Дали некогаш сте размислиле дека премногу се извинуваме на форумов ? -Пишувам мислење кое го имам и до него ќе напишам се извинувам ако навредив некого.Вистината е дека не знам зошто се извинувам и дека ако ми било битно да не навредам некого не би ни пишала нешто што би ве навредило. -Се извинувам ако има ваква темаЗошто се извинуваш?Ако има само ќе ти ја шутнат во канта.
Ептен сте ми го извртеле муабетот. Ќе ви се приклучам, овака размислувам и за разлики мажи жени, и за црнци белци и за албанци македонци. Едноставно е, нема дефиниција што го прави некого добар. Само затоа што припаѓа на една страна не подразбира добро или лошо. Има жени абе женишта, и знаат да сакаат и интелигентни и работливи и имаат и почит и се, има и жени да те чува господ, како што рековте избегава фини дечковци, ќутлив бил, немал пари, немал школо, па завршува да испаѓа со некој клошар па се жали, или ќе фане добар па иде малце настрана да види што има. Два типа се, на машкиве е да најдат тоа што бараат. Иста е ситуацијата и женските бараат исто кај партнерите, не е дека кај нив по дефиниција е дека сакаат серковци. И девојките бараат некој да ги сака да ги почитува, да биде тука за нив и да не му бидат избор да не го мислат он после збирање со екипата дали ќе и се јави на некоја и да иде вечерта поинтересна да си ја прави. 90 проценти сигурен сум дека типката го откачила оној со празниот целофан од муабетот за поклоните. Луѓето не се по дефиниција добри или лоши, ќе испаѓаш ќе разговарате ќе видиш на што си, ти одговара карактер или не, ако не барај друга ако да, ќе вложиш повеќе време можеби ќе биде супер, може и по две години или повеќе да не биде ништо. Да постоеше формула за наоѓање супер дечко/девојка да ти одговара 100проценти тогаш ќе беше супер вака ќе дадеш максимум да го најдеш тоа што го бараш со многу измени и кај себе а ако сака девојката и кај неа. Компромиси... И не се остручавајте многу, пуштајте се, фаќајте корпи, ќе налета некоја што ќе се согласи да испаѓа со вас па преку нејзе покажете дека сте најс гај, нека зажалат овие што ви дале корпа кога ќе видат како знаете со девојка.
Се изнагледав атлетика, атлетски градени момци, па и девојки. Пред малку поминувам покрај огледалото, како слоница да видов....тоа да сум ти била јас , по волку гледање во мускули
Ма ништо вајлд, само викам дека, корпи сум јадел од такви девојки, а и од поинакви од нив, за покасно не сите туку повеќето од нив, да се спојат со ропак во секоја смисла (камо да бил подобар од мене). Значи не сите, повеќето. Вајлд, имаш забележано дека ме "тепаат" неколкумина тука постојано, за сѐ? Дури и тогаш кога делиме мислења, абе еј, мора па мора да биде мм, не по нивно туку против моето Сакам да кажам дека не знам зошто толку енергија, несфаќање, присилно групирање кој каде припаѓал и слично. Сакам кажам не знам речам -_-
Проблемот е што другите ги наоѓаш виновни за твојот 'неуспех'. Затоа ти се с'ртат. Не чини да се потценува човек, ама не чини ни да се преценува. Имав една другарка, што коментираше за девојката на еден, кој нејзе ја одби.. Глупава била девојкава, грда била... не знам каква била.. другарка ми, била поарна од нејзе.. Зошто тој 'глупиот' ја одбрал онаа, а не нејзе? Епа извини.. ама тебе ако тие глупа, и грда и не знам каква, не значи дека и нему му е. Очигледно дека таа, повеќе му се допаѓа од тебе. И после.. глупав бил тој. Оти бил глупав? Оти тебе не те сака? Ете и ти.. викаш дека со 'ропак' после се спојат. Може тебе ти е ропак, а нејзе не и' е. А и да е ропак... не е твоја работа.. ниту пак е таа глупава или не знам каква, затоа што ти не ја привлекуваш.. Сенкир па тебе, секоја една те привлекува. Секој си има право да си одбери со кого сака да биде.. и немаш ти право да ги навредуваш за нивниот избор.
Во контекст на муабетов за мажи/жени/пари/скапи поклони, СДК дека не ми смета партнер кој нема пари, ист степен на образование или што и да е. Ама тоа не значи дека би била со партнер без никаква амбиција и кој не вложува никаков труд да направи нешто во животот или да си ја подобри ситуацијата. И јас сум немала, ама богами сум се испомачила да дојдам до негде. Има разлика од моментална состојба и прилики, до неправење ништо и денгубење. Во суштина верувам дека никој self respecting маж/жена не би сакал таков партнер.
Вчера исчистив еден куп одвратни луѓе од животот. Синоќа се изнасмеав, изнапеав, се изнаиграв. Нема ништо поубаво од тоа да си опкружен само со луѓе кои знаеш дека ти мислат добро. Од друга страна, имам повеќе луѓе во животот од што било кога сум имала. И имам кому да се доверам, да се искажам, да се изнеасмеам. And oh, the things I have said Животот е убав
СДК дека што и да направиш пак не можиш да им угодиш на луѓето.. Никогаш нема да си доволно добар, никогаш нема да ти кажат "фала" иако во секој проблем им помагаш, никогаш нема да ти кажат "извини" кога ќе те повредат, туку вината ќе ја бараат во тебе.. Но, се ќе помине, само џабе кога секој ден ќе се полниш со нервози...
Две работи што во секое време од такт ме вадат: 1. Имаш ставено слушалки, а баш тогаш некому му текнува да зборува/прашува, после ако не си чул- крив си. 2. Намерно не излегуваш од соба кога доаѓаат некои гости, поентата е да изгледа како воопшто да не си дома, а на твоите токму во тој момент им текнува на Миленче од тетка Соња и викаат од другата соба за да те прашаат што завршила и кај работи сега. А инаку, во период кога го намалив бројот на луѓе што сакам да се околу мене, поисполнета сум. Случајност или не, ама баш тогаш убави работи ми се случија.
Нема повеќе да дозволам да ме искористуват некои луѓе,тоа што ќутам и толерирам не значи дека сум будала и не размислувам со своја глава. Неблагодарноста е нешто што не можам да го простам и надминам.
Толку ли е тешко да бидеме подобри? Да бидеме пријателски настроени? Толку е тешко да помагаме, да не сме егоистични? Да не се перчиме напаѓајќи ги сите наоколу? Толку е тешко да сме човечни?
Не знам како вие ја доживувате љубовта али јас ја доживувам како свето нешто, благословено дадено, подарено. Да сакаш некој и да знаеш дека ти е возвратено е нешто што не може да се опише со зборови. Нема поголема среќа од тоа. Само сакајте ИСКРЕНО, и бидете си искрени према човекот што го сакате.
Нема ништо полошо од лош филм, лоша книга и лош секс. Се трудиш да ги завршиш до крај, а не иде, и не иде. Се чувствуваш лошо да ги прекинеш, а како времето минува се каеш се повеќе и повеќе што не си. Вечерва искусив едно. Лош филм. Најмалото зло.
Колку можите да бидете болни во мозок кога некој ви кажува дека ви паѓа притисок сакате да седнете и влезете внатре, тој ви вели, зар не можеш да издржам уште 15 мин? И онака да си продолжи да си прај муабет?
Две златни правила: 1. Не прави ништо за да те сакаат; 2. Не прави ништо за да не те сакаат. Едноставно е, многу.
Тоа што одиш до крај значи дека нешто те задржува. Јас би рекла дека лошото е производ на различни очекувања и интереси кое треба да се прифати како позитивно искуство зашто и во тој момент има нешто што значи полезност.