Ако се користат како што треба,нема зашто да мрднат.Се додека не се копии кинески на некој брендови,немаат гајле.Имам еден HTC М7 дома,телефонот е произведен 2013 година,7 години е стар,освен што почна батеријата слабо да држи,телефонот си работи без проблем,интернет,смс,повици,да времето во камерата го изеде нормално,али сакам да кажам дека 7 години стар телефон,користен нормално уште тера. Моментално на пазарот Xiaomi се најакиот бренд во батерии,додека другите бреднови се бркаат со камери,и кој повеќе ке има рам меморија.Да не беа тие социјални мрежи,телефоните немаш да отидат волку напред верувај,камерите ги форсираат само за социјалните мрежи.Порано убаво луѓето користеа Dslr апарати,за да имаат моќна и квалитетна слика,а сеа почна полека полека мобилниот свет да го презема цел тој свет.
Има кога повеќе се цени материјалното,па и физичкиот изглед на човекот отколку душата. За жал има луѓе кои би му помогнале на човек со убаво лице и згодно тело,а не на некој со акни и бубулици на лицето без да размислат за тоа каков е човекот внатре.
Се моли октомври да престане да се понаша ко јуни/јули. Ненормално високи температури за ова време од годината. Не можам ни 2 минути да поседам на Сонце..
На најпрочуениот и најголемиот женски сајт во Македонија, жените немаат свое име и презиме и идентитет, туку се претставени како нечии жени, тоа е се што е битно во врска со нив.
Има врска... Ако немаше, немаше толку да се трудат луѓето да се трткаат и врткаат за да се сликаат на инстаграм и кој/а поубав/а да излезе, па да бројат лајкови/следбеници, срценца-мрценца. Денеска се поважно и поважно станува како се претставуваш на интернет просторот него во живо, а некои тоа го користат за добро да се продадат.
Спомените се за тебе или блискиот круг на пријатели, а кој денес ги има само блиските пријатели на социјалните мрежи? Не дека нема такви, ама минорни се наспрема другиве. Денес како никогаш до сега е ставен акцент на материјалното и технологијата само овозможува истото да се рашири на глобално ниво. Жално, ама вистинито.
Не можеш да кажеш дека ние што постираме 1000 слики дневно сме нечовечни. Човечноста има многу подруга дефиниција, не би било лошо да ја пронајдеш и прочиташ.
До кога ќе мислите дека сте многу длабоки и посебни со плукањето по луѓе кои сликнуваат разни ствари и постираат на социјални мрежи, и кога ќе сфатите дека тоа некого го исполнува, не мора да не ужива притоа во моментот, туку баш напротив? Вчера некое девојче на личен инста профил си постирало прекрасни слики од пикник на планина, сè уредено, рај за очи - и некоја искомплексирана анонимна на твитер без дозвола ги постира, коментирајќи дека е „несаглам“ и глумела исполнет живот за по социјални мрежи... од каде тоа право, еј?! Ај да разберам grumpy луѓе над 40 да мрчат и мудруваат, ама на 20 и кусур да семесинапуваш дека човечноста опаднала оти има подобри камери, тоа е трагикомично. Олабавете побогу, најдете си хоби и хумор. Тинејџери со шминкање и голотија брзале да пораснат, а вие па со патетики изгледа брзате по ментален склоп бумери да станете, lmao...
Вчера на инстаграм ми излезе едно видео. -Во видеото се зборуваше за мајка чие дете било убиено и за тоа како таа му простува на убиецот.Таа раскажува и вели дека го гушнала убиецот(кој е тинејџер)и исто така ја гушнала мајка му.Им рекла дека се им е простено и дека тоа било судбина.Во коментарите пишуваше браво за оваа жена.Колку храбро... Јас искрено не сметам дека таа е во право.Знам дека треба да простуваме и дека во тоа е големината на еден човек.Но да простам некому кој убил нешто што ми значело повеќе од се?Никогаш! Тој човек одбрал да го убие моето дете.Се што јас ќе сакам да направам е да го уништам не да му простам. Што мислите вие на оваа тема?