На никој не му е воопшто лесно во животот, на никој не му е се полно и рамно од тука до Косово, ама секој може и мора да пронајде причина за да се насмее денес, утре, ама за жал некои луѓе избираат само да се тмурни, негативни и така со нивното константно нерасположение влијаат на околината Мислам вие таквите ептен ја цицате душата на човек, така да си знаете! #СориАмаНеСори.
Не ми е јасно зошто чувате кучиња ако не планирате да се грижите за нив? Кучево седи врзано во двор. Ни лае, ни мрда, ни се радува. Не знам дали животни страдаат од депресија, ама кучево дефинитивно е депресивно. Потажно куче немам видено. Буквално е без волја за живот. Не е болно, туку тажно. Тажно гледа наоколу како да бара помош од случајни минувачи. Тие што го чуваат му даваат само леб и вода. Ни го галат, ни го шетаат, ни го пуштаат низ двор. Како воздух го третираат, а тоа кутрото само спие заврзано. Па идиоти едни и тоа е живо суштество. Ако не планираш правилно да се грижиш за него, тогаш подари го некому. Не е работата само да му дадеш сув леб и вода. Треба да го шеташ, да го бањаш, да поиграш со него. Барем пушти го на слобода, а не ко роб да го чуваш. Себични идиоти. Такви копилиња заслужуваат да ги врзеш во двор и да им фрлаш сув леб по цел ден. Ма ни леб не би им дала.
Моментот кога не ја работиш работата што ја сакаш, а од друга страна надредените се нешто те прозиваат за тоа дека треба подобро/повеќе да работиш, ми доаѓа ама не знам дали да се пукам себе или нив. хаха
Ако не е опасно куче можеш да го пуштиш на слобода.Како ќе се снајде тоа е негово.Барем ќе биде слободен а ти ќе знаеш дека си постапила правилно.Или ако ништо друго како што рекоа пријави на некое здружение можеби ќе се направи нешто.Кога тие се безчувствивелни барем ние да се обидеме да направиме нешто.
да се надоврзам имав најдено пред 3 години 5 мали кученца фрлени во вреќа Сама кршев глава што да правам со нив никој не ми се обрати од здруженијата да помогне или слично...едвај ги вдомив сите а дали имаа месец дена кутрињава требаше со цуцла да се хранат и не сакаше никој да се нафати ама фала богу успеав некако...така да незнам што да кажам...
како и да е не ги окривувам ни нив бидејки тоа се приватно и од донации се здруженијата државата не се замара имаат скапаното вардариште што лично би го срушила до темел одвратно место е...повекето луѓе се бездушни и не сакаат да си имаат додатен притисок да се замараат така да....али верувајте боље да е во двор да има храна вода затоа што има и полоши работи..да е на улица или ке го удри кола или ке го отрујат некои гнаси може да умре од глад, болести, може и др кучиња скитници да го нападнат....и ред други работи...
Конечно си признав дека сум стара вампирка, и дека треба да почнам да мачкам рандом срања на фацава... И вратот, обавезно! Е сеа, иам комбинирана кожа, као нормална до сува кожа, со мрсна т зона. Неам некои подочњаци, само мала дисколризација околу очите на ж'то шо мава, на некои места црвенило, бубулици само коа треба да добијам, а црнки на носот и околу него стандард. Брчки неам, само може една две линии по очи шо не се приметуваат. Иам 28 години кај и да е. И неам поим од кај да почнам, и шо да праам. Затоа барам помош за како да ја негувам кожава, па ако треба и пари че ви пратам на сметка. Сериозно. Уште спонзор не сум фатила, а сите знаеме спонзорите се стари вампири, а не нивните спонзоруши. Помогнете и на паднатава сесра. Помош.
Роденденски се разболев, се битисав, се лупнав, цела се искршив, маицата си ја изгорев со пегла, па и кујната несакајќи ја одмонтирав. Понесреќен ден одамна не сум имала. Ако вака ми почнува 20ката, како ли ќе заврши баш ме интересира...
Пиши во тема во "Лице"и ќе ти дадат предлози. Јас читам често. @Mishela, @Doozy @koritsaki и @Biodevojka ги имам приметено почесто пишуваат и се гледа дека имаат искуство девојките и дека продуктите се со критика на место,а не спонзорирано како т.н. инфлуенсерки што не бомбандираат секојдневно со глупости по мреживе Едит:Може во темава да се обратиш,мислам посоодветна е https://forum.femina.mk/threads/Како-до-чисто-лице.1049/page-430
Да се надоврзам и јас со прашање до означените девојки. За црнки ако имате некаков предлог за ефикасно чистење и притоа да ми остане кожава на лицево , би ви била благодарна да споделите.
Сагата продолжува. Еве уште еден благодет од ситуацијата на натрупан материјал за учење (кој патем не го ни допрев од вчера). Почнувам да станувам health guru и “учејќи” ми дојде у глава рецепт за факин смути, па го запишав. Иначе у глава ми се врти “Нишка бања, топла вода”. Забегувам.
Мајка ми: Сакаш кафе? Јас: Да. Мајка ми: Сакаш две кафиња? Јас: Не...? Татко ми станал и напрајл кафе за него и мајка ми. Излегол в двор да поработи. Мајка ми стана после него и стави уште две кафиња оти не ги виде првите две. Оти не пијам стрикно турско на утро за мене вака рандом не клаваат иако сите во исто време на сабајле станваме. И така денес за мене одлучија какво кафе ќе пијам. Не ќе се фрла, скраја да е. *Чукам во дрво три пати*
Ги сакам ваквите денови, кога срцето силно ми трепери од љубов. Кога колената треперат уште посилно. Кога пеперутките во стомакот ме скокоткаат силно. Ги сакам ваквите денови, кога чувствувам како да лебдам. И се' е тоа од љубов, само од љубов
Значи некои луѓе сакам да ги плукнaм у фаца. Онака сочно да им опцујам све живо и диво и подоле од гомна да ги направам. Верувам сите што имате инстаграм видовте сториња за девојчето Симона. Бараат да се заследи профилот за да се соберат пари. Некое копито што не е поврзано со семејството ги има направено профилите за да си ги пикне парите у џеб. Добро бре толку ли немате осет и толку ли сте мизерни за да печалите на ваков начин? Unfollow стиснете и ако сакате парите да завршат на вистинско место почекајте да објават број за донации.
Се жалат сите немаат пари,како сме сиромашна држава,а го изнакупуваа Iphone 11,како алва да купуваат,не бе Македонче не си сиромашно,само си научено да кукаш,и лелекаш.И не ме убедувајте кредити медити,јок тој филм веќе не поминува,богато е Македонче богато,чим има 1000 евра за најнов моб одма да ги даде,не сме сиромашна држава.
Многу сакам кога на човек ќе му побараш прекомплицирана услуга, за која 99.9% од останатите би те одбиле, а он/а ти вика само ок без никакви потпрашања и пропратни осуди. Малце вредни луѓе имам околу себе, ама тие малце премногу вредат.
Така е, се сложувам. Нешто не е во ред со сликата на сиромашна земја, дефинитивно. Пријатели од странција кога ќе дојдат, не можам да ги убедам дека немаат пари луѓето - гледаат дека не е баш така. Ме потсети, сега бев во Сетек. Му викам на продавачот, повеќе на шала „зарем некој ви ги купува овие лаптопи над 1.000 евра “ А тој ми вели „ Па тие први како алва ни се трошат, дури немаме доволно за побарувачката.“