Понекогаш, магијата на нештата е во очекувањето тие да се случат. Во возбудата, во подготовката. Така се учам да го поднесувам чекањето. И во самото чекање се крие многу убавина. Во неизвесноста
Ние никогаш не бевме ние. Ниту пак бевме јас и ти. А јас те чуствував толку мој, иако реално никогаш не беше. И се чуствував толку твоја, само и само твоја, а ти никогаш не ме почуствува така.
Сакам да кажам дека е прекрасно кога ги читам @Billy Idol @Ostaveniot и @filip4 како со емоции пишуваат за нивните сакани. Убаво е да се види таква емотивност и од машка страна, што ретко се случува.
And, on the end of the day, многу девојки наместо со такви фини момци ќе завршат со ропачишта, ќе минат низ лоши периоди, ќе се разведат и пола живот оштетен... Мислењето за дечките го делам исто.
Само јас и чашата кафе, од другата страна на прозорецот есенски ветер и ситни капки дожд. Есента е најубава кога не мораш да излегуваш никаде. Ви посакувам убав и опуштен петок
Кога имаш особа покрај себе која го заслужува сето тоа не е тешко да бидеш отворен, да искажеш што чувствуваш кога знаеш дека истото нема да ти се одбие еден ден од глава. Напротив, мислам дека нема маж кој не би ги искажал своите емоции на еден или друг начин,во зависност од елоквентноста. Оскудноста со зборови може да се надокнади со контакт. На крај и делата се оние што се битни, нели? Само за истото треба време и права особа покрај себе. @Keanu_R.Wick , нема врска муабетов што го кажа. Дечките што мислат дека се добри и фини, а кукаат зошто никоја не ги сакала, најчесто и не се толку фини. Никогаш сум немал проблем со девојки иако не сум имал ниту пари, ниту па сум бил некоја фаца во град... Ме бирале оние со кои сум делел слични интереси и сме имале сличен карактер. Оние кои ме "одбивале", најчесто и јас кога сум ги запознал подобро не сум сакал ништо со нив. Некогаш и јас сум бил ѓубре према некои личности, а други пак ми ги рушеле сите ѕидови. Се зависи од личноста колку може да допре до тебе и колку е вредна.
Мене не ме знаеш , ла ла ла ла ( те манијачам по темиве, а таму кај што имаш коментирано не пишувам во таа тема ) @Oxymoron , погоди што ? почната е нова сезона ( мени треба јак мушкарац кој може да ме престигне, да ме надмудри , да ме продухови, да биде мој краљ ) Кај сте бе сите ? Пу пу да не преречам, ме држи расположение Прашав за летање со балон, 179 евра од личност, па ќе видам како ќе се договорам со мојов ако иде наваму да го "дувнам" високо да ми прај друштво Ај нека потрае периодов барем 1 недела да се вратам у форма ко порано. Чус
Петок денеска. Кога немам со кој да испаднам како денес, ми иде идејата да се смирам со бившата. Нејзе барем и се испаѓаше повеќе од мене, двајца дечки не изврте, не се умори, алал да и е
Да видиш и тоа како има врска. Е сега зависи од кој агол гледаат и кого гледаат од страна. Не би било исто мислењево да го пишев јас ќе изедев низа контра-реплики како манипулирам, како глумам и слични нечии комплекси "Статистиките" за разочарани сопруги ги имам најдено од форуми најчесто. Се каат што фрлиле фини (или кукачи, пак зависи чии очи и од кој агол гледаат) момци и зеле говедо. Последните две три реченици истотака би ги напишал и јас, бидејќи проблем да се освои нема, има проблем да се задржи. И то.
Не те знам Ти си од младите, јас само со "мамичките" си се бавев не со цел форум.Ама веќе никој не барам нека ми бидат ликовите во главата како што си ги замислувам
Абе бумери се генерациите родени од 1946 до 1964, а не сите над 35, побогу Башка што бумери е тотално американска поделба на генерациите, оти и да сакаш тогаш не можеле исто да се развиваат американците и нашите (немале исти пристап до ништо, не било 21 век па исти работи да им се сервираат). Ама вие си знаете Кога прочитам бумери на македонски на смејавица од патетичност ме тера
Подобро да бидеш со некое говедо(како што ги нарече ти),отколку со некој кој цело време ќе ми се жали и лигави.