Мачорчето деновиве повеќе мјаука од вообичаено, повеќе се гали, буквално секаде не' следи сите дома. Знам дека му фали кучето, неговото најдобро другарче, што го отрујаа пред некој ден. Знам дека тажи по него, го гледам. Секоја зима заедно си спијаа, си се топлеа. Сега со кого ќе се топли така? Знам дека ти фали душиче мое, и мене ми фали, премногу. Секој ден кога ќе си дојдев од некаде, или било кој од дома, колку многу кучето се радуваше. Буквално трчаше од едниот крај на дворот до другиот од радост. Се поздравуваше со сите. Сега кој ќе ме пречека со толкава радост кога ќе си дојдам дома? Се осеќа празнина дома. Фали нешто. Никогаш нема да биде исто. Некако се уште се надевам дека ова е само кошмар и дека кога ќе се разбудам наскоро ќе излезам надвор и ќе го видам како ми дотрчува. Душата ме боли, зошто мораше некој да ми го земе?
Знам како ти е.Пред 4 години некоја будала ми ја прегази најомилената мачка и пријателка која 3 години ми беше утеха во многу тешки моменти.Вечен непребол ми е. Некои луѓе се бездушни.
Почнав да хранам мачки, не можам да дојдам на работа без да им купам храна. А веќе имам едно буцко водам битка додека му ставам да јаде, ми се качува и се бутка. Кога ќе ме види веднаш #meow. А инаку имаме и други, ама овој ми е ептен нај нај.
Не одговарам за луѓе кои се пронашле во мои зборови ко центар свемир да се. Исто така, не планирам да се извинам зашто тие решиле да се увреѓени. Греота е олку жртви да се прајме јер немаме моќ за нешто повеќе.
Ја многу сакам мачиња. Уште од мала ги сакам. Кога ми ја прегазиа мачката ко бев мала цело врене и повторував на баба ми дека сакам маче и кај нејзе го чував бидејќи татко ми дома не дозволуваше да внесувам животни. Моментално имам еден мачор кој си го сакам највеќе на цел свет... Леон Се дружиме повеќе од 3 години. Беше дел од сите мои лоши и убави моменти.. Душа ми е
Моето банту црнче,нај црно што може да постои! А толку мило и питомо,и само сака да се гушка... Последниве пет месеци,најтешки во мојот живот, имав многу тешка бременост пекол од прба бременост,од кревет неможев да станам..за жал бебенцето го изгубив во шестиот месец во бременоста,а сите овие месеци поминати во кревет,срценцево не се двоеше од мешето... од секогаш ми лежел на стомак,а овие месеци само главчето и шепите ке ги ставеше за да не ми тежи и цеел ден не стануваше...значи колку само осеќал мачорко мој.... а кога се вратив дента од болница после пораѓајот,си дојде проба да се намести како и претходно,луѓе неможам да ви опишам колку се исплаши,избега и два дена не ми се ни приближи.... еве деновиве пак си се гушкаме
Ме мрзи да живеам уште помалку да ги читам долгите мислења на Фемина форум а имам желба да дебатирам ...
Знам како е и јас се чувствувам исто за моето куче На некои луѓе не им е јасно.За нив кучето е само милениче.За нас не е така,за нас е дел од семејството.Не знам како може да има волку злоба.На некои им е смешно што е навистина жално.Некои пак ќе речат оваа будала е чим за кучето плаче...Ги има од секаков вид. Но какви и да се што и да има неможеш да го вратиш тоа што е изгубено.Нека почива во мир твоето куче барем не се повеќе дел од ужасите на нас луѓето
Жална вест за Битола! ШИРОК СОКАК УМИРА! Бев на шпански,оттаму на кафе (патем изгор се кафињата сега јбг)и после ојдов да го глеам Џокер на кино(кој патем заслужва Оскар мајке ми)и едно крукче низ Широк. И лани немаше луѓе,ама оваа година апла нема. Ко во проколнат град да живеам. Пуста пустелија! Ни млади шетаат ни нишо,а на лето ќе вииш ја да не мојш да дишиш а камоли да поминиш. Знам студии,работа странство ова она,ама и порано имаше така ама не беше градо толку град духова бре!Полојна кафичи ојдоа у три лепе се напраја казина до казина,чаршијата стана дувло на сомнителни сурати и порано шетав слободно низ градо ама сега толку е морничаво навечер шо се чудам откаде ја иам таа храброст сама да си бегам уште дома.Ќе дајш еднаш пари за такси,ама не мојш на секое. Значи многу сме creepy town.... Ни живост има поќе градо,ни луѓе ко луѓе,ни другарства,ни вредности општо,ни љубов да се шири наоколу (love is not in the air in Bitola,it's highly overrated now),ни екологија иаме,ни култура,ни река ни нишо...се парчиме бе брат...некако е шо знам...чудно... Дај да се вратиме чоек,ни умира роднио град... It's sad u know? Heartbreaking man... Битола не е Битола бе чоек. Нишо не функционира како шо функционираше. Штета.
Душа ме боли за ова што го напиша... Ни умре градот! Никогаш,ама никогаш не верував оти на ова дереџе ќе дојди "најградскиот" град!
Штотуку прочитав дека имало земјотрес. На сиот што падна... Е само на апликацијата за земјотреси ништо не дава.
Одбивањето не е помешан сигнал. Да кажеш некому дека не сакаш да си со него не е помешан сигнал. Да не сакаш да се објаснуваш не е помешан сигнал. Моќта на согласноста пред све остало. Уште колку пати да се повтори, за да 'помалце комплицираните ' се научат на ред.
1. Пишува проблем рандом член/ка; 2. Пишуваат останатите опции и решенија; 3. Пишувам решение и јас; 4. Добивам од сосема трети комплексно-болни: AAAAAA!!!! RRRRR!!! EIDNEUZAGEBDIABWJDDISH#-$($[€×¢¢=|✓÷%=`JDODEKXNIH!!!! 5. Не знам...
Слободно време. Да напишам нешто. Ја обожавам човечката психа. Другар мој свиѓа девојче го острам, оди и твоја е, вака ќе напраиш, воа и воа ќе и кажеш, овде вака онде нака. На крај или ќе биде работава или статива, не губиш ништо ако пробаш. Ако биде топ ако не, не е мал градов, има и други. Исто кај мене, треба да се решам да тргнам, и сам си викам а да не одам Интересно како сме спремни и одлучни да реагираме кога се работи за други, за нас малце така се повлекуваме... The grass is always green on the other side...
https://hashtag.mk/se-vika-chudo-kuche-pronajdeno-zivo-eden-mesec-po-uraganot Храброст на дело ! Сеуште има добри луѓе во светов ! Се надевам дека Miracle ќе си ги најде сопствениците и повторно ќе се спојат и ќе живеат како и пред ураганот
Осеќам дека последниве 2-3 месеци попуштив психички, и тоа многу. На секоја добра вест, на секоја радост, има бар три трагедии, неубави, немили настани што влијаат ужасно на мене, и на моменти не знам како да се справам со сите тие информации и емоции. Ме погаѓаат ствари за кои порано сум била емпатична, но не до овој степен. Постојано сум опкружена со смрт и болести. Не знам дали е некоја епидемија или сега ги регистрирам на поинаков начин, но не ми се допаѓа воопшто. Сообраќајки, предоцна или неоткриени болести, самоубиства. Премногу познати, премногу млади лица отидени одеднаш... што се случува?! Под итно ми треба некоја позитивна промена, но осеќам ко да се вртам во круг. Од личност што со мајтапење беше спремна да легне да ѝ го оперираат секој дел од телото во било кој момент, почнав да се плашам од најобични нешта, рецимо на еден забар да појдам. Кај е и што прави таа Виша сила? И таа ли се ориентира кон градење живот на Марс пошто ние сме апла у курац ојдени? Не дека сум некакво индиго дете или подарок на светот де, ама што не си бев бе некоја така апла глупа, неписмена, па да си прашував koko bapi je pisi под постови, да ме занимаше Ким Кардашијан и богати бескичмењаци? Јебем те, животе, маќео.