Абе ти сликај милион слики, нема фрка. Ама на ФБ 50 слики од Парга? Не дај боже да одиш некаде бааги за фалење, на пример Малдиви
Ама не ги ставам за фалење, едноставно за моја душа. Успомен дека сум била во Прага или ете Малдиви . Ако сакам и 100 слики ќе ставам, мој профил, мој живот, 21 век.
Знаеш дека има опција ОТСТРАНИ ОД ПРИЈАТЕЛИ или не? Па ако мислиш дека ги става за да те убеди тебе во нешто (иако јас лично не верувам во тоа), ете ти убеди го дека не те занима. И не треба да те занима реално, да си правиш само горчина на душата. Не си само ти сингл на светот, не си само ти која се трудиш околу врски а сепак истите пропаѓаат... Ќе биде некогаш, а и да не биде, да сме живи и здрави.
Јас: Океј гугл, отвори ми ја мојата омилена страна кај шо барам книги и истражувања. Гугл: archive.org Јас: Океј, топ. Барај сега: sex impulse Гугл: Јас: ... Гугл: ... Јас: ... Гугл:
Кога ќе речат за некој „Ехее, абе да знаеш колку е тој нашетан“, ништо не ми значи во поглед на интелигенција и интелект. Какви нашетани познавам... Страв да те фати да те стават во категорија нашетани. Мислам дали навистина сметате дека шетањето т.е. патувањето е ексклузивно право само на интелигентните?! Можеби некогаш, било. Денес, секоја будала може да го има пропатувано пола свет и да се фали со истото, а да прашаш што има видено, посетено, каква култура имаат во таа земја, нешто за народот, па како тоа искуство влијаело врз неа/него, како ја/го променило, нема да може да каже ништо повеќе од тоа дека храната била убава и во нашиов случај за балканците важи и тоа дека успеале да направат сендвичи за време на доручекот затоа што имало шведска маса, а после тие сендвичи им се нашле кога огладнеле за ручек. Животен успех. И тоа е отприлика се' што треба да знаете за некои нашетани македончиња.
Секое бегање од Битола за Скопје го сфаќам трагично. Еве да кажам од сабалје се скинав од плачки. ПМС. Му велам на татко ми дојди ни требаш со мајка ми во Ск. А тој ми вели, како да ги оставам дедо ти и баба ти сами. И така. Решив да си идам еднаш месечно Бт. Да си сменам работа Ск. Да си најдам љубов. Промени, промени. Успут се напив нешто да ме смири. Ако има некоја почувствителна од мене нека се јави. Цел пат в такси и в автобус ко децана, плачка.
Во последен период сум I don't care mood. Нит ми е гајле што ќе се случи, ниту се замарам со нешто и некого. Лабавам и чекам да помине најмизерниот ден во неделата, недела. Ќе си пуштам Бриџит Џонс и ќе се галам со мачорот. Мобилен на турн оф и се нека оди по ѓаволите.
Денес видов уште еден производ купен од САД и ист таков купен во Македонија. Станува збор за галакси с10 плус. Огромна разлика. Сакам да кажам дека сѐ уште сме на "трета лента" за продукти.
СамсунГ има специјална фабрика,која прави за Северна Македонија телефони.Затоа Америчките се секаД боЉи,тие имаат други делови,а овие во Северна Македонија се чкаРтоина невидена,за ништо не ги бива.
И што ке ти смени тебе еве ајде кажи ми,чипсетот?Не само тебе,него на секој обичен корисник.Телефоните знаеме за што ги користиме вибер,инстаграм,камера,видео,тоа е тоа.
Најразочарана сум од роднините. Глумат многу те сакаат, а не дигнале слушалка ниту еднаш. Па не мора тел ете едно кафе секој посебно ќе си плати. А бе, не сум побарала лижавче ама затоа кога дојдов тука никој ме нема прашано како сум, дали ми треба нешто... Ќе ми се умилкува на Трајанка мажот и, сестра му ќе доаѓала да сум и помогнала. Море, мрш.
Не на некои,него на 90% им е за фалење,како го имаат најновиот телефон на Самсунг или Ајфон.Муабетот беше друг,една фабрика прави за цел Свет.
И јас така мислам, пред две години купив мобилен од Германија, LG, мајка ми купи од Италија исто така LG, татко ми од Македонија си купи Хуавеи, заедно со брат ми, ете не мрднале.
Порано луѓето бираа мобилен по моќност на батерија,односно колку повеќе му држеше батеријата на мобилниот,толку беше сметан за подобар.Сега,пак бираат по моќност на камера,колку повеќе мегапиксели и ефекти,толку подобро за да ги разубават суратите на социјалните мрежи. И ете,човечноста умира.
Апсолутно. Но сега нас не ни менува дали нутела од Италија и нутела од Македонија има разлика, дали Адидас во ЕУ и во Македонија има, или смартфон за ЕУ и ист таков за Македонија. Цените напумпани, елементите неквалитетни. Ама ако.
Ја имам пробано и германската и италјанската нутела, нема ништо разлика во споредба со нашата. Не знам зошто се потценува нашето. Туѓото секогаш било боље, како да не.