Генерално не сум обожавател на филмови, ретко гледам. Но од она што сум видела, има нешто во балканската продукција и кинематографија што ми е одбивно. Низ сите филмови се провлекува некоја мрачна нишка што не ми се допаѓа. Да, Медена земја ме инспирираше да го напишам ова. Го изгледав и останав со таков впечаток, а не сакам глумам дека нешто ми се допаѓа само зашто повеќето мислат така...
СДК1: Постојат две причини поради кои би почнала да носам леќи: 1. На студено време и при промена на температура очилата се замаглуваат, често на носот ми се појавуваат црвени траги бидејќи очилава ми тежат, a ако сакам да ги поднаместам ненамерно допирам со прстот на стаклото. Или па при поздравување знае некој да ми ги зашлака допирајќи ги со носот или образите. Па оди исчисти ги после. 2. ,,Како гледаш со овие бе, лелеее?! Бегај, ми течат солзи, ми се врти." Па... Што знам, можеби затоа што диоптерот е прилагоден за моето око и моите потреби? Во време кога 80% од луѓево носат очила поради мода/проблем или едноставно како заштита од зрачење поради работа пред компјутер, уште се наоѓа по некоја ваква личност со вакви...чудни...реакции. СДК2: Зошто воопшто не сме биле заинтересирани за македонски филмови, емисии, општо секаква емитувана содржина на македонски канали... И вести на 10 минути да пушти татко ми да гледа, вака кога слушам од другава соба, ушниве тапанчиња ми иде да си ги рушам. Акцент никаков, а тој политички говор што упорно сите го форсираат без разлика на сѐ во обид да створат слика за себе како големи интелектуалци, го постигнува токму спротивниот ефект. ,,По денешната судска постАпка се утврди дека оперАцијата..." ,,Вчера се дознаа детали за скандалот што ја потресе државата, а истиот доведе до..." Истиот, истата... Камо да беа луѓево свесни дека стилски е прелошо ова и дека не, не прави да звучите попаметно. Го уништивме јазиков. Ама важно ќе се чукаме в гради Makedonija prva dae, od Gospot blagoslovena, vecna dae!!11
Зошто некои луѓе не разбираат дека постојат луѓе кои се гадливи и несакаат да душкаат други луѓе со цел да им го осетат парфемот, да им го пробаат зготвеното јадење, да им позајмат палтенце и сл?!
Те повредуваат, се разочаруваш. Те боли еден период, полека поминува, стивнува. Си велиш: "Толку повеќе не ми е гајле, животот продолжува, вредам повеќе од ова". Се случува нешто, макар и помало и очекувано, повторно се враќаш на почеток, се разочаруваш. И одново. Се е како еден магичен круг од кој нема излез. А ужасно посакувам да има и да излезам еднаш засекогаш.
Кога ќе почнеш сам себе да си се ценеш, пример, си го цениш времето, не им одиш по га*от на другите, се фокусираш на себеси, си се облекуваш, дотеруваш како сакаш. Е токму тогаш ќе ги запознаеш оние кои те поддржуваат да идеш напред и оние кои ќе ти се потсмеваат и ќе ти речат ' Леле види ја, пример, како се дотерала'
И мене тоа не ми се допаѓа и затоа јас не гледам македонски филмови.Сите се со некоја војна,некое жалење.Не сакам такви филмови и се надевам дека ќе се појави некој кој ќе напише сценарио што ќе не закопка и млади и стари.
СДК:Многу работи сакам да кажам, само некои не можам..па најчесто сама на себе си ги повторувам како папагал.. Ех животе.
А колку вакви постови се потребни за да се убедиш себе си дека не звучиш очајно. Сум те читала, ама навистина си преоптеретена со врски.
Ако нешто што постирам ти смета, здравје. Не сум оптеретена, ама кога некој за два дена во Прага пример објави 50 слики ми е....премногу. И тоа стандард само парови. Знам дека ти смета и ова што го пишувам Али тоа е
Зошто да ми смета? 500 слики иам од Санторини и тоа за еден ден.. Ти смета туѓиот живот тебе, мене ми е тоа многу обврска за џаболебар.