@theowndemon , @ЕденЧлен , вие сте навлезени во играта , јасно ви е, јас ако навлезам и ако се занесам може да ме фатат улавите да дадам и отказ од работа па да се посветам на online gaming па да сакам да стигнам до светско првенство , па мож од смеа од шала да фатам некоја пара плус. Фала за информациите , обавезно ќе разгледам уште веднаш , надвор си врне дожд, немаме обврски за викендов , па може да се едуцирам како се игра.
На Инстаграм постојат неколку (можда и многу) профили на кои се објавуваат фотографии од рандом луѓе и тој што ја испратил сликата бара да му се каже името на личноста или линк од негов/нејзин профил Фотографиите се или скриншоти или некаде во јавност сликнати без личноста на неа да знае за тоа. Под сликата пишале Девојчево е видена во тој и тој автобус, кажете ми име или Лепотанов го видов денес таму и таму, другарка сака да му пише, дајте ми негов профил. Една од нив имаше ДУРИ 5000 следбеници а оние кои коментирале и ги издавале профилите толку како на шала го сфатиле сето тоа. Па кога некој паметен ги пријавил и во полиција, овие одма избришале профил му барале да ја повлече пријавата. Навистина ли мора социјалните мрежи да ги користите баш за откривање идентитети? Како ќе помогнете некому ако му откриете идентитет (јавно и тоа) на рандом личност за толку глупава и банална причина, а не за нешто сериозно? Пријавувајте ги луѓе.
Си го чувам за посигурно во подрум врзан Се зезам (да не помисли некој вистина) Инаку повеќе луѓе ми имаат така речено, ама не знам дали нему му викаат: Е таа да си ја чуваш... Ај битно јас се офајдив
Денес на работа приметивме дека фалат пари.Веднаш сите почнуваат да ги обвинуваат новите вработени...СДК дека луѓето многу си даваат за право.
Денешниот ден беше многу убав,сончев и топол. Главата ми пукаше во тие 4 ѕида,па излегов,се прошетав и си купив нешто,ко што направив и пред 2 дена. Вријам од нервози,па се решив почесто да излегувам од дома. Едноставно,некои луѓе ги нејќам во близина повеќе. Ќе си дадам повеќе „me time“ на себе оти очајно ми треба.
Наидов на твитов и си се запрашав како може некој да порача и предјадење и главно јадење и десерт и се' да изеде. Како? Па јас едно нешто ќе порачам и не можам да ја испразнам чинијата. И јас и дм и сите што ги знам порачуваат еден оброк и останува храна, каков желудник имаат овие особи (како на твитот) не знам. Па и коктел... Коктел ако порачам, ич не ми треба храна. Мислам стварно.
@Bitter-Sweet ете така, си имаме апетит. Шопска со ракија или неколку вида сирење со вино, главно јадење (месо, прилогот е небитен) и десерт. На крај и кафе, ако има место. Има ли подобра комбинација од добро друштво и добра храна?
Добро рекле дека споделена среќа е поголема среќа. Имав чест денес сосема случајно да и го направам секојдневието попозитвно на една госпоѓа која ме услужуваше во маркет, без некои помпезности, само со убав збор и човечен однос. А и таа ми го разубави мене денот со тоа што ми кажа дека сум придонесла за нејзиното расположение. Некогаш забораваме дека сепак си требаме едни на други.
Дечко ми го имаа ставено го сликале во автобус Т.е. сè уште го имаат, бидејќи ја репортнав и сликата и профилот и ми вратија фидбек од инстаграм дека не ги прекршувале правилата...
Денов ми е малку хаос, но дојдов за да кажам дека на денешен ден, пред 8 години, се зачленив на форумов! 8 факинг години еј! Ова ми е една од подолгите врски кои ги одржувам во животов Чирс!
Сакам да споделам tip of the day што ми стига на мејл ама јас заборавам да отворам. Има и joke of the day подолу ама кој да види ... Инаку од апликацијата Migrane Buddy што ми стигаат. Денешната "лекција“ е за cluster headaches. Можам да кажам дека научив нешто, знаејќи дека никогаш претходно сум немала јас ваков вид главоболки. Не само од апликацијава, туку од многу други ми стигаат многу интересни и корисни работи на мејл. Ама кој да чита. Ај ќе пробвам да споделвам шо поќе, бар и јас ќе ги читам.
Онаа народна "од носот не знаеш подалеку" може да се трансформира во "од форум не знаеш подалеку". Толку знајни, созреани, современи, напредни, еволуирани, да не речам, мутирани, сретнувам секојдневно што се чувствувам како fuckin antman. Сакам да кажам дека сѐ нешто чекор понапред се оние кои со чекор наназад ќе си се сопнат само за да ја зезнат цела колона. Браво еволуирани.