Она кога рандом особа бара чаре за некој проблем мислејќи дека е магија во прашање и едни ѝ даваат бројчиња од гатачките и бајачките, а други им се спротивставуваат препраќајќи ја особата кај попови во црква:
Сакам да кажам и цела пица ќе изедам ако знам дека ќе ја изгорам. Можи неделава ќе заборам дека имам крем за лице, ама маска ќе си клам. Се било во балансот. Не вистинскиот баланс, мојот баланс кој е највистинито прикажан на сликава.
Има и трети (поретки се) кои ќе советуваат да не веруваат воопшто во такви работи, и претходните на тоа викаат: Не знАеШ кАкВА мАкА имА нЕ сИ доЖивЕалА зАтОа нЕ сУдИ. Од тоа што сум читала по групи.
Сдк колку и да учам за тест секогаш ќе ми се падне нешто што не ми е убаво научено. Математика не промашува, една задачка од 100 да не ми е јасна баш таа ќе се падне. Зопто бе вака? Еве не знам .
Имам чувство на страв.Се плашам а телото ми е ладно.Да ме прашаш зошто нема да одговорам.Ниту јас незнам.Едноставно имам такво чувство.
Колку убав ден беше денеска, не сакам да заврши Среќна сум што никогаш не се откажав и покрај тешките денови. Во тоа е и големината на човекот.
Добра вечер Денес цел ден полн со обврски. На едни луѓе им изгоре куќата па цел ден бевме насекаде за дс собираме пари кое го организираше црвениот крст. Па собравме доста пари.. Инаку куќата е пепел се изгоре. Добро тие пари што ги собравме секако дека се малку сепак куќата треба да се возобнови повторно, но колку толку сме собрале треба и да се помогне секогаш. Не знаеш можеби тоа пак утре тебе ќе ти се случи. Не дај Боже. Затоа треба да помагаме кога можеме. Многу ми е жал за луѓето.
Еве само да ми порасне косава уште година дена и да прекинам да вечерам и да почнам у теретана и да зеам да учам и ќе видите убаво!!!!11!
Кој и да си шампионе, ти симнувам капа! Секоја чест! https://tocka.com.mk/vesti/321162/d...kraj-na-svetot-da-bide-pokraj-bolnata-devojka
Од денеска свртев нов лист во животот,го сменив животот за 180 степени,убаво се осеќам само Господ да ми го чува здравјето,и ке има драстични промени,како физички,така и психички.
Денес се уверив дека постои некст левел mansplaining (т.е. кога мажите ти зборат ко да си немаш три чисти). И јас мислев дека феноменов е повеќе преувеличување отколку реален проблем ама oh boi. Одам кај раководителот да ми провери демек говор, да ме насочи на правилна дикција, што ти знам. И фати да чита на глас човеков, а успат приметувам дека си додава по нешто ко дообјаснување. Некаде кон крајот почна да ми збори зошто конкретно пријателствата што се создаваат во услови на конкуренција имаат посебна значајност, и дали го сфаќам значењето на реченицата, и дали ми е јасно зошто таму стои акцентот? Бев ко, дали сериозно овој човек пробува да ми го објасни говорот што самата го напишав? Не ме чуди стари дигнати чичиња да ти објаснуваат основни концепти, не сум се справувала со еден и двајца во животов, ама да ми ги објаснуваат моите сопствени зборови бе... Исусе помагај.
Сакам да кажам дека некои луѓе и од денар ќе се збогатат... Чуден народ сме ние скопјаните..во трката по пари ги забораваме поважните работи. Денес застанав на Рекорд да купам од тие пиците 2 за 70 ама имав 69 денари и банкноти од 1000 ден.. ја прашувам продавачката - се извинувам може ли да ви должам 1 денар за да не ситнам 1000ка, утре ќе поминам ќе ви донесам? Ми вика - не! Никако! И викам, добро дај ми 2 парчиња пица и ја подавам 1000ката.. ми вика, немаш поситно? И кажав - извини, немам. Ептен надуена ми врати кусур и не ми даде фискална... И викам, извини може фискална?! Ми врати, и тоа ли ти треба?! Оооо да знаеш како ми треба! А следен пат ќе те начекам на смена и 70 денари по денарче ќе ти ги набројам.. Не..не сум баш сиромашна за денарче. Знам дека некој ќе рече - толку чини, што е проблемот? Ако немаш не купувај... Но.. не е ни за денарчето, ниту дека на тие пици што ги продаваат ќе отидат во загуба макар и сите по 69ден да им дадат денес... За сметка на тоа пред 2 дена во Берово 2 денари ми скратија од сметката бидејќи јас немав ситно а и касиерката немаше ситно .. Ми се случило истото и во Рамстор и во Веро... Никој никогаш не направил проблем, ниту пак јас за 1 денар помалку вратен кусур.. Човечноста е многу повеќе од тој денар и гаден однос кон се што мрда...
А тоа они кога пишуваат глупи цени 299,499,799 и не враќаат денар, па уште ако им спомнеш те гледа накриво, а тебе кога ти фали, а не не!!!
Животот е краток живејте го како сакате. Многу брзо лета времето сфаќаме колку ни значеле некој особи од кога ќе ги изгубиме а дур сме ги имале? Бидете природни и ич нека не ве боли патка за ништо. Размислете колку можности ни се пружени на нас кој што не ни фали топол дом, семејство и слично. Некој луѓе млади им згаснуваат животите а ние дур сме живи не живееме како што посакуваме и дозволуваме да влијаат други фактори на нашиот живот а треба само ние самите. Што ќе се случи ако живееш како што сакаш? Што ќе те кошта ако на саканата отидеш сега и и кажеш дека ја сакаш ако отидеш и му кажеш на изгубениот другар дека ти фали и го баталиш егото. Дали ќе те убијат или ќе те сметаат за луд? Не нема ни едното ни другото туку можеби ќе им се допадне.