Кој дебилизам од карго се овие, не можам да сфатам , последен пат што сум порачала нешто од интернет, нека си го средат однесувањето дебилно, никој не е должен да слуша некој како му се дере по телефон , ми ѕвонеа не сум слушнала се јавувам ми се дере како луд, плус ми вика Е јас кога ќе сакам тогаш ќе ти ја донесам пратката а ако сакам и никогаш и се смее како луд, што е со луѓево не ми е јасно, што вработени се ова? Страшно боже....никогаш повеќе! Човек од улица да вработеа мислам подобро ќе се однесуваше. Си имам и јас обврски него ќе го чекам сега и може нема ни да ми ја донесе ццц, како прво кој е он мене да ми се дере по телефон, како второ да ми спушта на телефон кога прашав дали ќе ми ја донесе пратката , ужас! Како би го пријавила од работа да лета, дебил!
Кoгa ќе престaнете дa oчекувaте oд месеците дa се пoнaшaaт oнaкa кaкo штo вие сте зaмислиле декa требa? Се дури не пaѓa снег вo Јули и не се шетaш нa крaтки рaкaви вo Декември, oк е, релaкс.
Иако знам дека не е баш нормално, искрено уживам во топлово време. Ми влијае одлично на расположението, на продуктивноста. Секој ден во кратки ракави плус за мене е премија... Е сега, во право си најверојатно, загрижувачки е
И мене ми е убо оти е сончево.. и не е ништо страшно вака да е...само како ќе биде за некоја година ме мачи
Не велам дека мојата моментална музичка опсесија ми го виде сторито и ми го сподели ... Ама мојата моментална музичка опсесија ми го виде сторито и ми го сподели. Една меѓу илјада објавени ама една nonetheless.
Не дека сме богати како држава и народ, факт е дека како поширока слика сме сиромашни, ама уште повеќе сме недомаќини и фалбаџии
Некои луѓе зборуваат за напредок,а уште прават работи кои биле типични за минатите векови. Нема прогрес без памет!
Не сакам да сум ничиј херој (освен сама себеси), ниту пример, ниту ништо слично. Моите успеси сакам да си ги должам само на себе. Не сакам никој да се огледува на мене, ниту јас да бидам нечие олицетворение. Нека тоа биде цената што ја плаќам за да живеам по мои правила. Нека не бидам прифатена, нека бидам чудна со главата во облаци, нека бидам се што луѓето мислат, само соновите да ми се остваруваат. Да одам по патот на кој едвај излегов, да бидам среќна и исполнета. Кучињата лаат, карванот си врви. Досадна вторничка вечер.
Ќе се научат ли луѓево дека треба својот живот да го живеат и да престанат да се мешаат во други животи... аМан од таквите што се мешаат во други животи!
Во Скопје е централизиран најголемиот дел од богатиот слој на населението од државава, поголеми се платите отколку во останатите градови и тоа се двата разлози зошто се добива таа нереална слика за стандардот и добрата живеачка. Тргнете надолу од главниот град, па после зборете дали од бес просечниот македонец кука или можеби стварно е дојден у ситуација да нема што друго да прави, освен да се жали. Што јужније то тужније.
Поразителен е фактот што меѓу денешните млади лица има такви кои не знаат правилно да пишуваат и да се изразуваат. Мислев дека тоа останало зад нас, дека денешните млади се образовани, паметни, описменети. Кога зборуваат за денот, велат Оваа ден или Оваја ден. Кога пишуваат, незнам, неможам, несакам и сите тие негации, ги пишуваат споено. Па и мие, наместо ми е, тие наместо ти е, тије наместо тие, кој наместо кои итн. Потоа: пијеме, спијеме... Не ги кудам другите за да кажам дека сум јас паметна, еве за мене ќе кажам дека некогаш ми се случува да промашам запирка, да ја ставам и да биде вишок или да ја нема каде што треба да ја има. Ама ова другово е апла... А и однапред да си кажам, пред некој да скокне да пише дека не мора да се грижам за другите, ова е тажна слика и реалност за нашето образование. Навистина мислев дека младите денес се понапредни. А тоа се' уште да ти имало вакви примероци. Ко шамар од реалноста ми дојде. Ако некој член се пронајде и мисли дека за него е постов, за ова всушност ме инспирира нешто сосема друго и далечно од виртуелниот свет.
Одмарам на тераса, иако ми е затворена, имам мала задушена шумичка, поќе коли него дрва, али то е то. Птеморена сум, од работа. Па решив денов да го лежам дома. Буквално. Нешто ќе средам, нешто ќе полежам. Убаво е времево да. Но, некако не сум у муд. Ајдее мора да се развеселам тро.
Чувството кога прекрасното расположение од претходниот ден те држи и денеска. Кога стануваш од кревет порано зашто не можеш да спиеш од емоциите што се брануваат во срцето. Кога ги отвораш прозорците да му се насмевнеш на денот, кога уживаш во секој зрак на октомвриското сонце, кога го пиеш кафето без брзање, со мислата дека Се ќе биде во ред... Дека животот е убав Кога секоја обврска ја извршуваш со леснотија зашто имаш цел, јасна цел, причина за да не запираш. Кога ја имаш поддршката од најсаканата личност. Кога сфаќаш дека другото е помалку важно.
Отворам твитер и шо да видам, една нова песна е одлична. Онака слушаш и осеќаш болка, и заздравување, и љубов и емоција. Да, имам слаба точка за Селена.