Очекував дека барем ќе останеш дома, толку очекував. И на крај ме разочара. А јас со инхалации, чуда околу мене сама. А ти шеташ. Се надевам ќе ја сфатиш грешката.
Зошто некои личности се толку негативни и негативната енергија ја истураат на друг? Случка од утрово во автобус: Седам на првото седиште напред, влегува едно девојче, застана до мене, зборуваше на телефон. На една од постојките се доближува жена до вратата за излегување и почна да ја гледа толку лошо како да и ги има убиено сите блиски. Ја измерка убаво и реши да и се изнавика што би се случило ако сите зборуваат по телефон. Девојчето ја игнорираше, а си зборуваше најнормално, тивко и пристојно, ама ете на некои се им пречи. Останав
Доктор: -Алергична си на животинско влакно. Одбегнувај животни пошто одма ќе ти се јават симптоми. Јас кога ќе видам мали мачиња/кучиња... Спојлер Послатко малечко суштество одамна не сум сретнала. Тоа самото ми дојде и ме галеше низ нозе, па се врткаше радосно околу мене и нормално не можев да му одолеам па почнав да го галам. Си легна до мене и ми заспа на дланка додека го галев Ме истопи од милост и убавина. Сега веќе кивам и носот ми е полузатнат, ама вредеше за љубовта што ми ја даде
Кога не ти е денот ко шо треба и си на раб на плачење а баш во тој момент се осудуваат да ти го постават прашањето "Што ти е?" и мораш да одглумиш дека ништо не ти е
И двеста пати љубовта да ме тресне од земја.И да ме изневерат, и да исчезнат, и да ги сакам а да не ме сакаат.Што и да се случи јас нема да запрам да сакам со ист интензитет.Затоа што тоа сум јас.А јас сум љубов.
Не ми се сличиле сите овие работи.Ама не ми беше ни тоа поентата.Поентата ми беше дека секоја следна шанса за љубов треба да ја доживееме со силен интензитет
Читајќи ја темата Што ве здоболело најмногу дојдов до степен да си ветам некои работи.Прво да кажам дека таа тема е многу тешка.Да се читаат тие вистински приказни... Ветувам дека никогаш повеќе нема да изневерам некого.Без разлика дали го заслужил тоа или не.И ветувам дека никогаш нема да оставам некого без збор колку и да ме повредиле.
Многу ми е убаво кога после извесно време паѓаат маските и доаѓаат до израз вистинските лица. Па така, од многуте лица на кои можев да сметам, останаа само тројца. Да не ми паднете во раце сега, како вие со мене, така и јас со вас. Истиот третман, без грижа на совест.
Сдк Мајка си е мајка. Без разлика колку сме имале несогласувања, таа е мојот херој. И татко ми... Ги сакам. А за брат ми, душа давам иако ме нервира на моменти, сепак се мојот живот.
Усрав. Укакав. Ушљакав. Како и да го сватите, да, го направив тоа за сите пари на цел свет. Ептен лошо. Сеа за никаде не сум. Е тоа сдк. Фак фак фак. Големо ФАК
Поминувам покрај парк и слушам детски плач. Мало дете, дошло во конфликт со друго дете, и плаче. Баба му го смирува. Друга постара жена, најверојатно баба на другото дете, вели: „Леле, ама нежен бил тој..“, толкувајќи ја реакцијата на детето како претерана. Непромислено и во случајов непотребно го заштитува своето дете наместо да му укаже на последицата од неговата постапка. Се случуваат две работи. Првото дете, она што плаче, добива порака дека неговите емоции се погрешни и невалидни. Ако некој укажува на тоа дека во одредена ситуација треба да се чувствува некако, а детето се чувствува поинаку, тогаш тоа почнува да мисли дека нешто не е во ред со него. Исто така, ако детето чувствува одредена емоција и некој му каже дека таа емоција е неприкладна или нелогична за тој момент или ситуација - детето сфаќа дека не може да им верува на сопствените емоции што значи дека не може да си верува себеси. Освен што добива порака дека неговиот емоционален систем е тотално погрешен и бесмислен, детето почнува да се срами од своите емоции и да ги мрази своите емоции (зашто во случајот жената му се лути зашто плаче и го тера да се засрами поради тоа, како да направил нешто лошо). Втората работа се однесува на второто дете. Накратко, ќе се случи истото нешто, само нема да се однесува на него, туку на светот околу него. Детето добива порака дека емоциите на другите луѓе се бесмислени, погрешни, невалидни. Ќе почне да мисли дека не може да се верува на емоциите на другите, а оттука следува дека не може да им се верува на другите луѓе. Ова дете ќе порасне во возрасен кој ќе ги отфрла и омаловажува емоциите на другите, нема да може да се соочи и справи со нив, и ќе ги смета луѓето за манипулатори. Знам дека сево ова звучи како too much, и сигурно многумина би рекле „Е како да не, ако вакви ситници создаваат олкави трауми, тогаш што да се каже за физичките трауми“. Размислете повторно колку е површно да се преправаме дека сме слепи пред емоционалните трауми само затоа што нивните рани не се видливи по физичкото тело. И размислете повторно кога последен пат сте се прашувале зошто не можете да одржите некаква врска, зошто бегате од луѓето и од себеси, зошто сте несреќни и сами и во друштво. Кога последен пат почувствувавте негативна емоција и си се налутивте и се засрамивте поради тоа? Кога последен пат се мразевте себеси зашто почувствувавте бес, лутина, страв, грижа, самосожалување, беспомошност? И кога последен пат употребивте било каква средство за да го оттргнете вниманието и да избегате од таа непријатна сензација во градите? Зашто нели, не е во ред да се чувствуваме лошо. Мора што поскоро да чувствуваме среќа, радост и позитива, па макар и пораката позади тоа да е „Не сум доволно вреден и нешто не е во ред со мене“. Сакам да кажам, секогаш има смисла. Како и да се чувствувате, вашите емоции се валидни и секогаш се совпаѓаат со вашето претходно искуство и перспектива. Нема двајца луѓе на планетава што реагираат потполно исто на потполно иста ситуација. До толку сме уникатни.
Ја незнам кој ѓаол ме тера,кога пазам на исхрана,да разгледувам храна на форумов,не бе јас ке се направам 400 кила,ке ти иам и диети и се
Не пишувајте на англиски ако основна граматика не знаете. Да погрешиш превод на збор е ајде океј. Ама да измешаш редослед на зборови во реченица во сегашно и минато време или да пишуваш упорно didn't wanted не е и ви треба потсетување. И ова најдобронамерно.
Имам најдобра матична докторка на свет! Покрај толку пациенти наоѓа време да се јави да ме праша како сум...
Одиме со другарка во ДМ, таа разгледува кармини јас читам состојки во хранaта за мачки. Секој со свои приоритети во животот.