Нема да им возвратам. Впрочем, нема што да се пише веќе.... Не ти е срам? Сѐ едно што сме анонимни сите, не ти е срам вака да пишеш?
Да, тоа беше. Деца живеат со двајца мажи очигледно полни со љубов еден кон друг и кон нив, кои им овозможуваат удобно и среќно детство. Wow, престрашно каде отишол светов, стварно...
Си одам накај дома и на автобуска има фонтана. Куче наминува, се исправува и си пие вода. Една госпоџа се приближува и го брка кучето... Мрш џукело, не ја гнаси водата! Како ќе пиеме ние? Ооо извини ти супериорен хомо сапиенсу. Ти сопственику на планетата Земја. Иди купи си флаширана вода и со кусурот малку свест за коегзистенција со други единки. ЏУКЕЛО!
Кошмар на секој интроверт е непријатна тишина. Боже колку и да мислам што да кажам во моментот, едноставно не ми текнува. Празен мозок. Ааа од друга страна, не престанувам да мислам на глупости кога сум сама. Ќе научам ли некад да правам муабет?
Вечерва Скопје активно води љубов. Мислам дека дури и тие со размак од 5 години вечерва се понесоа. Фала Ерос!
Денес видов две другарки од кои едната беше качена боса на орев (буквално) за да ја слика другата како поминува на пешачки, исподотерана. И тоа е отприлика се за денешните нови генерации...
СДК дека кој како сака нека.збори, ама на здравје мислиме кога ќе се разболиме, на пари кога ќе ги потрошиме и на пријатели кога ќе ги изгубиме.
Уште рано сабајле во 5 пуштив јутуб и се загледав како украсуваат елки и како декорираат по дома за нова година Едно нешто што ме смирува и релаксира е тоа .. ќе се занесам и летнало времето, 2 саати гледам елки и декорации Нема да е чудно ако уште крај на октомври накитам Луда сум?!
Од оваа дистанца, само за првото можам да ти кажам дека е така. Парите и да се имаат ќе се потрошат за првото ако дојде момент пу пу пу. А последното обично се губи кога ќе се случи првото. Сумирано - диоптерот се подобрува кога ќе се деси првото, се останато е илузија.
Ево ме пак, никнувам чат-пат... Честитки на сите бруцоши и бидете то шо сакате не то шо ќе се најди,следете ги соништата слушајте ја мини сајмон. Мене оваа година ми е последна на факс за психо и јас изгледа психо бев штом ојдов денес. Нормално не очекував народ како Малума да иди во Битола,ама сепак резил над резилите. Само јас и колешката од Радобор кутрите ојдовме.А две предавање на ѓо ќе иавме.Ојдовме на едното професорката си рече барем малце поќе души да бевте,ама не бе сестро златна. И така си кажа шо си кажа жената,ојдовме на другио предмет и професорката ко виде дека сме 2 не' пуште нормално шо ќе прај со нас две кутри пилиња? Така луѓенца,бевме две сестри две судбини. Ај четврток сите на ѓо ќе дошле на следните предавања. Море дајте ни 10ки уште отсега од 8 сато онаму станата,треба да ме плаќаат шо му одам на предавања,доста се издадов пари ондеќи јас... Ај остајте са то,денес поќе се радвам на часо по шпански отколку на почетоко на последната академска година Да видите какви шпанци ни предават Ве сакаме со Верка
Чувството кога главата ти е хаос, а другарка ти вика ај избриши ја таа и таа слика од фб, не сме убави.....дали да и речиш или да си поќутиш....
Сакам да им кажам на администрацијата на фемина под итно да си го сменат астрологот што го пишува хороскопот бидејки личи на мотивациски лажен говор на митинг на политичка партија Тие што немале партнер ке си нашле партнер, тие што имале ќе останеле трудни,тие што биле во брак ке имале тензии, тие што правеле роденден цел хососкоп во честитка долгометражна колку да се потполни Ништо вистинито .... колку нешто да се напише
Денес на работа, на едно детенце и тоа со аутизам му се слоши и поврати. Јас исчистив и влегува таа и насмеана демек ' Исчисти?' и вели 'Леле гнасно' гррр... До каде одат бе одат луѓево. Цццц
Сакам да кажам дека серијата 911 емоционално ме изнемоштва. Особено последната епизода. И упорно гледам, ама не еднаш имам кажано дека сум мазохист.
Интересно е тоа што те напаѓаат дека си ваков и таков,дека имаш фобии,а кога ти се трудиш да им докажеш дека има луѓе со фобија од мажи,тоа не им е во ред. Е,ако не е во ред да им лепиш етикети на други,не е во ред и другите да ти лепат етикети на тебе.