Решив сарма да правам, само ориз и кромид немав. И јогурт де. Отидов у дуќан, брзав демек некој дома ме чека, муж, жена, деца, маче, куче... И на крај јадев сарма без ориз...
Се чувствувам како вампир будна во ова доба од ноќта. Си направив чај, каснав киндер и ќе читам книга, очигледно е дека не можам да заспијам пак.
Многу интересен феномен ми е кога нашите возачи ќе ги сопре полиција и место документи, прво го вадат телефонот и ѕвонат на врската со полиција.
Патувам со метро, стигна до станицата на која требаше да слегнам. Единствена бев за слегнување, а надвор чекаат многу за да влезат од кои повеќето бабички и дедовци. Веднаш по отварањето на врата почнаа да влегуваат како да нема да влезат. И после ние младите не им чинеме, мхм, океј.
Пред некoј ден, бев нa пaзaр сo мaјкa, тoлку некултутa oд стaри лицa немaм виденo никaде, Тексaс е мaл збoр зa дивинaвa... Туркaње, пљукaње,ждригaње и пцуење oд стaри лицa, стрaшнo.
Го сретнав братот на бившиот и го испоздравив за он да ме праша "Која беше ти"? Спојлер После минутка му текна ама ипак доволно време беше за психички да си се закопам у двор
Безброј пати имам слушнато како некои мажи (кои се долги години во брак) се жалат од жените. Разбирам зезање, ама не разбирам насекаде да кажуваш дека дома живееш со змија, дека жената е најлошо нешто што може да ти се случи и Госпо Бог го проколнал на денот на венчавката. Или постар брачен пар зеле константно пред сите да се караат. Со пцуење, викање, дерење, превртување очи и делење совет на помлади машки дека сите жени се змии. Нели често можеш и виц да прочиташ дека Трпе е сирото и наивно човече, а Трпана е змија отровница и не го пушта него на пиво со другарите. Па зошто по ѓаволите воопшто стоите во брак ако толку ви е лошо? Зошто не се разведете? Или тогаш нема кој да ви прави ручек, да ви чисти низ дома, да ви пере и мие? Да останете сами нема да знаете едно кафе да сварите или пегла да приклучите. Мажиште растено во Југославија не се меша во кујна. Сака да има некоја дома да му готви, мие, пере, а во исто време да нема комуникација со неа и да може слободно да зјапа во помлади девојки. Разведи се и не труј насекаде. Некого половиот орган го заболе за вас и вашиот беден живот.
Кога со татко ми цртавме овошки, потоа ги сечевме и им лепевме шмиргла од позади за да во школо учиме за множества. Множества направени од конци од волница... И метео дневник те метео календар. И неговата чесност, ја сренал учителката и му кажала дека ќе ни даде утредента изненаден тест. Не ми кажа стварно. Залепив 3че. Од стресот и шокот. Пораснавме... старееме.
Сезона на thunderstorm. Е а до вчера у море си свиркавме. Супер. Уште да ми каже некој дека цунами ќе дојде.