СДК годинава ми се исподесија толку многу шокантни ствари и на мене, и на сите околу мене што секој нов шок немам време да го прифатам кога веднаш по него доаѓа нов. Ме плаши самото тоа што има уште цели 2 месеци до крај. Не сакам да замислам што уште може да се случи. Доста е. Наредната година посакувам да ми биде мирна, спокојна, со позитивни вибрации и среќа. Многу, многу среќа.
@Avery @Independent Girl во името сите имаат spotted, (spotted_skopje2; spotted_skopjee; spotted.skopje; spotted_makedonija) ги има можеби едно десетина на инста различни а во биото им пишува дека можеш да им пратиш рандом слика од некој и другите да ти го најдат и остануваш ти 100% анонимен што си прашал. Некои имаат неколку слики само или немаат уште ама и една да е, мора да се пријават. Баш прееска ме заследи еден од нив, уште немаа слики ставено ама направив репорт одма.
СДК дека секогаш кога се движам низ град сум насмеан и ведар, без да брзам некаде, смирено се движам, се однесувам културно и секогаш давам предност при разминување, знам да застанам и да почекам да поминат, и да помогнам на некој постар човек да премине улица, да му помогнам со торбите, знам да се извинам ако несакајќи некому му пресечам пат, да кажам благодарам ако некој ми даде предност при разминување итн., едноставно гледам во секој поглед да бидам позитивен и исполнет со позитивна енергија, сакам на секој кој ќе се сретне со мене да му пренесам позитивна енергија, верба и надеж, иако истовремено се преборувам со секојдневните стресови.
Откако станав читкам по форумов,по фб и сега сум убедена дека се повеќе се искомплексирни луѓево,и дефинитивно,се повеќе се во својот свет на лаги, и најтрагично е тоа што се враќаме во времето на баба ми-се се прави ради тоа што ќе речат другите. Како бе така речиси сите имате совршен живот на социјалниве мрежи?Заљубениве не знаат за доста со слики,вернициве да не се нема да знам ни шо празник е ни дека со шернување на слика некој би се излечил, овие нашетаниве само слики од патувања,каде јаделе,пиеле. Па до кај стигнавме,ова е сегашното модерно време? Да се живее за лајкови и коментари,слики само колку да се пофалите? Немам ништо против социјалниве мрежи ама оладете малку,вратете се у реалноста и уживајте бе, не мора да висите на нет 24/7 ! Не мора се што правите да биде изнесено јавно, зачувајте си ја приватноста, и најбитно живејте за себе
убаво викале старите "Учи за да не работиш" еве се помалку работа по сите др градови само во Скопје се гради и отвара овие другите кој ги е*е...да ми извините на речникот
Само едно е, едно е наше маало #детство Надвор е како од бајка, лисја од дрвата паднати и есенски е обоено наоколу , милина Да си направам тост и палам патиките да прошетам во природа , ми треба време со самата себе. Ви посакувам убав ден на сите .....гушки форумски пријателчиња
Сакам да кажам дека немам поим од каде да почнам со работа денес. Ама безмерно се радувам на тоа што следи. И ќе си праам печен спанаќ за ручек.
Излегов од маркет со полни раце ќеси чекајќи ја мајка ми и здогледав едно девојче на клупа како плаче. Можеби помала од мене 2 години. Седнав до неа, ја прегрнав, и дадов палома и чоколадо.. Разговаравме, ми се исповеда иако за нејзе бев тотално непознат лик. Ме трогна нејзината приказна и си поставив многу прашања за животот. Како и да е, се надевам дека е се во ред со неа сега. )
Одма, сега, излезете надвор, или на балкон. Застанете каде пече сонцето, и повторете три пати: “Не верувам во климатските промени.“
Убав ден денеска Ќе се дотерам, ќе излезам прво на кафе, приквечер на винце и мезе, нека заврши денот убаво како што и започна
Многу ми е убаво кога го имам целиот ден да работам на нешта што ме полни со инспирација уште повеќе. Кога имам време да го хранам умот со избрани информации, добро филтрирани. Кога знам дека работата не ми е само работа, главно ми е задоволство. Кога имам шанса да ја пренесам целата инспирација на лист хартија, а подоцна, при читањето, да се гордеам со она што сум го создала. Колку е човек среќен кога може да го прави баш она што го сака...
Од една страна се буни ако некој ја осудува дека почнала со секс од 15 години и ќе рече: -МоЕ ТеЛо, МоИ праВиЛа. А од друга страна ги осудува тие што немале секс на 20+. Вика: -И шТо деКа СТе НемаЛе СеКс досеГа? НекоЈ НагРаДа ќе Ви ДадЕ? ХехАхУху И ај сега? Па како што е тоа твоја одлука, така тоа е нивно тело и нивни одлуки. Блазе си им на амебиве со кои делиме воздух. Баш главата за украс им стои и не дај Боже некогаш да го уклучат тоа мозокот од 2 грама што го поседуваат.
Сите на кои ,,им се повраќа од љубов" всушност имаат најголема потреба од неа. Само да ја осетат, се' ќе биде поубаво. Оти, им се повраќа од игри, лаги и манипулации претставени како љубов, а не од самата љубов. Извини што те цитирам, ама морав.
Хеј весело друштво , Се прибрав и само да ви споделам слики од паркот , мала разгледница па ќе одам да јадам сутлијаш. Уствари сакав да ве апдејтувам со мојот живот до кај сум : 1. треба да се фарбам, денес 4 ден ПМС, од утре можам да се средам после работа 2. чекаме термин од германска амбасада за да земе виза дечко ми , да дојде да работи тука 3. ги намалив работните саати на 120 месечно оти не е животот само од работа дома и обратно 4. животот е досаден, па мора сами да си направиме да ни биде интересно и да најдеме некоја занимација, затоа се некои глупости ми текнуваат. 5. лигушот мој има направено 2 месеци, планирам да го посетам во најскоро време - нема смисла, ебати тетката на векот што сум .......... Ајде заминав да јадам
Јас сум од оние типови на луѓе кои преќутуваат за се, трпам, трпам и цел ден умирам од главоболка. Овој ден е еден од тие. Проклето многу се мразам што не можам да им кажам на луѓето се што ми лежи на срце, што сè потиснувам во себе и на крајот јас сум таа што најмногу страда. Ама ако ми е, кога сум глупава и кога не можам да им ебам матер на сите.