Многу поневкусно е да посочуваш една личност и да пишуваш реферати врз основа на нејзин статус отколку што девојчево твитнала мислење за група на луѓе. Девојкава искажува лично мислење додека ти во неколку постови ја навреди и неа и другиве членки. Да, и јас се "плашам" искрено од луѓе што свадбата им е најубавиот ден од животот. И најверојатно таков тип не личности не ми се најомилени од причина што самата јас не сум традиционален тип, лично мене не ми се инспиративни а животот има толку многу аспекти што ми е необјасниво да се фокусираш толку многу на една област а посебно ден. Не гледам што има навредливо тука.
Па пиши и го тоа на твитер де. Или се плашиш дека таму ќе ти одговори? И во твојот прв пост немаше никакво бранење на правата на ранливите, тоа сега си го додаде. И кои се ранливите? Оние кои сметаат дека свадбата треба да е најубавиот ден во животот?
Навредливо е еднакво како тебе што те вреѓа моето мислење. У осталом, оставете ги луѓето да си се радуваат на свадба е голема и што им е драго. Што има страшно во среќни луѓе? Ако сакам на својата свадба ќе везам оро или ќе играм виенски валцер. Муабетот беше - лесни се за препознавање уникатните снегулки со својата неинвентивност што е исто така ок зошто се на другата страна на нештата, ама не се инвентивни ко што мислат. Мене ме плашат на пример луѓе што не препознаваат сарказам и иронија... не звучи ова убаво така? Јбг. Што знам, помини време со монкс на Тибет, може ќе добиеш подлабока инспирација од кутрите весељаци. Неинспиративни, страшни, неомилени... уште нешто ненавредливо?! И моето е мислење. Или па не е?! Шекспирови прашања...ах. Страшно се плашам од нејзината бистрина, ќе твитне уште еден твит у името на пасивната агресија и нема да даде риплај, ко вообичаено. И одговорив во дадена прилика, не се грижи за тој дел. Се извинувам, ти си изгледа од тие што сакаат вовед и заклучок и 500 страни тупење.
Мене воопшто не ме навредува твоето мислење, реплицирав бидејки не се согласувам со тоа што го кажуваш и како и сите тука си го кажувам мислењето. Тоа што тебе те плашат луге што не препознаваат иронија исто така не е воопшто навредливо. Навредливо е да вршиш анализи на рандом личности преку мислење кај што и нема баш за анализа и да употребуваш изрази како што се "можеш да одјахаш' и слично. Ти не си таа што треба да кажува кој да "одјаха". Јас ги оставам лугево да се радуваат на свадба е голема, нивна работа. Тоа не значи дека не можам да генерализирам за одредени карактеристики на луге или да си кажам дека мене не ми се омилени.
Ам шо кажа поразлично? Еве те плашат радувачите на пајдушко. Ако те плашат или психоанализата е кај тебе или е кај нив, стравот е силна емоција за анализа... И тебе те памтам кога беше тука дете. Смешно, мало и изгубено дете. Ќе ти текне на што мислам. Ќе созрееш, допрва иде потешкиот дел. Како реков погоре - секогап сум на страната на ранливите ама и од таквите ќе си учиш лекции. Ќе се повторам: Анонмуси, деца, младино револуционерна, хејтери, барачи на смислата на животот, стварно замарате. Ви посакувам да пораснете, да созреете и ... да не викате на свадба. А нешто ми мириса дека да. Смешно ми е што во вашиве мудри излети се глесам себе си у својата младост (делумно и не така извитиперено си трендовски пориви и занеси, мислам на потребата да имам став). Природна ствар, само лошо е кога не читате од правите книги, а уште полошо е кога немате животно искуство, а мислите дека знаете се. Пред да ве понесе трендот на колективниот јуриш од мислења, треба да филтрирате, тоа отприлика доаѓа со мудроста и зрелоста. Не поддржувам површни луѓе. Ете и тие ме плашат.
Нема разбирачка Ајде ке правиме анализи во недоглед. Сега треба ли да објаснувам дека "се плашам" е кажано фигуративно, како и што го сфатив од твитот-затоа и во наводници го ставив ама кога некој сака да е фати за нешто.... сигурно немам кошмари секој ден од луге што се веселат на свадби Луѓе дај олабавете малку, премногу анализи, тупење и навреди. Убава вечер од мене
Vaka da go procitas tvitot od random lik mozebi i nema da reagiras ali ako ja znaes licnosta od koja sto e napisan tvitot togas mozes i sustinata na postot na Lilit da ja sfatis. If you know what i mean.
Слушам преска на не знам кое радио тема во врска со смртта на Тоше Проевски. И читаат пораки од слушатели. Една порака горе долу гласеше : Повеќе ме погоди смртта на Тоше одколку смртта на татко ми. Останав со подзината уста во прашалници цела. Дал е можно си мислам, сериозно дал е во ред да те боли смртта на личност што ниту си на познавал повеќе од сопствен родител... Не знам како не и било непријатно такво нешто на напише јавно. Чудни луѓе
Колку IQ треба да имаш за да земеш да поминуваш со количка со свое бебе на црвено на пешачки, и тоа на булевар каде што возат ко ненормални со 4 ленти у еден правец. Се стаписав у место од самата глетка. Дефинитивно треба да се воведе психолошко тестирање пред некој да стане родител. Попрво би се стрелала со пиштол во чело отколку да ставам свое дете во ризик по неговата животна безбедност.
Праам мафини со блитва и сирење во 22:00 на евтина струја. За да има утре за неа и за дадилката. 75% сум мајка, 15% три чекори напред размислувач, 5% маст.
Читам критики за Џокер, углавном негативните се за тоа дека филмот може да стане инспирација за идни сериски убијци, инцели кои сатисфакцијата што Џокерот ја имаше кога убиваше ќе сакаат и самите да ја почувствуваат. Секоја критика што досега ја прочитав (од rottentomatoes углавном) се базираше на тоа. Никаде, ама никаде не видов истите тие критичари да се запрашаат зошто тој стана сериски убиец и зошто неговото ментално здравје беше земено здраво за готово. Тоа се истите луѓе кои секогаш ќе го гледаат светот црно-бело, односно или некој е добар, или е лош. Филмот се бори баш тие неколку нијанси на сиво добро да ги прикаже. Дека живееме во свет каде прво потфрлаат социјалните служби кои се одговорни за згрижување на оставените деца. Дека реалноста е оти ги праќаат во крајно некомпатибилни домови, дека дете може да е тепано, малтретирано или во најлош случај сексуално злоупотребено а тие пак ќе го џитнат во таков дом. Воопшто не се обрнува внимание кој се може да биде родител и дали тој родител совесно го гледа детето. Второ институциите кои се одговорни за грижа на ментално нестабилни пациенти. Толку убаво е прикажано тоа во филмот, дека ретко се замараат за вистински да им помогнат, туку само ги поставуваат репетитивно прашањата како по читанка, дека ретко суштински навлегуваат во сржта на проблемот и дека воопшто не го гледаат човекот како индивидуа, туку како дијагноза која е потребна да се внесе во формулар. За тоа дали некој ментално проблематичен човек е out on the loose без лекови или не, не се води никаква евиденција. Секакви луѓе кои ги третирале од ментални патологии мора да се има евиденција дали ги примаат соодветно лековите. Трето политичарите. Гнојот, дното, мрсулите на секое општество. Па уште самопрогласени "витези на бели коњи" кои освен тоа што се алчни олигарси никако не помагаат на најслабите, на највунерабилните туку прават работен јаз каде човек мора да е волк за да има некаков стандард за живот. Луѓе кои сакаат да се татковци на градот, а уствари се џелати кои од парите на граѓаните си ги полнат нивните џебови. Не ме сфаќајте погрешно, јас не ги оправдувам Џокерите. Ниту сочувствувам со нив. Ниту им се восхитувам, а уште помалце ги идолизирам. Меѓутоа јасно ми е како некој може да стане таков човек. Тргнувајќи од една состојка од рецептот, самиот човек, па додавајќи се што спомнав нагоре и ете ја формулата за убиец. Не мислам оти треба да се плашиме зошто некои луѓе ќе се инспирираат од филмот. Треба да се запрашаме зошто дозволуваме да живееме во вакво општество каде никој не превзема ништо за да им помогне, за да ги спречи или да направи конкретен план за решение што да се прави со такви луѓе. Затоа што не е само човекот виновен, околината која го дразни цело време исто си носи вина. Не знаев каде да го напишам постов, можеби е подобро да се отвори посебна тема за филмов, или пак за потенцијални ментални растројства кои можат да создадат еден модерен Џокер. @RainBow
Да пишам или не.. Понекогаш се чувствувам ,,дискриминирано'' во однос на добивање dick pics. Мои другарки се жалат како на онлајн дејтинг сајтови добиваат безброј непристојни пораки, фотографии, покани за излез на чудни места и слично. Јас правам профил пред три недели на тиндер за прв пат, чисто експериментално, па ако улета нешто добро може да помине ииии ..абе ни една непристојна понуда! Што среќа ќе имав да му ебам мајката. Значи ни една! Ниту еден дик пик луѓе..ништо! Само муабети во стил за дејтинг, за излагање на board games, за одење на јавни места, кафулиња. Еден ме викна за мајка му да му глумам цура, (веројатно тролаше). Вчера седиме, отварам телефонот на другарка, правам компарација меѓу моето сандуче и нејзиното, она како редовен посетител и сфаќам дека јас сум феномен. Истите ликови разговараат со мене, неа, и пет други другарки. Другарките културни, јас безобразна, на нив глумат фраери непристојни, мене мекуши. На крај се изнервирав и се дрзнав на еден да му пишам ,,прати дикпик бе да видам шо имаш" онака после три реда муабет.. и ликов, значи пазете, читајте добро сега. Ми вика ,,на многу девојки пратив, ама имам чувство дека тебе не треба, ќе ги злоупотребиш, извини" и блок. Понекогаш имам чувство дека мажите ме доживуваат директно агресивно и заканувачки, не знам зашо. А мила сум вака и слатка, жими очи.
Само да се надоврзам што пишала дотичната. Оваа ако ја има слушнато Сиа, јас Прпл да не се викам. Како можат вака да се брукаат, ама ич не ми е јасно. Боза било тоа што Сиа го пеела. Бреј. Нити има слушнато за емоции во песна, ниту знае за глас што буквално се „крши“ кога ги пренесува истите, ниту слушнала за порака која ја пренесува песната, ниту за уникатност, ама се нашла да зборува дека врска немала Сиа. Кој се' стигна да има пристап до социјални мрежи..... П.С. И на Некст Тајм ништо не им фали во изведбите и преработките, само поинтересно е да се плука.