Се осеќам некако празно. Премногу ги анализирам луѓето. И да запознаам нова личност (пријател/пријателка, колеги,...кој и да е) , во последно време налетувам на луѓе кои не ми одговараат во ништо и упорно те кане да излезиш ама нормално си бараш изговор затоа што си ги покажал некој забите и знаиш дека нема што да бараш со него/неа затао што не ти одговара. Па, поарно е да си сам него коа ке излезеш со некој да ти скисне и од него и од кафе и од излегување и од губење време-од се!...катастофа.
Нажалост мислам дека такви станавме повеќето. И онака многу малку време останува за себе, па некако не ти се троши на секој, нели? А и релациите меѓу лугето станаа баш така празни и површни. Фала му на Бога за оние неколку луѓе што навистина ти значат и им значиш, тие се тие незаменливите. И како поминува време сфаќам дека сосема се доволни
Некои тестови за интелигенција и други психолошки тестови треба да се воведат на форумот и секој/а член/ка да ги поминува еднаш месечно. Сѐшто има тука.
Денес цел ден полн со обврски. Денес го прославивме роденденот заедно со една друга пријателка. Но знам дека повеќе не славам роденден заедно со некој друг. Се случуваат многу збрки околу плаќањето и на крајот испаднав јас крива. Пошто го славев со типка на која што мора нешто да не и се допадне и да најде некоја забелешка. Така да не сум ја како неа добро на карактер е човечлива, но за други работи не. Секогаш мора да најде некоја забелешка. Така да си знам за нареден пат, подобро нема да го прославам отколку да го славам со некој друг па потоа 300 збрки да настанат. Инаку за прославата многу убаво си поминавме. Искрено не очекував да добијам поклони пошто не сме веќе за тоа, а и беше само обична прослава, но сепак пријателите не не оставиле така. Добра ноќ!
Сакам да кажам дека јас на кино кога одам сум на мака. Воглавно зошто толку ме фаќа нерва па дури да е најдобриот филм и сите да се импресионирани, мене ми се плачи оти немам плус занимација и не можам да доседам. Денес прв пат седев на филм, два сати, во иста позиција и само пикав крекери в уста. Џокер, така знам дека сите филмови кои велев дека се одлични уствари не се. Зошто ти си сам на ниво, чиста 10ка, со плус и ѕвездичка. И се слушам после филм со љубениот, тој покасно ќе го гледа и ме прашва дали ме бендиса филмот и му викам дека не му кажвам за да оди и да се изненади, да не влијаам на мислењето. И само ме прашва: "аха.. колку збораше?" И тука се издадов и му признав дека само краток коментар од три збора разменав со другарка ми и ништо поќе. Сега знај дека филмот е the real deal и со душа чека да го гледа. Во глобала зошто ако филм ми е досаден одма гледа дека почнувам да претам и под мустак да фрлам тивко коментари.
Брза географија е навистина добар начин да поттикнеш деца (па и возрасни) да размислуваат. Еве јас на пример како мала научив многу битна лекција кога играв со мајка ми и другар. За планина на П, Попово Маде НЕ е точен одговор. Лека ноќ.
Утрово, вртејќи по каналиве на телевизорот за да најдам нешто што ќе ми го задржи вниманието, налетав на прекрасна мелодија со јасен македонски и убав текст – Скопски фестивал од далечната 1971 на МРТ 1. Ја поздравувам идејата на МРТ (ТВ канал кој сум го заборавила) да вадат од архива вакви прекрасни композиции со убав и чист македонски текст. Вистинско утринско уживање ! Ви посакувам убав викенд на сите
Сабота попладне, мирисот на вкусно, печено месо се шири низ куќата, омилената плејлиста звучи во позадина додека на бирото ми владее креативен хаос. Неделата што доаѓа ќе ми биде возбудлива, исполнета, полна со надежи за остварување на уште некој сон. Полна со пријатни средби и емоции што отсега ми се прелеваат од срцево. Убаво ми е. Ги сакам ваквите денови, кога се' ми изгледа и малку подобро, посветло од она што можеби е навистина. Но, ретко сум оптимист и денеска посакав да го напишам тоа тука, нека остане. Ако некогаш пак ми е тмурно, ќе се навратам тука за да видам дека и лошото поминува.
Не знам што се случува периодов... Осеќам како да се топам некако, а не ја знам причината. Некако многу чудно се чувствувам. Некако отапени ми се сите емоции, немам некакви напливи на среќа или љубов, ниту пак така или anger. Некако сеедно ми е за сѐ околу мене. Не знам како да објаснам. А ништо ми се нема случено, психава ми е сосема океј. И физички приметувам. Нагло почнав да заслабнувам. Се вратив на тие 50кг што со толку мака ги накачив на 53-4. Сега не знам како и не ми се верува дека пак сум на истото. И исто така премногу почнав да седам на форумов, да читам мислења и општо на интернет, како да бегам од нешто што и јас не знам што е. Затоа мислам дека треба да направам мала пауза од сѐ и да тргнам во потрага по причината за мојава необјаслива состојба, бидејки вака дефинитивно нема да ја најдам. Држете ми среќа! Останете ми поздравени и се гледаме наскоро!
Чувството кога со внуците секој ден го доживувате секојдневието на Снежана и седумте џуџиња и Пепелашка Во Снежана јас сум Снежана, внучка како невиден нарцис е лошата Кралица, и го зема огледалото и си зборува и зборува, и тоа и одговара дека била прелепотица
Имаш право да се осеќаш лузерски, сети се дека понекогаш и најголемите победници дошле до стадиум се да им е неважно и празно...но тоа на што немаш право е тоа да си го кажуваш себеси постојано и да не преземаш ништо Анксиозноста за жал е "верен ппијател" на секоја втора личност, наше е да се бориме и да не дозволиме тој проклет страв од непознато да не победува и попречува секојдневно
Еден по еден сите пријатели заминаа. И не можев ништо да сторам за да ги задржам, бидејќи тие така избраа..
Сакам да кажам кОј сФаТи - сФаТи, НеМа Да Се ДоОбЈаСнУвАм! Ок, јас Демон, признавам дека имам проблем. Користам умрен мим. Длабоко се извинувам. Нема да се повтори. Се надевам дека нема да се повтори, дип мачно е пишењето плус мимов е умрен.
Авантура имав. Одиме кај другар на кафе, влагаме внатре, се пали светло во ходник, почнува да се движи некоја бубачка На трње бев... Ич не сакам бубачки Иако дома сум сега, уште се ме чеша и мислам ќе излезе некоја од негде во секој момент...
Се пребројував и сфатив дека имам изгледано 29 серии за некои 2 до 3 години. Да поделиме со 3 еве.Тоа во просек му доаѓа 9 серии годишно. Не сум лоша #фанатик за серии.