Дали сум изрод што не се лутам кога некој ќе ми исправи граматичка грешка? Баш напротив, ги ценам бидејќи учам од тоа. Така научив дека е правилно ,,сè уште”, а не ,,сеуште”, ,,не знам” а не ,,незнам”, ,,интелигенција”, а не “интелегенција”, дека се остава место после запирка кога пишуваме на тастатура, дека не постои множина од “advice” на англиски и многу други. Благодарност до сите што некогаш ме коригирале, јас денес се изразувам подобро.
Денов важи за неработен, а јас денеска направив повеќе отколку во цела измината работна недела. Кога човек ќе се внесе во работата, времето поминува најбрзо. Со тек на време се убедувам дека сум воркахолик и уживам во тоа. Ништо во животов не ми носи повеќе задоволство отколку работа во која уживам и резултатот од мојот труд потоа.
СКД многу се луѓето комплицирани бе. И млади и стари, од сите вери и нации, во било каква корелација... Може до хороскопот е
Велат дека децата се најискрени на цел свет, океј, ги прашувам внуците дали сум дебела, велат дека не сум била, им велам да ми кажат искрено, дека нема да им се налутам, и ми одговараат дека сум малку дебела Ги прашувам дали сум грда, е грда ич не сум била, готово, отсега ќе се гледам себеси како љепотица
На реклама 5 пред 3 години објавив дека продавам коса за косење трева, на татко ми беше па сакаше он да ја продаде. И еден тип ми се јави прееска и ми вели "се јавуваме за косата што ја имате објавено на реклама 5" и велам ја "таа реклама е објавена уште пред 3 години, што значи косата е продадена". Потоа почна да ме распрашува од каде сум па за татко ми со што се занимава дали се занимава со сточарство и сл. па му исклучив сигурно со него нема да се замарам. И потоа се јавува пак и ми вели "а вие дали имате во продажба други коси за косење трева? " а ја му велам "ти се зафркаваш со мене јас овде продавница сум??" Леле какви луѓе почна да има по светов, многу ме чудат
Леле... Секакви има. Семејниот фиксен број порано припаѓал на едно министерство,а ние го користиме неколку години. Но,секоја година некој се јавува и го бара министерот.Исти луѓе се јавија повеќе пати иако им рековме дека тој број е приватен број сега и дека новиот број на тоа министерство можат да го најдат во Златна Книга и на интернет. Едни дечишта(не мали,ама гарант имаа над 10 години) стално ми досаѓаа на стариот мобилен и морав да им се заканам со полиција за да прекинат. Очигледно,на некои луѓе животот им е или неисполнет или предосаден.
Сигурно е така па затоа им досаѓаат на луѓето. Едно време сигурно некои деца биле, често ми се јавуваа преку скриени броеви и кога ќе кренев слушалка ќе почнеа да го менуваат гласот и да изведуваат нешто а ја онака ништо не зборував само молчев и потоа ќе исклучев. Од кога го сменив телефонот имаше опција да ги блокирам скриените броеви и да не може да ми се јавуваат преку скриен број, па сега сум си раат. Досадни беа тие дечишта секоја вечер ми ѕвонеа. Они го прават тоа сигурно од забава но на некој можеби де ми е до смешки.
Во секое лошо има и по нешто добро, го знам тоа, ама ај оди сега во моментов најди го доброто И како да не се нервирам бе
Дечки Бебенцево е останато само умрени се мајката и другите мачиња женско е ,ќе ве замолам кој сака да го вдоми во Скопје нека пише женско е!