Кога ти е тешко во животот сите ќе ти се јават повеќе пати и ќе ти кажуваат да се откажиш.. Кога ти успева во животот истите тие никогаш нема да ти се јават и да ти честитаат за успехот
Ај,не туку ми се мешајте во јадењата.Ова фалело,она фалело... Ја мајката,вие да не сте Гордон Ремзи или Џејми Оливер? Ова е форум,а не интернационален кулинарски натпревар! И јас можам да ви ги критикувам јадењата и да ви кажувам дека тоа што сте го туриле во јадењето не се тура и дека јадењето можело подобро да изгледа,но не го правам тоа. Зошто не го правам тоа? Затоа што нос не се пика во туѓа манџа! И секој си знае за себе што му одговара да јаде,а што не! Гледајте си ја својата работа! ФМП!
А што со зетчињата? По цел ден ќе лежат на двосед као демек неспособни да го мрднат газот? Ми се лоши од вакви твитови, причина зошто не ги ни следам македонските профили.
Денес си скролам по соц. мрежи и гледам покана за пријател, моја блиска роднина ме избришала (иако немав забележано ) и по некој период ме додала повторно за пријатели. Причината за бришањето веројатно била дека била налутена што нон стоп не сме и биле на дофат за да ја слушаме за нејзините проблеми во бракот. Експресно ја избришав понудата, не ја прифатив. Не сум јас С.О.С на луѓето па нон стоп да ги слушам како драматизираат, да ме бришат ако нешто не им е по мерак, или ако во моментов сум била зафатена па не сум можела да одговорам. Сум ислушувала, давала совети, ама не можам да поместам планини за да биде по нивно. Аман од такви луѓе.
Некои денови заборавам да се логирам на Фејсбук, заборавам дека постои, исто и Инстаграм, исто и сите останати социјални мрежи и останати алатки за денгубење. Ама денеска ми се особено интересни, изгледа дека денов ми е особено досаден
21 век, а некои градови и села се без струја повеќе од 9ипол часа. Во известувањето пишува од 12 до 18 часот ќе има прекин на струјата. Еве сега 9 ипол е скоро. Осет се нема, уште водата да ја сопрат и таман ќе биде. Крај краева утре е понеделник, човек да не може како што треба да се спреми за на работа, за на школо, некои се со мали деца. Ајде само денес да беше, ама и вчера 6 часа немаше... Срамота!
Смачено ми е од сѐ. Се изморив веќе, немам сила. Сакам да одам некаде сама, на некое тивко и мирно место, барем на 2-3 дена да си ги средам мислите.
Еве ме 11 месеци потоа, само 30 дена пред да се вратам дома. Ко вчера да беше кога у рок од три дена се спакував и заминав. На почеток ми изгледаше чудно како тоа нема други странци у канцеларија, полесно ќе ми беше комуникација на англиски. Нема други странци, живеам сам, па како ќе живеам јас тука? Најдов Erasmus Student Network секција и се појавив на acting workshop. Make it more awkward. Што може да изгубам Секако, не беше фората јас да станам глумец туку сам да идам да упознаам луѓе. И да сфатам дека тоа што нема странци у канцеларија со кои би се дружел и полесно би комуницирал на англиски не е лоша работа, туку може да е предност. Предност, ја да бирам со кој сакам да се дружам(и да сум болен дури и кога не сум). Три пати на часови за глума, веќе немав проблем сам да се појавам на салса часови или да пеам на караоке после неколку месеци, како и да најдам некоја која ми се допаѓа у ноќен клуб(секако ова идеше побавно отколку шо би се надевал) И кај застанав? Добив цимер...тотална спротивност од мене, drama queen е премал збор. Спојлер Не знаеше типот дека се движев по невладини и дека ниедно понашање не може да ме изненади и се обидува да ме изнервира. Ја грабна метлата и не ми дава да чистам, fine by me си викам браво. Али секое наредно чистење нудев јас да чистам, не даваше. И доаѓа состанок со организација братов се жали не сум чистел Сакаш и да се жалиш дека не чистам и да не ми даваш да чистам? Одма го сфатија каков е, очаен за внимание и да го сакале. Идеше на некои тренинзи од национална агенција и таму ме претставувал како чудак кој не му зборел, а не знае дека барем 80% од тренериве ги познавам лично. А како и би знаел кога по цел ден глупости збори. Замисли ти дечко да фатиш ми викаНе ме занима тоа. Ама замисли си идам дома и те глеам у кревет со некој. Или јадеш провокативно банана. Ја ладно му одговарам ок сфатив дека си геј, овие глупости ако ги повториш 1000 пати нема и мене да ме напраат. И по цели денови глупости зборење. Ја веќе упознав многу луѓе секоја вечер различен настан, ај дојди му викам, секој ден различен изговор, па само женски пријателки сум имал. Го викнав на фудбал, имавме мешана екипа женскиве беа подобри од барем пола машка екипа. Неќел да игра со жени и си замина Имаше некои настани у градов имав холанѓанка пријателка од друг град дојде кај нас у стан. Немој да се понашаш ко 10 годишно невоспитано дете му викам. Не бе океј ќе сум. Ја предупредив девојкава дека ништо не може да ме изненади од него. Таман излегов од стан овој гуглал безобразни изрази на холандски и ги пишувал на ливче и ги лепел на врата и ме потпишувал мене. Викам браво се надмина себе сеа си второ одделение и невоспитан. Па една од Италија ми беше 3 дена гостинка имаше некој блуз фестивал, овој и збореше идете у овој ресторан он таму ги носи сите свои девојки. Мислиш дека не ги предупредувам луѓето на твоите глупости(иако би сакал оваа да е точна) Шо мислиш дека постигнуваш? Па следеа глупости зборење позади грб како не сум ги сакал луѓето у организација? Биди креативен викам, се шо ќе ти падне на памет збори Имавме еден тренинг заеднички со национална агенција, се обидуваше да ме зеза пред сите, виде дека тие луѓе се дојдени да научат нешто и да соработуваат и после овој тренинг, па 5 дена збор не изусти Зема одмор и у организација ми викаат дека е чуден, не знам дали ме влечеа за јазик да зборувам за овие и неговите останати глупости али тоа би било ко да му придавам важност и не реков ништо, али свесни се дека понашањето го издава. И на страна сево ова, сите тие излегувања и запознавања нови луѓе, ми дадоа шанса да најдам креативни луѓе, способни со технологија, да помогнат. И така работи што чинат повеќе стотици евра ги добив бесплатно. Така упознав девојка од Србија која шо е поискусна у тие проекти и ме нссочува периодов за нешто посериозно, здравје 2020 или најдоцна првите два-три месеци од 2020 уште подалеку од дома со нови предизвици
Ако сопругот крене рака на жената, тоа е семејно насилство, треба да се пријави и никако да не се остане со тој човек. Или обратно, има и жени што се насилни. Ама кога родителот ќе си го удри детето, тоа е само ќотек, воспитна мерка. Онака као, ништо страшно. Детето нека трпи, нека расте набивајќи стравови и комплекси, проблеми со самодоверба, со градење искривена слика и за себе и за она што е здраво и нормално. Абе стварно?
За да некој се сака, треба да има добра причина за тоа. Тоа може да биде нечија смисла за хумор, може да биде силен и стабилен карактер, може да биде нечија грижа и безрезервна љубов, може да биде сигурност, доверба и комуникација каква што не се ствара со никој друг. Најважно, тоа е таква поврзаност и пријатност, што само покрај таа личност се чувствуваме посебно и најубаво. Тоа е магично. И надворешноста нема никаква врска со тоа. Затоа, љубовта е многу повеќе од она што го гледаме кај некого. Љубовта нема да престане кога ќе се смени нечиј изглед, туку ќе престане тогаш кога магијата ќе згасне. Затоа, не престанувајте да ја негувате љубовта.
Додајте плус грашак. Изгледа е до мене ама во се почнав грашак да додавам и одма јадењата се over the top. Плус чадено.
Збогум за сите мозочни клетки кои суицид од текстов ми направија. https://m.kajgana.com/zoshto-zhenite-treba-da-glumat-orgazam Не жени, не им глумете, туку дајте им до знаење повеќе да се потрудат. Или ако не ги бива - баталете ги. Од вакви "стручњаци" и вакви сајтови кои прстот го усмеруваат кон жената ми се сере, пардон мај френч.
' Истражувањето спроведено на Универзитетот во Тексас влучи 998 жени, од кои дури 30 отсто се изјаснија дека никогаш не доживеале оргазам. ' И ова е глумење на големо, 30% ахаааа сигурно