Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Несамоуверени, неконтролирани, конзервативни авторитети, од тоа нема полошо... и на таквите колку и да им простуваш ќе продолжат да те разочаруваат, и тоа е...
     
    На Hipster и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Добро значи, кој ѓаол ме натера сабајлево, да се качам на вага?
    Не, озбилно. Кој?! Тешко него, само да го најдам. :devil:

    Недело, предосеќам дека денес и ти си ми црнио тефтер, запишана.
    Денес не те сакам, така да си знаеш. Мора под итно нешто да преземеш, инаку тешко тебе.

    И знам дека се досадни и клише муабети. Ама праам два теста.
    Не знам ништо, ни за ќец нема поени да имам. Дупка сум.

    Ако Елено, ти прави си домашни чипсови, куглови/куглофи како и да се викаат. Прај си.
    Па после Цацко, у ствари неделата ти е крива. :up:
     
    На Lella, Dog-lover, Avenged и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Признавам ете ми се јави малку љубомора, ама јас и ти и онака не се сакаме многу а ни малку па затоа нема врска. Не знам ни зошто трошам две реченици на тебе.
     
  4. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Живот.
    Толку непредвидливо нешто,едно долго патување проследено со многу авантури.
    Приказни и случаеви што можеби никогаш нема да ги очекуваш.
    Што можеби нема да претпоставиш дека некогаш ќе ти се случат.
    Толку болка и тага,среќа и радости собрани на едно место.
    Толку измешани емоции,толку луѓе,а ниеден човек..
    Сите доаѓаат и си заминуваат,порано или подоцна,сепак си заминуваат..
    Со кого остануваш? Кој е покрај тебе?
    Единствените пријатели ти се Скопје,ветерот,сонцето и музиката..
    Го чекаш денот кога ќе ги спакуваш куферите,и кога ќе заминеш во туѓина..
    Никогаш не било,и нема да биде фер што некои луѓе,кои што не заслужуваат да живеат,всушност имаат подобар живот од твојот. Луѓе кои што нанесуваат зло на сите околу нив,зрачат со негативна енергија,уживаат во сите благодети што животот им ги пружа..
    А ти? Што имаш ти? ...
     
    На Barbie20, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Hipster и 14 други им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои сериозно не се свесни за нивната убавина, како внатре, така и однадвор. Ама убавото во се' тоа е што не се трудат на никој начин да се експонираат, само блескаат. Е тие луѓе колку ми се убави..
     
    На Foreveryoungiwannabe, Marossa, ilipili и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Го знаете она кога ги имате 999 пазли перфектно наредени и склопени ама ништо не е целосно додека не го пронајдете оној 1000тиот кој некаде ви се загубил?
    Јас во петокот го најдов 1000тиот, долго посакуваниот, чеканиот - најсовршено несовршениот.
    Не знам што е ама сигурно не се опишува со зборови ова чувство кое ни со оргазам не се споредува...
    Не можам насмевката од уста да ја симнам, нит ми се јаде нит ми се спие, се осеќам најслободно и исполенето после толку долго време.

    КОлку и да трае не ми е грижа, битно постои и ќе постои барем уште некое време. На среќата не и треба штоперица...
     
    На crazylady, ilipili, kate21 и 35 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Човекот е човек, без разлика на годините.
    Страшно е кога ќе видам/слушнам кога постарите не се почитуваат.Се повредуваат, навредуваат, омаложуваат, исмејуваат, се оставаат на цедило, посебно луѓе во години.Со која душа тоа некој го прави?
    Како да не се размислува што тие стари луѓе, направиле за своите деца, па дури и за оние кои што би можеле да им бидат деца.Нема изговор за таквото однесување.
     
    На Antoninaaa, kala21, Barbie20 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Срцки се девојкиве што пишуваат статуси just married. Радостии. Лепат овде фотки од свадба, ги шеруваат, ги тагнуваат... После тој среќникот со неа ко ќе почне да и прди по дома, да ждрига док глеа фудбал, да заглавуе на after work party и да го снемуе по пет саати од топлото брачно гнездо кога оди по цигари, тогаш полека сфаќаат дека бракот не е песничка од Златно славејче.
    XAXAAXXAAXAXAXXAXAA :D
     
    На sofijanoka и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам некои луѓе, намуртени и изнервирани за неважни работи дури и во сончеви денови како петоков и саботава што беа, ми иде да почнам да им ги кажувам најурнебесните смешки што ги знам и највеселите песни да им ги пуштам! :D
    Барем на такво весело временце, не се прифаќа друго освен насмевки! :nod:

    A најбесценето чувство е кога со некој твој убав збор, навидум мал и обичен комплимент, ќе разнежниш некого и ќе направиш да се почувствува многу среќно и сакано.
    Секој ужива да слушне нешто убаво за себе, но уште поубав е моментот кога уживаш во среќата на некој близок кого ќе го охрабриш и израдуваш со некој комплимент што си го кажал... :sun:
     
    На Antoninaaa, Lella, Dog-lover и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.645
    Допаѓања:
    161.640
    Тагата што ја чувствувам кога ги гледам остарентите влажни ситни очи на баба ми и лицето полно со секоја животна трага и болка.
    Само тогаш ми се слеваат наголеми и најискрени солзи...такви од кои ви горчи во грлото и ви лути во носот.
    Рака која ми подава се уште пари, ако не ги земам се навредува, ако ги земам, тешко ми е, не ги сакам не зошто се од неа, туку зошто се бројани, а ние сме млади и заработуваме за себе си.
    Па и купувам неа банани и порокали еднаш неделно...
    Минливи сме, а сакам да бидат тука засекогаш. Колку пати треба да им кажеме благодарам зошто постојам?
    Уф...тежок ми е денот без особена причина. Ама од вакви денови се потсетувам што ми е важно.
    Мене ми е апсурдно кога слушам мои врсници кои викаат - ах моите баба и дедо не ме сакаа, беа строги и знаеа да не истепаат, никогаш не беа расположени, па и јас не ги сакав, до душа и ги мразев. Знам дека не можат да бидат добри луѓе. Како може да ја изгубиш барем благодарноста што постоиш ти себично копиленце? Така најдобро знаеле, баба и дедо се тука за да се сфатат несериозно, да се насмееш на нивната старост, но не и да се потсмееш. Она од кое ти доаѓа недостигот се твоите родители кои како попаметни и помлади требало да ја направат разликата во однесувањето и воспитувањето во однос на своите родители. Со нив решавај си ги проблемите на зрело ниво...ти сезнајко еден. Некои мои познанички и другарки и другари имаат веќе и деца... гледам дека откако им подпораснаа децата и не се многу поинакви. Се дерат, викаат огромни НЕ пред своите деца, им даваат готово купена храна... За пример...прекрасни родители.
     
    На ilipili, Hipster, lunicka и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Сдк колку малку е потребно некогаш да му пружиш нешто на некој туѓинец за да ти возврати со насмевка и топол збор кој ќе ти го разведри денот. Да се свртиш и да си заминеш со топлина во градите ко да си го освоил светот... а всушност... само си подал рака некому ^_^
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Една палачинка со нутела и банана која сум во план да си ја направам кај и да е.
    И викаат во друштво е поубаво па си го викнав него да си јадеме заедно :inlove: .

    Убаво пладне.
     
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сакам да се начукам јако. Како во деновите кога ме болеше свиралото за све. Како во деновите кога патот ме носеше а не нозете. Како и кога не знаев кај ќе завршам секогаш си поминував многу добро.
    Сега? Ништо. Се е без бои, љубов, срце. Ништо не живее во нас луѓе. Ништо.
     
    На Barbie20 и jovana03 им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    скд ми треба време да се навикнам на ликот на некоја феминка кога ќе си го смени аватарот. Ај што ми треба време да скопчам дека `новата` е уствари "позната" зашто поударна ми е сликичката и мојава фотогравска меморија слабо процесира имиња, па и уште треба на ново да си градам замисла за карактерот и изгледот :lol:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    '..Незнам од каде да почнам, гледам и се чудам. Како од ден во ден во Скопје се менува по нешто. Страшна работа е тоа што секој нов ден, се појавуваат нови “хулигани” и наркомани по улиците на нашиов град. Не ми се верува дека за нив тоа е нормално, а со брзина на светлината бројот им се зголемува. Не сме некој голем град, сите се знаеме од некаде, не само тоа проститутки или курви како сакате зборов стана универзален и за малолетни девојчиња, и на нив им се чудам. Среќа не се во голем број, ми се допаѓа што почесто гледам фини и дотерани девојчиња штета малце повеќе пцујат и се на некој начин, ние тоа што го викаме “дигнати” ама во пролазна фаза се и они. Се надевам ќе им дојде памет и на нив па ќе си го сменат речникот, ќе сфатат дека треба да бидат девојчиња со карактер, став и ни помалку ни повеќе да не паѓаат на некој 25-годишни со некое БМВ со затемнети стакала што внатре се слуша српска музика т.е турбо-фолк. И да, најдете си го правиот за да не си ги менувате дечковците како чорапи. Ова беше за вас девојчиња, а за вас момци време е да се освестите дека не треба сите да шетате по шушкавци и тренерки низ Скопје, и дека не секој може да биде тоа што во населба е некој дург. Се знае секаде има хиерархија. Бидете малце по самостојни, нека не ви го гради некој друг животот, ако сте толку јаки не ја искажувајте силата во вас преку тоа што ќе се соберете во поголема бројка и ќе се тепате низ градов. Едноставно кога ќе се смените ќе се сменат девојчињата, а и целата генерација што во моментов очигледно дека е СЈЕБАНА...' :fubar:
     
    На sweet-star и Silver.E им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Љубомората во реалниот живот не е нешто чудно, но чудно е кога се повеќе ја гледам и во виртуелниот живот на форумов... :x
    Уште повеќе се чудам на некои членки, наводно многу паметни и искусни, кои со некоја Х се здечкале на некоја тема
    (нормално, сите имаме различни ставови, затоа и се темите за дебатирање)
    , па потоа ја мрази како најголем непријател. :tmi:
    Да, форум е, ама некако и тоа се намирисува овде. :^)
    За жал. :sweat:

    Ако има некој набрзинка да ми пише ЛП, за едно мало прашање.. :?:
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Aко сакате да го знаете значењето на една година, прашајте студент кој паднал таа година поради еден испит. За значењето на еден месец, прашајте ја мајката чие дете дошло еден месец порано. За значење на еден ден прашајте ги заљубените, кои едвај чекаат да се видат. За значење на една минута прашај некој што му побегнал авион или пак автобус. За значењето на една секунда прашај некој што избегнал сообраќајка. За значење на една стотинка прашај некој на олимписки игри што земал златен медал.

    Времето не чека никој, искоритете го секој момент!
     
    На ilipili, Barbie20, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Помислувам на тебе, очите ми се полнат со солзи. Си викам зошто дозволив олку да се поврзам со тебе? Зошто успеав пак да засакам? Бар ќе ми беше сеедно што не си звонал цел ден, бар немаше да се замарам каде си и со кого.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Неубав период, без некоја посебна причина. Некако ми е се' тажно, сиво, очајно. Ми се случуваат само глупости во последно време, непотребни сра*а кои ми ги тенчат нервиве, кои и така одамна се истенчени. Сепак, има една мала искра надеж, наѕира од позадината, таму некаде. Има шанси да се случи нешто многу убаво, кое иако е производ од најтешкиот период на мене и моето семејство, сепак би ни дало утеха и излез. Го молам Бог да се случи, да излезе работата во наша полза. Не заради мене, туку заради моите, да живнат и тие малку и да се порадуваат, да видат дека не е се' изгубено и дека сепак на крајот од денот постои правда.

    Работам многу периодов, работев и цел викенд, непланирано, зошто нели, во 5 до 12 секогаш мора да се случуваат сра*а, како што реков. Значи не можам да опишам доволно колку ми се крева коса и ми се костреши секое влакно од несериозни луѓе, кои чекаат во последен момент да ти соопштат круцијална работа, за која ти мораш да најдеш решение како знаеш и умееш. Разбирам да не си ставаш се' и сешто на ум, да не се заморуваш со непотребни работи кои ти ја цицаат енергијата, ама побогу, работи си ја работата за која што земаш плата, и тоа завидна! Не ја префрлај на друг, особено во последен миг!

    Нејсе, да не заморувам со моите проблеми. Наминав само да си се искажам, и сега полесно ми е. Ми треба само уште недела дена одмор за да профункционирам како човек, ама тоа нема да се случи :D Ќе издржам некако до април, а тогаш одам на заслужена воздишка од секојдневието. Баш вчера се договоривме, ќе одиме во едно селце, тотално изолирани од се' што не окружува, без телефони, без интернет, мејлови и луѓе. Само јас и тој и бескрајните пространи зелени ливади :) Малку да избегам од муабетов, отишол вчера да си купува патики, па случајно видел дека ги донеле тие што ги меркам уште од лани и ми ги купил :D Срце бе! А да знае само што му спремам јас... Има да се подмоча :lol: Едвај издржувам да не му кажам кога ме гледа во очи, ама ќе се воздржам. Мора да биде тотално изненадување, и мислам дека кога ќе му го дадам во раце тоа што цел живот го посакува, одма ќе ми клекне :rofl:

    Денес ме чекаат куп обврски, ама обврски за себеси. Денес постојам само ЈАС. Ќе се посветам на себеси целосно, ќе се разгалувам, ќе се разубавувам и ќе уживам. Слатки обврски ми се тоа, многу сакам да се тинтарам :D И ќе се тинтарам, за инает на грдиов период и грдово време и грдава недела. Се' е грдо денес, ама јас ќе бидам убава ;) :D
     
    На Hipster, imelda, Barbie20 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Со тешко срце, често е разумно да се прегрне реалноста. Им завидувам на луѓето со подалечни амбиции од тука, со креативноста која копнеат да ја реализираат во секојдневието. Досадното еднолично секојдневие за нив е постојана авантура во која се соживуваат со нереалните карактери, иновативна креација на нивната креативна секција од мозокот. Не се тоа уметници, тоа се очајни луѓе кои наоѓаат начин да го внетнат животот кој го посакуваат во овој животот.
    Филџанот со турско го гледаат како егзотичен салеп сервиран во мало ресторанче покрај Ајфеловата. Вистината е, не сум била во Париз и незнам дали има ресторани кај што спомнав, незнам ни салеп дали служат.
    Ама ако сакам да одам, активно ќе работам на случајот да стигнам таму наместо да се преправам дека веќе сум.


    п.с. ( и надвор од темата ) Сакам да конкурирам за снаа на годината, ако имаме таков избор на форумов, ако не предлагам да имаме.
     
    На ilipili, imelda и lunicka им се допаѓа ова.