Znaci covek ne moze na raat da izleze bebe so kolicka da prosheta niz maalo..Kolive parkirani na trotoar,a nekoi od niv i sred ulica si dremat so 4 zmigavci,najloso od se e sto site se parkirani nadvor pred kuka a imaat garazi ili parking mesto vo dvor. I kaj da odam ja,so bebe,so kolicka.. da odam srede ulica zasto nemam izbor pa ako nekoj me odnese pak ja ke bidam kriva! Znaci nema da bide od nas luge nikogas!
Работата е што автомобилите имаат секаква предност. Пред се и пред сите, се е за нив приспособено. На пешачки е на нивна желба дали ќе ти застане. Прво, застануваш на пешачки, гледаш врвулица коли и нормално чекаш. После некое време некој ќе се смилостиви да застане, тебе дури не ти се верува и не тргнуваш веднаш, што од неверување, што од страв некој попаметен од позади да не излета и да те собере. Па шоферот што застанал мора да ти мафне со рака дека да, ете, се смилостивил да те пушти. Паркирани на сите страни, кај им текне застануваат, вртат на две полни, на пешачки острови, застануваат на велосипедски ленти. Семафорите две секунди се зелено за пешаци, додека да стапнеш пак е црвено. Чекаш и чекаш и чекаш на семафори. Чекаш на пешачки. Катастрофа. Летно време се печеш на сонце, зимно време се мрзнеш. Ќе застане на семафор и одма телефонот во рака, да види да не испушти на фејсбук нешто битно. Па мора да му свират од позади дека треба да тргнува. Се вози со телефон во рака, се пишува порака додека се вози. Што народ ќе бевме свесност никаква и за ништо да немаме...
Многу луѓе ги сакаат филмовите на Холивуд и Америките,мене нит ми се интересни,ни ги сакам.За мене Холивуд се МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ едноставно ги обожавам од мали нозе
...сакам да кажам и воедно да признам дека денес научив некои нови работи од форумов, наиме ако некому нешто му смета и му е непогодено ( значи треба да се ќути и да се прифати неточното, односно да се нема сопствен став) таа особа е всушност манијак т.е. самото однесување е манијачење или медицински тоа е нешто блиску или исто со умоболен! ...ете, сакам да кажам дека денес после толку време што влегов на форумов веднаш ме етикетираа за манијачење, пааа благодарам !
После ваков работен ден ко торта на шлагот ќе си подготвам купка. Значи некогаш деновите ми се , што ме тераат да се чувствувам убаво, па или да си купам нешто или да се бањам. Денес го избирам второто, а после тоа ќе си направам кафе по мерак.
Мене еднаш еден ми заврте полу круг на сред улица за случајно да не му се фрлам пред кола а јас само чекав на пешачки за да поминам.
Многу мразам кога некој ќе ми рече дека и покрај тоа што не пушам цигари дека и јас ќе умрам.Океј луѓе знам дека ќе умрам како и сите вас што одбирате да си го иструете телото.И што сега?Треба да правам нешто што не сакам?Аман.
Како минува времето и примерите, си велам, си умрам и го оставам со деца... не сум така голема душа од срце да му посакам да се прежени... Кога гледам како инхибираните желби искачаат, а и сета неискреност. Мр.Џекил и др. Хајд. Изгледа не сум добар човек. Добро ајде, голем човек. Ако сочувството и тагата ме прават грешник. И тоа само ради децата...
Јас: нагонски фрустрации Гугл: ХоРоСкОп Јас: не, ај ќе сменам барај, репресија на сексуален нагон Гугл: КаКвИ сЕ хОрОсКоПсКиТе ЗнАцИ вО кРеВеТ Јас: ... Гугл: ... Јас: ... Гугл: ТоП 5 зНаЦи Во КрЕвЕт
Потсетете ме во иднина пред да посакам да помогнам и ислушам некому дека нема да вреди, дека сите се дебили и гледаат само за себе откако ќе те искористат. Често се прашувам, каде отиде чесноста, искреноста, добрината во луѓето? Све то огорчено, те гледа напреку, гледа како да ти зарие нож. Ама не, ние добрите поради тоа страдаме, гледаме да помогнеме, да бидеме фер затоа што не знаеме да кажеме НЕ. И плус, голем хејтер сум некогаш за празници, чинам само тогаш има најголемо лицемерие меѓу луѓето као среќни се што те гледат а во мисла им е како да те заебат. А бре Македонче, а бе балканштино, со таков сељачки менталитет никаде нема да стигнеш. Убаво знаат на Запад, никој со ништо не се замара.
Најмногу стрес и ментални препреки се јавува во семејства кои треба да изобилуваат поддршка, разбирање, емпатија, помош, и љубов, а за возврат се добиваат казни, забрани, хистерија, обвинение пропратени со вербално и физичко насилство. Работи преку кои никако не се преминува, но кога постои финансиска немоќ, болка, загуба, се затвараме во мембранска школка исполнета себе - обвинение, дури и тогаш кога објективно не треба да го има. Годините минуваат, харизмата и насмевката на лицата успешно го маскираат есенскиот дождец во кој се дави плачот на душата. Од надвор се чини цветаш, додека физички и психички се рониш како трул цвет во црна земја полна канцерогени честици. Многу ми е жал што никогаш и никој нема да дојде да ги види и чуе сите ментални предизвици со кои се соочуваме на дневна база, сета дисхармонија, депресија, анксиозност, агресија, деструктивност која тлее и нѐ владее, никако нѐ доживувајќи креативна рефлексија, и згора на сѐ остава длабока трага која не се брише ниту за илјада години. До кога само не знам, со што го заслуживме ова .. сите генерации родени под лулката на осумдесеттите и деведесеттите години, кои простор за индивидуална реализација. Нема да почнам за уназадениот развој на психолошки план кој го имаме сите ние родени овој период, а од разно разни причини сме заглавени во домот, што поради наши грешки, што поради грешките на нашите родители и нивната негрижа да нѝ создадат можност за малку подобра иднина. Живееме за денот кога ќе си приуштиме топло катче во кое конечно би пронашле спокој и хармонија. Нов дом, во кој нема да мора да се живее со дечко/сопруг/партнер по цена да се избега од дисфункцијата во домот, туку и сами со себе би се чувстувале комплетни и среќни. Дом кој би претставувал чистилиште, ослободување од сите претходни негативни предизвици. А, тогаш кога ќе настапат тишината и самотијата после динамичен ден, нема да ги гледаме како орловска итрина која обзема со канџи и растргнува, туку место за одмор и ментална релаксација. Жал ми е за себе, и за тебе, и за секој оној кој ќе се пронајде себе сѝ во овој пост. Дури и за оние кои се соочиле со слични обрасци на родителско тиранско однесување, а веќе се одамна излезени од домот, но, сеуште се тероризирани од сеќавањата на минатото. И за секој оној кому му е срам да проговори поради его, гордост, страв од обвинување или исмевање. За сите нас само надежта и духот на борбата остануваат да тлеат во воздухот, заедно со желба дека ќе се укаже прилика за ,,полет" еден ден. Полет кој сите ние заслужуваме да го добиеме.
Пред некое време имав работа во полиција овде. Тргнав и кога стасав на влез стоеше еден полицаец, а јас ја носев маичката на која пишува "I'm a cat". Тој кога ме виде ми вика "You are a cat, but I'm a dog" И јас уште рака му подавам му велам "I'm a glad to meet you."
Колку мизерија има во една личност која од пуста желба да има повеќе следачи на инстаграм отколку оние кои ги следи, ќе те додадат па откако ќе ги заследиш, те бришат. До толку сте мизерија па не ви се даваат 10 ебани долари и да добиете стотици следачи кога веќе толку ве исполнува бројката, па дремете цел ден со телефонот у раце пратејќи ситуација кој да се тргне следен. И пак мизерија ви е бројката на следачи и пак мизерија ви е профилот, кој ви е крив што сте досадни ко кур па никој сам не ве заследува. Гроус.
Еве и да не се досадни, на кој нормален исполнет човек што не заработува од тоа му се битни бројки на инста човече... Што убаво кажа, баш до толку мизерија.