Го знаете она чувство кога немате чувства. Кога некоја личност ќе ве повреди и знаете кој сакате и што сакате, ама сеедно ви е, како да немате чусвтва, туку сте numb. Е таква сум јас сега. Знам кој сакам ама numb сум и сеедно ми е веќе не се замарам. Денес одбив да се видиме. Замислете ми ѕвони неговиот другар за да праша дали ќе сме се виделе, а коњот не сака да зборува на телефон Јаа мајкатаа, е неаме си така Како и да е, тоа е најмалку важно. Битно јас си се посрамив Им кажав на другарките дека ми се свиѓа еден другар, постар од нас и овие се запалија „Сакаај го и тој ќе те сака“, а тој случајно помина и се поздравуваме и баш да ме гушне овој, една другарка пред него „Сакај го“. Лелее ќе ми испаднеа очите. После дечкото на другарката ми вика „ColoursOfTheRainbow ти со *името на убавиот*“ и покажува накај него (а тој до него), а јас од далеко се бранам „Нееее, нее неее“ а сакал да ме праша дали сум се поздравила со него. А пред тоа седнавме со другарките на една клупа во паркот и не фатија тоа лудите. На секој што помине без причина се смеевме како луди. До нашата клупа седна еден манијак што и кога сум исклучена ми пишува на чат. Па поминаа другарите на овој мојот коњ да се поздравиме. Еден од нив е мојата прва љубов и беше прекрасен сакав да му рипнам а друг од нив е многуу убав, да не го запознаев овој сега него ќе сум со сакала и на него сакав да му рипнам. После кај нас застаа двајца другари и едниот од нив го свиѓам. Викаат другарките сељак бил, ама убав е. После на овој мојот друштвото на брат му (постар) помина. Ама брат му не го видов. Ааа што убав брат има да видете. Ќе варам Отидов да си симнам јас слики од сите што ги набројав оти сум психопат http://www.youtube.com/watch?v=J6vBiY7lqp4 Can't you see... Ain't it clear, I don't care Get closer to me... If you dare I double dare Cause... I'm going numb, I'm going numb
Bечерва сакам да кажам толку многу работи, да си ја испразнам душата од насобрани таги, непотребни грижи, но и единствената верна другарка замина од овој свет, ме напушти, ме остави сосема сама. Сакам да и кажам и да ја прашам дали вреди заради една невредна изгубена љубов вреди са се откажам од љубовта. Дали вреди да неверувам на никого веке, дури и на оној кој што вистински ми ја дава. Цел живот го жртвував за на другите да им е убаво, а на крај кога јас паднав психички нема никој да ми помогне. До кога ке патам господе, до кога? Секоја нок исто прашање, а одговор никаде. И уште нешто. Благодарам господе што навреме ми ги отвори очите да видам за каков гад сум била мажена, ти благодарам и за тоа што на време се спасив од него, A највеке ти благодарам штоми даде прекрасне керка за да имам за кого да живеам и да се борам.
Повторно се уверив дека Господ навистина постои и дека нема нешто за што не постои решение. Господ е голем и се ќе врати на сите еден ден, памти па врати секако. Лека ноќ.
Сепак решив да и помогнам затоа што таа личност многу пати ми помогна. Ама ме изнервира со тоа однесување што неумеше еден матичен број да прати ај разбирам дека има испити и дека отиде да учи па и јас спремам испити уште имав и температура па решив да и помогнам. Нема врска ќе се разбереме кога ќе дојде...
Кој би рекол дека ќе ми фали фемина . Немам време да седнам на раат и да шкртнам нешто ... Инаку еве арна убав период ми е , како доказ за тоа се плус 3-те килограми кои си ги добив за кратко време ама нема везе ќе се средам, си купив точак од оние со корпичка. Дали ќе го возам или ќе фаќа прашина откако ќе ми помине мерак останува знак прашање.
Од утре ќе се брцкам во море и ќе си сетам по ситен песок... Од утре ми почнува одморот,од утре ќе си уживам.
Us girls we are so magical, Soft skin, red lips, so kissable. Hard to resist, so touchable. Too good to deny it. Ain't no big deal, it's innocent.
Прекрасна ноќ, прекрасна. Има ли нешто поубаво од седење со друштво, смеејќи се во доцните ноќни часови? Нема, нема. Па потоа добар филм, за поздрав со сонцето. Уште здрав појадок, па супер продуктивни два часа. Потоа, чувствуваш како болката те опфаќа, а осаменоста те бутка во депресија. Што останува на тебе? Да се насмееш, да помогнеш некому... НЕ дозволувај да паднеш, никогаш. А ако веќе си паднал, не лежи наземи, никој нема да застане до тебе, да ти пружи помош. Сам себеси си својата помош.
И кога проклето посакуваш да си ја отвориш душата, да ја тргнеш проклетата маска од лицето и лажната насмевка, се појавува прашината кога ја носи ветрот и ти ги замаглува очите. И со право. Да ти ги отвори очите, да разбереш дека секој има свои проблеми. Дека секој различно се носи со нив. Дека, не секој е во состоја да те ислуша тебе. Не ги 'давете' луѓето со своите проблеми. Ако им значите барем малку, вашиот поглед ќе зборува за се. Ако не, како да ви кажам, нема да ве прашаат што ви е, туку ќе зборуваат за себе. Луѓето знаат да бидат себични. И лицемерно да ве тапшаат по рамо, и да изустуваат како се ќе биде во ред. И имаат право. Се ќе биде во ред. Секој проблем е минлив. Може во моментот на случување изгледа како безнадежно, безизлезно, невозможно, не е се така црно. Сепак, на крајот од тунелот секогаш има светлина. ** И така, ви посакувам убав ден! Бидете тоа што сте, и бидете пријател каков што би сакале вие да имате!
Никогаш ама никогаш немојте да примате дома блиски луѓе на поседок. Никогаш! Особено ако не е дефинирано колкав ќе биде тој временски период.
Дали сум единствена со таа чудна навика на сред читање книга (и тоа баш кога се работи за некоја интересна, позаплеткана), кога сум некаде на половина со развој на дејството, одеднаш да ми текне да свртам на некоја од последните страници од преголема љубопитност? За мене треба да се измисли некоја книга на којашто страниците можат да се вртат само по ред. Не ми требаат спојлери, можам сама да си се зафркнам...
Ииии повторно истиот случај како лани, повторно го спакував куферот и седнав врз него и се молев да се затвори, затоа што упорно носам мал милион непотребни работи, а овој пат и ограничена бев затоа што во авион не е дозволено многу багаж. Се и сешто изнаставав, ај уште ова, аа чекај уште ова, може и ова ќе ми притреба, ама може ќе залади земи го и ова, ај земи си уште едни апостолки, а и овој шорц омилен ти е, ама маичкава ќе одговара со ова, ај и балетанки, ај земи си го и овој парфем, ама и овој лак може ќе ти притреба, па со оваа комбинација ќе ти треба ова ланче, абре се изнаставав, истата приказна секоја година и тоа за една недела и така нема крај, мене се ќе ми треба, а на крај пола од тоа нема ни да го искористам или облечам, џабе сум го носела, ама ај меракот да си го направам. Мама ми вика ти да не се селиш во Франција или одиш само на одмор, богами и не би се вратила, ама знам кога ќе се вратам ќе речам, ах колку ми фалеше домот. Па и 2-3 дена во Грција, песочна плажа, Егејско море, сончање, не дека во Франција нема море, ама сепак кога е во прашање пливањето, Грција е на прво место за мене...ќе биде ова добра недела мислам, а и се извлеков после во утринските часови ја напуштам Македонија, а во понеделник се оценките од екстерното, хаха сега да се одморам, а после тоа ќе бидат караниците по дома. Инаку во вторник година дена како сум член на форумов, првиот роденден, ама бидејќи не знам дали ќе можам да се уклучам на фемина сега ќе ве почастам. Воедно за првиот роденден на фемина, за моето патување, за -4кг што сум ослабена и за официјалното почнување на летото.
Кога се смени светов? Порано убавиот збор железни врати отвараше,денес тоа го прават заканите и навредите. Живееме во време кога љубезноста е флерт,а заканите и поганото однесување израз на висока положба и врски.
Колку сакам да гледам насмеани лица околу мене. А како до тоа лице?! Едноставно е. Сакај, и ќе бидеш сакан. И секогаш лицето ќе ти сјае со насмевка.
Ниту еден човек не може и не знае да искаже и покаже толкава искрена радост и љубов, како едно куче кога ќе те види дека си се вратил дома, а те немало само еден час. Ми го стопли срцето.
Нај непријатно ми е кога излегуваш со машко на прв состанок и првото прашање му е "Што работат твоите?". Значи автоматски ми се прави филм во глава дека на прво место му се парите, а не љубовта, и дека го интересира богатството, имотите и ред други материјални работи. А нормално дека ако тој биде со мене нема да живееме од парите на моите или неговите (освен мала помош кога е потребно), туку сами ќе си заработуваме. Не мора да значи дека е така, но мене таков впечаток ми оставаат. Туку, моментално уживам со филџан кафе и прекрасната глетка надвор. Звукот на дождот ме смирува.
Mе изнасмеа. И јас го правам истово и тоа не само со книга туку и со филмови Едноставно сакам да знам како ќе заврши за да обрнам внимание на детали
Подебилна фамилија, амин Едниот во едната соба на кревет, другиот во другата на кревет се испружиле, дремуцкаат, гајле немаат! Човек не може ништо да фати, се' им смета! Цел живот само да се спие! Паразити!
Периодов у глобала ми е океј. Скоро секое слободно време ми е пополнето. Али мрзам кога постојано размислувам за нешта кои ме измачуваат, за нешта коишто никогаш нема да се остварат. Постојано мислам на нешто што ме тишти од внатре. А во исто време убаво ми е. А не сакам ни секунда да потрошам да размислувам за тоа. Пуф! Исчезни мисло! Не сакам повеќе да ме опседнуваш!