Пред неколку години работев,во една година и во Сетек и во Нептун,да не зборам колку пари се фрлаат на телефони,и гаџети.И да далеку сме од сиромашни кога некој лаик купува телефон од 1000 евра,за ало ало,вибер,инстаграм,фб,дефинтивино веќе не спаѓаме во сиромашна нација.Не дека им треба телефон од 1000 евра,ама битно го имаат први,го имаат најновиот,к*рчење по маси,и главниот рингтон АЈФОНИЗИРАН.
Па и ти наводно менуваш телефони како чорапи барем така се фалиш во што последно си купивме... а ако не ги купуваш, туку само за тест ти ги даваат телефоните, тогаш треба да ги постираш во темите за телефони и барем кратка рецензија да пишеш..
Имам наведено незнам колку пати,дека 80% од телефоните кој тука ги постирам,се тестови,и ми ги даваат на одреден период за да ги тестирам,за да знаат мобиларите што продаваат,мора некој да го презентира моделот.А сигурно газдите на мобиларите немаат време секој модел на телефон да му прават рецензија,учат,па продаваат нема логика. Немам толку време за јас во темата што ја бараш,да ти презентирам рецензија,плати па клати.Ете на еден моб има од мене кратка рецензија на А3,па слободно прочитај ја.Ако сакаш повеќе,не е проблем ке направиме состанок,ке направиме и цена,и ке ти ги презентирам сите телефони кој ке ги посакаш,за без пари нема веќе ни воздух,а не па мојот труд и моето потрошено време. Згора на тоа помагам на еден куп членови,во врска со технологија,и секако тоа го правам од хумана страна,али за рецензија искрено доста време е губење,еден телефон да му направам рецензија детална,треба да го земам 5 дена да го имам,да губам време по цели денови со него,да најдам мани,позитиви,негативности,па да влечам најбитни работи,има работа иако не изгледа така.
Финансиската состојба на општеството на една држава се утврдува според други параметри а не според тоа колку луѓе можат да си дозволат најнов телефон или лаптоп. Скопје и Сити мол не ја сочинуваат цела Македонија.
А ратите се без пари така?се жалат мали плати од 200 евра,а телефони во рака од 1000 евра,логика ни имало,ни ке има.
Хелоу друштво Па дали е можно конечно да ве читам многу форумски ликови во една тема собрани , многу се радувам ко се дружиме во една тема, значи да нема поделби на возрасти или дали некој само во модни постирал , во мајчински муабети, козметика или религија Момент , 2 минути да ве излајкувам сите по ред што сте коментирале на темава последните 3 дена, значи ко се сака, се можело да се дружиме заедно сите на куп, јухуууууу Честитки друже Абе не ти кажав ? Завршено, уште од почеток на Октомври. Се си мислам ти имав пишано на лична порака, ц ц ц кај се апчињата за паметење да си ги најдам со време Да ја догледам @joy1 на Youtube (многу ми личиш на девојката), па да правам список за подароци, зш празници се ближат, да имам време по пошта да пуштам поклончиња и новогодишни честитки, таман додека стигнат до Мк на време да сум. Убав ден на сите
Мислам дека е жално да осудуваме кој колку има според тоа што си го дозволува, а уште помалку е фер да осудуваме што си дозволува поскапи работи иако нема многу.
На секој еден што му треба рецензија, ќе ја најде без пари на јутуб а на форумов сме за забава, па и за да научиме нешто.. затоа постојат и тие "попаметни" категории.. Не ми беше тоа муабетот.. само реков дека и ти постираш телефони што не се твои, така да тие што купуваат ајфони, купуваат затоа што можат да си ги дозволат најчесто на рати .. ама да не се правиме нездрави, бројката на тие што купуваат телефони поскапи од 800 евра е мала во споредба на тоа што сме 2 мил.жители..
Мој први комшии доаѓаат цело време им гасат струја ,немаат пари да си платат струја ама затоа имаат ајфон кој го имаат земено со кредит а живеат во глувчја дупка што се вика ,така да не можеш да судиш дека ако некој има ајфон дека е богат.
Слободно кој сака нека си најде на интернет и нека си чита,јас на никого не му забранив,ни па можам.Јас само кажав што е мое,што не е.и никого ни осудив,ни навредив,не сме сиромашна држава и крај.Да земам да ти постирам да видиш колку луѓе го имаат најновиот ајфон,јас сум запрепастен,затоа што стварно мислев дека сме сиромашна нација,ама не не веќе не сме,само сме научени на кукање,како немаме,како нема работа,и како нечини државата. Па за ова зборам,ова е тоа очајното и жалното,наместо да земе кредит да плати долгови струја,тој ке има ајфон ама ке нема струја,бедно и жално е ова.
Пак не се разбираме, тоа што сите фураат ајфони не значи дека сме богати. Поише е помодарство али тоа е друга тема. 80% од луѓево се заглавени со кредити, да се укине кредитирањето ќе се види правата слика.
Каде прочита Скопје дека е цела Македонија? Што убаво вака кога ке ве потикнам сите на дискутирање,ала да ви е,ме радува што можеме да си размениме мислења без кавги,тензии.
Затоа што мислам дека само таму може да се каже дека е повисок стандардот на живот и само таму може да се каже дека се добива слика на побогато живеење. За ниеден друг град не може да се каже истото. Така да сиромашни сме си уште и тоа многу верувајте.
За ова за телефоните се сложувам. Нема за живот а телефон скап има битно. Слична ситуација со мои познаници. Имам другар што многу сака да патува, чесно си работи, и штеди за да посети некоја убава дестинација. Тоа го сфаќам, но не разбирам, како може некој да зима минимална плата, и да земе кредит за да оди на одмор, кој го отплаќа 10 години. Е стварно не сфаќам. Следните 10 години нема да одиш на одмор? Битно сега беше, се сликаше, те видоа, и не мислиш на друго