Многу си неблагодарна, иста како мајка ти... Срцето на момент ме стегна, ама морав да се смирам затоа што носам мала душа во мене... Веќе од мене за се имаш не.. Ваљда еден ден ќе разбереш и ќе сватиш..
Прееска во кола си запеав понесена од песната на радио. Сфатив дека откако сменив куќа, се сменив и јас. Сфатив дека веќе 7 месеци колку што сум во брак немам запеано без причина и не сум позитивна како претходно. Само жал ми е што бебето што го носам не ја знае таа верзија од мене. Ама ќе се средиме, ќе си живееме сами и јас ќе бидам како порано. Нема неколку години во оваа куќа да ме сменат од корен. Never gonna give you up, never gonna let you down . Песната од прееска, посветена само за моето бебенце
Значи не сака и не сака да ми се падне некоја пара на грепкиве. Преска изгребав 3 грепки, по 2 евра кошта секоја од нив и ми се паднаа 4 евра, а што не се падна 20 000 евра мамицата ? Гомнари, само го лажат народот да греби, а пари не се паѓаат....ништо , ќе си доплатам уште 6 евра и ќе си земам од тие од по 5 евра грепки па да видам дали таму ќе ми се падне нешто или ќе треба да запалам некоја зграда уз пат Оти бе не ми се падне барем 1000 евра ? Шо треба да направам да ми се падне нешто или камен врз глава да ми падне ?
Ако очекувате вашите деца да не ги учите на домашните навики, туку тоа да го прават воспитувачите од престој,грешите. Не секогаш воспитувачите ви се криви за тоа што детето не знае да се избрише или нз што. Домашната култура е основа која треба детето да ја надградува во престој, градинка.
Сега ме пресмеа @mssuniquee во темата за Mac воедно и ми текна на една случка пред неколку денови. Ме прашува ТОЈ:"Среќна ли си?" Јас велам не. Штама, после неколку минути ми вели "Јас знам што ќе те усреќи, океј ќе ти ја дадам картичката за блек фрајдер, купи си што сакаш. Just don't cry."
Денов ми почна Се чувствувам супер бидејќи го фатив автобусот на време и ќе ја избегнам гужвата наутро. Викенд е, па малку да здивнам.
Либе утрово во 6:30 пред изгрејсонце ми пратил слика од Сириус (најсветлата ѕвезда што може да се види на нашето небо, освен Сонцето се разбира ). Ми вели: "Скоро разденато е, а види колку се гледа Сириус, како мала Месечина е". А вчера ми кажа дека во 4:30 се разбудил и не можел да заспија па излегол на воздух и Сириус била највисоко на небото и светела најсилно. Па затоа му реков да ми сликаш ако следен пат ја видиш така. И ете. Имам желба да ја видам и јас тоа време, ама пусто спиење, ако се разбудам нема да презаспијам. Ја видовме пред една недела случајно во 2 часот на исток откако останавме покасно, инаку појма немавме дека се гледа и од северната хемисфера. По оваа логика за месец два ќе може да се види и порано пред полноќ, сметајќи дека се порано ќе изгрева (летото воопшто не изгреваше додека е ноќ). And this is your daily dose of nerdiness. Голема благодарност до апликацијата Star Walk 2 што ме едуцира за ѕвезди, соѕвездија, планети и сл. Не можам а да не го истражувам небото со неа. Спојлер Сириус е најсветлата ѕвезда што може да се види на нашето небо. Дел е од соѕвездието Canis Major, Големото Куче што го следи Орион, исто така познато и јасно видливо соѕвездие. Ако имате југоисточно видено три светли ѕвезди една до друга распоредени вертикално или косо, congratulations, сте го виделе ременот на Орион. Под и над него има други светли ѕвезди што го сочинуваат ова соѕвездие. Сириус се наоѓа на некое растојание под Орион, не можи да се промаши бидејќи е многу многу светла ѕвезда.
Сдк, преубо е чувството кога не можеш да престаниш да се гледаш во огледало. Ослабииив, фармерките за кои мислев дека треба да бидат донирани некаде пошто не ме собираја ич, сеа ми стојат скоро исто како што ми стоеја во најдобрите денови. Пресреќна сум, на секое поминување пред огледало се задржувам по 5-10мин обавезно и повеќе не се "гадам" од самата глетка. Повеќе нема никогаш да се запуштам до таа состојба да бидам свиња од 70кила на 1.60 висина заради мојата желба кон јадење. НИКОГАШ! Одиме понатаму, да видиме уште колку ќе се сушам.
Ги укинуваат пластичните кеси у ДМ маркетите. А малите кеси беа муфте. Пу јаз'к, како ке го преболи народот сега ова?