-Шљуууууп! -Кабууууууум! -Папапапапаф! -Баааам беееенг! . . . . . -Шо се дешава бе брат? -Нишо бе фрлаат цел апартман во реката Драгор. Драги луѓе и чоеци,стварно така е. Додека некни чистеа онде кај главнио дел на градо кај шо е реката,а за подолу кој ја мати Драгоро е сосема otra cosa шо викаат шпанцине. Ојш накај дрвеното мовче и шибаш надолу накај Нептун глеаш во реката нивни колети (картонски кутии) џитнати во реката.А контињерите таму за лепе очи клаени се дудуци? И да луѓенца и чоеци,има и дабетер. Накај кланица и змијарникот,наместо чиста река онака за мерак да ја глеаш,ние во Битола имаме цел мебел и покуќнина за во случај некој ден да има евакуација па ќе си скокнеме у река нели?Кога се веќе џиткаме таму.Македонска работа така? Остајте то туку она оазана поголема од Амазонија е напраена во реката.Тие тревиштата се повисоки од зградине (не во буквала ама ме разбирате шо сакам кажам). Ако најдам анаконда дур врвам накај Мал Париз ќе знам откај иде. И ко за чешит ќе вииш старо чиче седнат на кеј како се вика то нема везе,јадицата џитната и на ѓо лови риби во река без вода шо се вели. Шо ќе најш чиче?Камења?Фрлена чизма?Полноглавци?Француски шлем од 1914? Толку од екологијата. Толку од културата наша. Ви се молам за еден "аплауз" за алапачите шо џиткаат сваштарија во Драгоро. Иначе време је сунчано и лепо,али види се по неки кишобран.
сакам да кажам дека ветувам дека никогаш повеќе нема да ги помешам љубовта со осаменоста Не значи ако си осамен треба да прифатиш било каква љубов и од било кој,тоа само те убива секој ден
И јас сум работела во маркет.Незнам каков проблем би бил тој 1 денарСекогаш сум попуштала за 1 за 2 денари па и за 5 не е проблем.Некогаш и за 10 но секако неможе на сите.Ама за еден денар...
Сакам да кажам дека живееме во еден не суров туку ултра суров свет, недостаток од емоции, вишок од злоба. Неконкурентна конкуренција и незаслужени заслуги. Ако не се бориш, губиш. Ако не инвестираш во себе, губиш. Ако се потпреш на инстикт наместо логика, губиш. Ако трошиш време, губиш. Суровоста е единствениот бесконечен удар кој не пребира колку сме спремни и на кој начин ќе нѐ удри.
Прекрасно е кога човек се буди под импресии од претходниот ден. Кога пријатните чувства греат во тебе уште посилно. Кога скокаш од кревет за да го прегрнеш денот што следува, знаејќи дека те очекува нешто добро. Кога насмевката од претходниот ден те следи и денеска. Му посакувам секому ваква топлина во срцето
Времево заладува и пак најголеми страдалници овој период се...не бездомниците, не оние без греење и без струја, не оние што загадувањето на воздухот им предизвикува проблеми туку верувале или не- пушачите. Слушаш муабет како така они морале сега да мрзнат надвор да пушат наместо фино лепо секој локал да дозволел внатре. Па ќе им речеш дека на другите им смета па добиваш одговор - абе на толку загаден воздух, вас цигари ви сметаат? Ако им дозволува локалот - океј, нека си пушат. Ако не, нека не глумат дискриминирани ко цигарата да им е лек за потенцијално смртоносна болест па некој сега ги ограничува да го земаат. Или пак, друга ситуација - надвор врне, 10 души стуткани на автобуска постојка, во тој момент на некој му текнува чек цигарче ќе си запалам да растерам гужва околу мене. И си стоиш така на дожд а дотичниот си напраил празен простор од радиус од 5 метри околу него и со тоа двете клупи празни. Да не си па некој што не може да стои, има да дишеш чад дур не му дојде автобусот. И телото не им е зависно од никотинот, туку душата
Не верувам на луѓе што чистат без музика. Дома не знај чоек шо се дешава. Дали се чисти или концерт има.
Затоа ќе се бориш, за да не губиш, емоциите на страна, ќе инвестираш за да добиеш, ќе ги користиш и логиката И инстиктот и суровоста ќе мава ќе мава и ќе и здодее. Башка животот без борба и тешкотии бил ултра досаден. Нема предизвици. I want my adrenaline rising.
^ Да се надоврзам на муабетот од погоре. Мислам дека во никој локал не смее да се дозволува да се пуши внатре во зима. Друго е ако има добра вентилација, но досега едвај еден или два локали имале каде што сум била. Во другите каде редовно одам, во зима не се диши внатре од магли од чад и смрт е за непушачи. Постој внатре 5 минути, излегуваш сета замирисана на цигари. И алишта и коса и јакна, се'. Сега иди "таа сезона" и се надевам ќе забранат пушење внатре како порано што беше. На тој што му се пуши ќе излези, нема да замрзни неколку минути да постои надвор, а и не за џабе има летни бавчи преградени за пушачи. Дискриминирани биле тие, друго се ни е во ред.
Ниту една здрава, сигурна личност не вложува толку време и енергија во уништување на животите на другите луѓе. Ниту еден среќен, исполнет човек не ужива да ги гледа другите - туѓинци - разурнати, отфрлени и осудени. Освен ако не таргетираме насилни, зли или опасни лица ... но, се разбира, ова не е случај никогаш. Се насочуваме кон комичари, политичари, писатели, пријатели, колеги активисти, соработници и поранешни другари. Во преплашен бес, бараме каков било изговор - вербална грешка, политички неправилно мислење, кичест костум на Аладин од пред 20 години… Вистината е дека многу луѓе доживуваат климакс на садистички, стадолики практики кои виреат на платформи како Твитер. Кој може да биде најлутиот, најправедниот и најодадениот во својата омраза кон Погрешното? Кој никогаш не би направил такво нешто, а уште помалку да помисли на тоа? https://unherd.com/2019/10/soon-well-all-be-cancelled/ Мислам, what I've been saying all along.
Најмногу мразам персони кои кога ќе ти направат услуга 5 пати ќе ти спомнат дека ти завршиле работа. Уреду е, боље ич да не ми направеше услуга ММЕ
Фала курцу шо сум болна, оти планирав денес у Икеа по елка и лампињони да идам. Мислам, бев и вчера, ( и многу пати предходно ), али неам уше една рака за да однесам се до дома. Таа тетката со мрзливо окце шо само еднаш не ми се падна на каса дури и ми рече до следно гледање. Ќе дојдам тетко, да ме чекаш. Иначе, како е дијагнозата за атеист шо се пали на Нова Година, и сите тие глупости околу неа, јес да се за Божиќ али ај?
Не можам да разберам како може да ти е ОК да ставиш по социјални мрежи 10 слики во ист пост, со буквално истата поза, иста позадина. Само малиот прст на ногата поместен. Или ни правиш забавно да ни е, да си играме најди ја разликата?
Карлеуша покажа среден прст Дара бубамара си ја покачи цената после видеото со дилдо Катица Јанева му шепнала на Заев Еве каде беше на одмор градоначалникот на Зрењанин Сакам да кажам, ужас медиуми имаме.