ќе го отклучиме. Велам не тоа е приватно и не смееме да ги гледаме приватните работи. И така си заќути ништо не кажа. Можда и се налути но што да и правам она си мисли сите се ко нејзе љубоморни, радознали, за се сакаат да знаат. Епа јас не сум таква и додека е со мене не смее ништо такво да направи да фаќа по приватни работи, а додека не сум со неа што сака нека прави тоа си е за нејзе. Нема после крушата да падне врз моја глава, врз нејзината ќе падне
Кога некој знае дека имаш работа во некоја установа. Одкако ќе завршиш работа,тогаш им текнува да ти речат: Па што не кажа бе имам човек таму Лицемерие до немај каде. Дека нели кај нас се преку луѓе се вршат работи,мора некој да го бутнат да запали.
Сурфајќи по социјалните мрежи случајно наидов на фоткава: Колку само топлина, љубов содржат овие две фотографии. Татко и ќерка. И тогаш ја отворив сликата на внука ми и ја гледам колку е мала и слатка. Се сеќавам како ја земавме од болница заедно со мајка и. Колку беше само малечка... Главчето и беше помало од дланката моја. А кога ја земав пак во раце... Ах. Мислам дека такво чувство никогаш не осетил дотогаш. Толку голема возбуденост во себе, таков страв да не му наштетам некако на тоа кревко мало суштество. Знам дека ја предадов за кратко кај сестра ми и излегов надвор на воздух и да се смирам. Сите овие месеци ја држев враце, ја шеткав, ја играв, хранев, ја нишкав и успивав. Сега веќе ја држам за рака и ја качувам на кркач. Принцезата на вујче стана голема девојка. Мислам дека не постои личност на планетава за која би се жртвувал моментално повеќе од неа. Сакам да ја научам на многу ствари, сакам да бидам дел од нејзиното растење, сакам да ја насочам и усмерам на прав пат, па еден ден кога ќе остарам, и да ја видам во бел фустан, пресреќна како ме гушка. Ех, би сакал да имам и своја ќерка. Да и ја дадам и неа сета оваа љубов што и ја давам на внука ми. Ќе биде. Ќе биде еден ден. Ќе ми се исполни и таа желба.
После долго време договарање, излегов денес со еден дечко. Со него имам чисто пријателски однос и ок ми беше да одам на кафе. Ама по муабетот што онака најпријателски се договарав за кафе не сме се разбрале доволно добро. Седнавме во кафуле, се поздрави со мене и муабет за факултет, слободно време ...ама го заврте муабетот , како демек дали јас знам да готвам незнам што , незнам како , па тој не се женел со некоја што незнае да готви(штоо ти мислиш дека затоа излегов на кафе) ахаха...Инаку имам колешки, колеги , пријателки, пријатели и им имам дадено до знаење дека не сме повеќе од тоа. Глава ме боли денес од нервоза. Ќе му дадам до знаење дека немам воопшто желба за врска, стварно неубаво се осеќам , како треснато.
Добри 10.5 часа поминати во пишување на дипломска не ти менуваат многу кога си станал... се осеќам ко на нива да сум копала.
еднаш една "пријателка" така ми рече и од тогаш требало нетребало за секаде ја викам " да ми заврши" работа. Ма што ми е гајле има маста да и ја извадам. Сама ми рече сега нема право да збори.