Едно видување,еден век! Еден збор,еден алтан! Човек умира со полно срце а не со полни џебови.Кога би биле ваквите денови почести! Убавина денов луѓе,убавина!
Ќе испушти душа кај и да е бабата а тој ќе наследи некоја куќа и пари. Што ли се не прават некои луѓе за да стекнат богатство, патетика.
Пред.малку.изедов.пола.кило.сладолед. Ви.кажувам.чисто.за.да.ми.олесни. Иначе.на.диета.сум. Пак.не.ми.работи.спејсот.не.ми.замерувајте.
Во топлите месеци од годината, најдобриот начин на кој можам да го искористам времето, е да излезам со фотоапаратот. Кога сум зад објективот, секогаш губам ориентација за време. Фаќам парчиња од природата и секојдневието, а истовремено си да го одморам мозокот и се дружам со кутрето. Во маало расцветаа и првите сончогледи. Најубави ми се од сите цветови. Па го прашувам вујко ми: Како може сончогледиве да се толку убави и големи, кога нема сонце. Види ги облациве, сиви и тмурни. Тој: Еее, ама позади тие облаци има сонце. А сончогледите можат да го најдат секој мал, навидум невидлив зрак. И ете така. Човек може да научи нешто и од цвеќињата.
Многу одамна не сум слушнала искрено ТЕ САКАМ... Ти благодарам што постоиш Убавини,убавини,убавини...Уживајте и останете ми со здравје
http://fokus.mk/fizika-i-hemija-k-e-se- ... oddelenie/ Ај со уште нешто нека ги измалтретираат децата уште од прво одделение. Пред две недели случајно дознав дека децата уште од прво одделение освен што знаев дека учат англиски, дознав и дека учат германски, па тие се толку мали што македонскиот јазик не го знаат како што треба, па уште и два странски јазици од прво одделение им наметнале. Па јас англискиот јазик почнав од 4 оддление да го учам, а германскиот од 6 одделение. А сега читам дека физика и хемија ќе им вовеле и од прво до трето одделение, па јас тие предмети ги учев првпат во седмо одделение, па пак за мене беа тешки и бараа учење, како ќе научи некое толку мало дете толку тешки лекции.
Сакаат да се направат како божем Македонија да е европска земја. Мислат дека ако им воведат астрономија уште пред да научат да се потпишуваат, готово сите ќе ги примаат во МЕНСА. А не разбираат дека образованието го уништуваат, и децата не можат веќе да бидат деца.
Незнам од каде ви е оваа информација и се извинувам што се мешам, но децата од прво одделенио учат англиски , но не и германски. Што според мене е во ред, учат по слики, бајки , цртат. Мојот првооделенец својата учителка по англиски ја викаше учителка по ликовно. Значи повеќе им е забавно, отколку што е заморно. Јас сум ЗА учење на англискиот уште од прво, па сега без основни познавања никаде неможеш да се вработиш.
Еве сум и јас конечно во темава, после долго време... Овој пат, со сите положени испити, на чекор до магистратура која ми ја закажаа не на било кој датум, туку на мојот роденден... Среќата е голема, немам зборови со кои би ја искажала и би ја претставила баш толкава колку што е. Конечно, ја постигнав целта, или барем сум блиску до неа... Малце збунета, незнам што ме чека ама си викам ќе се среди се полека. И не! - Сега нема да мислам за ништо, баш ништо, сега ќе одмарам и психички и физички (повеќе психички), се спремам за одмор и за најубави денови поминати со љубовта моја и со нашето омилено друштво, уште еден пар со кој ги делиме сите посебни моменти. Со мојот А. радости сум... Како и секогаш! И тој имаше успешна недела и конечно понуда каква што чекаше цел живот, далеку од нашава земјичка ама ако... битно ќе напредува, ќе напредуваме и тоа пак Заедно! Верувам и се надевам на тоа... Убавини луѓе, убавини, среќава што ја чуствувам никогаш не била поголема! И во мој стил кажано, нека потрае, заслуживме.
Само вие мислете си дека мене сама ми е досадно или сум осамена. Е НЕ! Баш кога сум сама имам огромна желба за вежбање. Ќе се видиме во Септември бичес и бичачос. Mwa.
Се прашувам дали ова што трчам цел ден да помагам на другарки еден ден ќе ми се врати? Колку услуги сум направила и јас незнам ни на колку другарки, незнам дали на крај тоа се ќе се исплати и тие дали го заслужуваат тоа? :? Веќе не сум сигурна во ништо затоа што по сто пати се изгорев на вакви работи .
А ти помагаш за да ти се исплати на крајот? Чекаш да ти вратат за тоа? Ако помагаш, помагај без да очекуваш нешто. Ако сметаш дека личноста која ти бара услуга не заслужува помош, тогаш не помагај воопшто. Всушност јас за тие што мислам дека не ја заслужуваат мојата помош за било што, не се ни дружам со нив.
Многу пати ми се има случувнао да помагам и кога еднаш не ќе можам некоја работа да завршам одма се лутат, и се понашаат како никогаш да не си им помогнал, те отргнуваат од својот живот и се странци за тебе. Затоа веќе не сум сигурна во ништо. Денес сепак решив да помогнам иако личноста што побара помош од мене воопшто не беше заинтересирана за НЕЈЗИНАТА работа па јас морав по 100 пати да вртам на 100 броја а што ќе и беше тешко кога ми го прати документот и да ми напише нејзин матичен број и број на лична карта затоа што тоа се бараше во документот, најтрагично беше ми кажа добро ќе ти пратам на фб информации и ја немаше па јас и се јавив да ми ги каже тие податоци...
Епа според ова јас единствено што можам да заклучам е дека ти си премногу наивна и треба да си свесна дека само те искористуваат. Тука нема другарство и помош по своја слободна волја. Не ја барај вината во другите туку во себе. Тебе никој не те тера со сила ништо да правиш. Ти треба да ја поставиш границата.
Проклет Вип, да ти се плукнам во мрежата!!! Два реда муабет да не може да се направат, да не може човек за една најобична работа да се договори од постојаното сецкање Зошто ја плаќам тарифата кога треба преку вибер да се договарам што, како
Лесно е да ги соблечеш сите алишта од себе си, и да водиш љубов, луѓето постојано тоа го прават, но да ја отвориш вратата на својата душа некому, да му ги отвориш вратите на својот дух, мисли, стравови, иднина, надежи и соништа, е тоа значи да бидеш целосно гол. Се во животот можеш да створиш, баш се освен душа. Со неа мораш да се родиш..
Нели дојдени се кинезите за да го градот патот до Скопје.Со еден од нив се допишувам, човекот ми даде дури и број. И седиме на клупа со другарка ми и решивме да му ѕвониме.Го сецнавме и тој се јави, ама ништо не бидна од разговорот бидејќи ни беше страв од него, ни го знаеме, ни ништо, којзнае каков човек е.Инаку си го видов симпатијата, личен како и секогаш. Ама готово кажав дека ќе го заборавам, така и ќе биде.