Времево е само за под прекривка, пуканки и гледање серии. Тоа и го правев се додека не се сетив дека утре полагам, а ништо немам прочитано. Идеме на среќа... и се враќаме на сериите
Многу сум среќна. Има моменти кои сакаш да траат засекогаш. Едноставно времето да се замрзне. Има ноќи и денови кои сакаш да траат вечно,никогаш да не завршат. Никогаш да не дојде крајот на некои работи. Среќата си доаѓа сама по себе,а ние сме должни колку подолго да ја задржиме. А јас овој пат ќе ја задржам,се ќе направам. Се ќе направам само да сум среќна,и знам дека ќе успеам. Знам дека го можам тоа и луѓето околу мене дека ќе ми помогнат. Ахх таа среќа ...
Јас сум невозможен случај. И FBI и KPA не можат да ме решат. Е зошто де? Ја земав да ја читам „Моќта на потсвеста“, за самопомош демек. Кога ми нема спас. Почнав да ја живеам онаа скриена депресија и не знам зошто станав ваква. Всушност надвор од дома (ако ме знаете) можеби сум најпозитивната личност. Секогаш се држам со оптимизмот под рака, секогаш имам да кажам нешто интересно и смешно. А кога си дојдам дома, абе како да се претворам во нешто друго. Тоа е дел од мене. Легнам со лаптопот и книгата, телефонот и слушалките и ништо не ме интересира. Немам воља за живот. Порано бев како - ќе издадам книга, ќе бидам успешна, ќе вежбам, ќе имам убаво тело... Ахам да,да. И сега сакам убаво тело, ама немам воља да станам и да вежбам. Би можела да си помогнам, ама и за тоа немам воља. Како да ми е убаво вака. Не уживам во тоа да си помагам себе си, секогаш сакам на другите да им помагам. Ми нема спас, тоа е тоа
Постојат моменти кои покрај се мораш да продолжиш во животот. Мора да продолжиш да чекориш, сам или со друг, и покрај сите спомени и сеќавања. Тешко е, но човек се навикнува кога мора. Сакам да кажам, ценете го секој момент што го минувате со роднините и со саканите личности. Затоа што не знаеме животот што ни носи...
Вчера си легнав во четири саат. И денеска како сум тргнала се прашувам и до четири дали ќе ме биде. Ах пуста Фемино, без сон ме оставаш.
Уште малку остана. Возот тргнува во во 6 часот и 45 мин. Уште малку. За помалку од 3 часа ке излезам од дома. Не можам да дочекам. Затоа не ни можам да спијам. Моментално нема посреќно девојче од мене. Тоа ќе бидат моите најубави четри дена во животот. Не знам веќе што да правам од возбуда. Не сакав да пишувам бидејки кога ке се вратам и ќе прочитам ке ме боли бидејки брзо завршило. Брзо ќе поминат тие четри дена. Нетрпелива сум. Не можам да дочекам. А сигурно тие четри дена ќе се памтат до крајот до животот. Ај да престанам бидејки ако се запишувам нема крај. И за крај се што е убаво кратко трае. Како и да е.... Одам да поспијам до 5 и нешто. Барем малку. Поздрав до сите.
Еее па само јас ли си го имам тај пробелм со бубачките? Додека сите спијат, р’чат во 3 и пол саат јас тука бубачки тепам, прскам, и сап’т преку џамо. Па треба некое трајно решение да се најде за бубачкиве, човек не може на раат да спие! Во секое можно ќоше проверих, уште шо немам прскано по ќошињата, влага ѕидо ми фати више, оно тап у групичка околу 10-тина искочат од негде, на корзо во мојта соба, абе ајде! Ама јас најдех решение! (откријааме Америка дека е!!) Зиам забањубам ги малце со чистило за стакло. Ем чисти, ем на убаво мирисат. Прееска накај 2 саат, околу 15 кога ми оскочиле, леле паники невидени, а јас па спремам филмови, грицки, сокови, ни грицки ни сончоглед се узнаја, малце настапииме на сцена, јас како познатото јуначиште Крале Марко, и бубачкиве како Црна Апапина.. Море шо борба падна.. Му се заблагодарувам на господ шо имам ролетни, иначе некој да ме гледал од џам шо правам (таму им е влазот) ќе ми викне жолто комбе! Пу пу. Па може и коа ќе ги запрскувам да им ставам имиња, Стојанка, Петранка, Трајанка, реката Рајна итн. Море си викам, треба да им наплаќам по 50 ден. влезница.. Ааа па не може вака без пари у 2/3 саат да изигравам и поп и туристички водич! Ај идам јас да си легнам, да му ја мислам у следните 2 месеци шо ќе правам за понатам.
Сабајлево мрзливо се спремам за на работа, поспан, утепан, од карши едно комшиче влага дома у штиклици и фустанче. У осум сабајле. И викам, е јебем ти живот, у кој момент поточно од живеење се пребацив на преживување? :/ Пази која разлика е, меѓу нас капиталистички замајаниот свет, убеден дека курсот е вистински, дека кормилото цврсто стои и коработ храбро се пробива кон некоја имагинарна дестинација наречена успех и младиот свет полн со живот. Ние стануваме во осум, тие легнуваат во осум. Ние работиме за плата, тие ја трошат нашата плата. Ние си доаѓаме уморни и легнуваме да спиеме, тие стануваат од спиење одморени. Ние јадеме џанк фуд еднаш месечно и сме дебели, тие јадат џанк фуд секоја вечер и изгледаат ко манекени. Ние трпиме секакви кретени за да заработиме, тие не признаваат никаков авторитет. Ние пиеме три пива у сабота, цела недела не можеме гзот да си го најдеме, тие пијат 10 шатови текила у четврток навечер, у петок сабајле одат на фудбал и шопинг. Ние виткаме зглоб на скали - не можеме да го опраиме пола година, тие кршат нога на фудбал, за два месеца пак играат. Сепак, имаме една поволност и придобивка. Во банка ни се обраќаат со „Господине“. Алал да ни е.
Потполно се сложувам со тебе. И јас се чудам како живеат таков живот, во оваа тежок свет. Но, сум заприметила дека повеќето се преразгалени од родителите, родителите буквално рмбаат за своите деца да можат само да скитаат и си тераат живот, или имаат поимашливи родители, баба и дедо со странски пензии, па им се може. Но, сепак ваквите се поретки, зошто ја знаеме кај нас побогатата класа. Оние кои за жал се побројни, се многу девојчиња кои си одат со мажи за парички, па секогаш се облечени во најекслузивна гардероба, навечер седат по сепареа, на фб вадат по 10 слики на ден со милион лајкови, итн. Се повеќе и повеќе ги дознавам мои познанички во оваа група, и им се чудам, ама знам како е човек да се навикне на висока нога, потоа тешко му е да се откажи од тој живот. ** Надоврзано на темава, јас сеуште сум невработена. Но, започнав да се занимавам со пчеларство, иако овој период со дождови е потежок, но се тешам со тоа дека секој почеток е тежок. Се занимавам и со органско производство, па оваа година мала количина и ќе ја продавам, бидејќи многумина ми бараат од тие производи. Се е ова мала работичка, но колку-толку за мене е доволна засега, со оглед на тоа што на многу ниски позиции имам аплицирано и сум одбиена (за повисоките не ни споменувам). Некогаш си мислам дури и за хигиеничарка би ме одбиле. Скроз сум разочарана од состојбата кај нас и воопшто од луѓето.
Знаеш дека си спремна за мажење, кога мајка ти без проблем ти остава и неколку пара панталони за пеглање на РАБ, без притоа да проверува да не, скраја да е, го изместиш работ!
Мојата опседнатост со шољички за кафе , мислам дека лека полека ја поминува секоја граница . Верен потрошувач на GRAND, не за друго ами кој им е крив дека даваат награди . И така си платив 160 денари за две кафиња и една ш. ама па затоа ми е ехтра `испринтана` со NEW YORK, а има да си ги комплетираш уште неколку градови - метрополи па кога ќе ти дојдат гости ќе им даваш во омилениот им град , со слатко друштво и слатко кафенце.
Јас сите ги собрав, и од Paris и од Rome и не знам веќе уште кој град. Манијак сум по шољи, дома моите кафето не можат да го испијат 100 години ама битно шољички има, една за млеко, друга за вода, трета за јогурт, четврта за сок...и така нема крај. Ете хоби ни е, колекционерки на шољи за кафе.