Тоа е животот...сите се справуваме со секакви трагедии,депресијава како епидемија се шири...цел свет сјебан тоталка... ама ете сите со некоја цел сме на светов,сите со некоја улога што мораме да ја одиграме до крај,ама секое лошо за добро нека биде... поминав низ пекол периодов си го родив синчето во 6ти медец пред точно една недела!!! Трагедија голема! Тажно многу ама тоа е...најсаканите и најблиските ми се тука до мене,дечко ми што скоро цела бременост бевме скарани е покрај мене, за најбрзо време се ке се среди! Верувај си во нешто,дали господ дали виша сила,што и да е, верба само за подобро утре... be strong
Џабе залажуваат купи по 2- 3 жетони и кур ќе ти се падне од машината, тоа ниту фаќа, толку е лабаво што ништо не можев да уловам. Денес е фамилијарен ден во луна паркот па за среќа поефтини беа жетоните кај количките , па после сета нервоза и безуспешно ловење , фино лепо си се провозив. И така, обичен ден , ладно, носам капа......кој носи капа да ми го лапа .... и тоа
Ај некој нека ми објасни што значи жаргонот се флекса? Као слушам многу деца го употребуваат... Еј остај, многу се флекса. Сфатив дека сум стара. Океј
To flex - to show off, некој да се фали и покажва колку има. Да не е брат ми не ќе да знам ни јас ...
Некој спомна Битола била празна, па сите градови у суштина се. За сметка на тоа, Скопје е пренатрупано. И тоа нема ни капацитет да собере толку луѓе. Али битно тука сме. Зошто не се шири градов површински, наместо да се градат згради на секој слободен ќош и да се прошируваат стари згради? Па секое семејство има по две коли минимум. И после загадено, па ќе се труеме секоја зима и ќе умираме од кардиоваскуларни болести.
Кога одам во теретана се чувствувам како некој од вработените. Постојано местам тегови каде што им е местото, бидејќи ептен мразам неподредени работи. И не ми јасно што е толку тешко кога ќе завршиш со вежбање, да го вратиш таму од каде што си го земал.
Тоа машата или како и да се вика , намерно е направена лабава и слаба , и да фатиш нешто , таман пред онаа дупката ќе ти падне . Толку е слаба , што не додржува ниту најмала играчка . Не си фрлајте пари на тоа , подобро купете им играчка на најмалите , а со тоа може да останете и без пари и без играчка .
Факт е, секој од нас може и треба да си прави свои математики, да си има свои гледишта и сфаќања, ама Не може и не треба истите без да промислиме, да си дозволуваме секаде да ги форсираме и на сите да ги наметнуваме да ги прифатат. Мора да се почитува некој ред - како, кога и со кого му е место а кога Не. Општо земено, " петлите " важат за одбивни, непосакувани и луѓе коишто шират лоша енергија и атмосфера. Ако некогаш закочиш, ја смириш ,,топката" и решиш да си премолчиш и само слушаш и опсервираш, Не значи дека си глуп или помалку паметен.
Фб група женски домаќински муабети Мајка објавува дека на 11 годишна ќерка некој педофил и пишал. Секој втор коментар беше па што бара дете да има фб?!Зошто носеле кратки сукњи девојчињата???? Ми се гадите бе. Ниеден не рече алооо тоа е болен педофил треба да се бара чаре,полиција и слично.Дете од 10 год го предизвикало со сукњата.А машкото дете со што го предизвикало???Со маичка на кратки??? Безобразни,без емпатија луѓе...Само пусто турско за вас.Само и тогаш Цвета ја силувале зошто сама си го барала,отишла на нива... Пу јазк
Утрово се возам со автобус, како и обично гужва, сите како сардини бевме згужвани внатре. Мајка со две мали деца се качува на рекорд и бидејќи нема место кај да седне стои жената кај вратата, едноставно нема простор ниту повнатре да оди, ниту пак да се качи горе. Следната постојка, како што се отвара вратата, му ја закачува ногата на едното детенце. Детенцето почнува да плаче. Се направи таков хаос, сите почнаа да викаат, возачот одма ја затвори вратата. Среќа на детенцето не му беше ништо. Одма сите во автобусот почнаа да и' прирекуваат на мајката, колку била немајка, како требало да седне некаде, а не да стои пред вратата. Балкански менталитет и култура . Ептен ми падна жал за жената, беше на работ да се расплаче кутрата. А тие госпоѓите што беа испоседнати на седиштата, можеа наместо да бистрат политика и да и' прирекуваат на жената за тоа колку лоша мајка била, да станат и да и' отстапат место.
Јас само на деца и на трудници станувам. Ама секогаш, секогаш без исклучок. Безобразно е, ептен. Една стара еднаш се испокара со една жена оти не сакала да се вози уште една станица плус за да и помогнела да се симне. И планови на непознати ќе прави, бе!!!