Временската прогноза во Малта: - "Дали сте спремни за вечерна бура која ќе трае до следната сабота." Времето надвор: - "Том и Џери ги облекле купаќите и тргнале на плажа". Неколку минути подоцна, временската прогноза истрајна во своето, продолжува. Слика направена у фотошоп едно облаче со еден гром како удира во море. Сериозно ли? После неколку часа, временската прогноза пак. " Лето?! Не, ова е есен, месец Октомври и уште се капеме."
Или јас не разграничувам помеѓу флерт и фин муабет или до нив е. Како и да е, дужам врска на петторица.
Среќавам една гркинка и кажуваше како кај нив паричка со лебче се прави на 31 или кога е празникот Св.Василиј.Нормално и пријдов бидејќи мислев дека е интересно тоа што и они го прават истиот обичај, па ја прашав конкретно кога им е Божиќ.Ми рече дека го слават 2 недели порано по новиот календар.Женската нормално ме праша : А ти од Македонија ли беше? Чудно ми падна очекував негирање и долга дискусија.Останав зачудена и само кажав да.Продолживме некој краток муабет.Фина личност. Нареден пат ќе и кажам дека дедовците и бабите мои знаеа грчки.Ама не не научија нас.Јас знам некој десетина збора ама ништо повеќе и често ми е криво за тоа
Сакам да кажам дека почнав да пијам горко кафе. Муабетот беше, средно кога почнав да пијам, ставав многу шеќер во кое било кафе, претежно нескафе. Слично како што другарите го пијат сега, а јас сега им се чудам. Две години од кога почнав да одам со мојов запив турско оти према него то е вистинското кафе, па јас демек на диета и му прам морам турско. Средно, со лајче шеќер тој. И јас, природно, го пиев со 5 лајчиња, диететски де. Па со 4. Па со 2. Па со едно. Па едно растресено и мајка ми се изнервира и на сабајле та ко ќе праеше почна да ми го прај горко, под изговор дека сакам шеќер колку за беља. - "Уф ... Пак не ти кладов шеќер, знајш не е убав додаен од после во турско". - "Леле... Пак заборајв шеќер, како моето ти напрајв. Ај немаш гајле посекако ќе стигнеше до горко". - "Ааа... Ти само за беља си. Ај ај пиј таму горко нетуку ме нервирај". И така. Са кафето шо го пијам, конечно одговара на душата. Сега кој и да прај кафе сабајле, мајка, татко или јас, прај три исти кафиња. А, можда тие полека сакаа да ме конвентираат за на утро ако некој од нив прај кафе да се сите три горки. Ама теории на заговор не се мое подрачје.
Мене татко ми кога ми правеше кафе порано ми ставаше по една деветинка (ептен малку ) од лажичето шеќер, бидејќи не било добро горко кафе да се пие на празен желудник. Секогаш знаев и осеќав кога ми имаше ставено шеќер и не можев да го пијам. И така, се откажа, сега и тој пие горко кафе, само уште со големината на филџанот имаме проблем ама ќе средиме кога-тогаш .
Кај мене мајка ми од кога памтам пие со едно лајче шеќер. Па после долго време со растресено лајче шеќер. Е тоа беше периодот кога прекинав да прам кафе за неа пошто ни се водеше ни се тераше. Ако ставев три зрнца повеќе шеќер - го неќеше. Ако ставиев три зрнца помалку шеќер - го неќеше. Као, крај не му се наоѓа. Мене не ми смета да е горко, не дека го неќам, едноставно не го преферирам. Ама, таа ако било благо ѝ се лошело. Ако било горко, пак ѝ се лошело. И полека полека почна да пие горко и на сите утрата почнаа да ни се малку подобри. Сега кој ќе стани прв става за сите кафе, некогаш ако сум на мака со желудник мене ме изоставаат, ама ако знам и сама да си напрам. А татко ми од кога знам пие горко. Кутриот на иста мака како мене бил на мои години. Вика го пиев средно и дома упорно ми го праеја горко и почнав горко да пијам. Е сега поразлично од кај мене, кога почнал горко да пие, таман дома научиле дека пие со едно шеќер, почнаа со шеќер да му прат. И вика после почнав секакво да пијам, и пак почнаа горко само да ми прат и од тогаш на горко бил. А зошто имате со големина на филџан мака? Какви ви се преференците? И јас за тоа со мајка се карам. Јас неќам филџани, пијам во мали шолји кафе, и упорно ми тура во филџан оти знај дека нема да го претурам пошто грдо станва после и неубо се меша. А јас срце немам да му турам на мајка ми во шолји кои таа не ги сака. Накратко, кафето дома кај нас се зема многу сериозно.