Дефинитивно не сум по благо кафе - народски кажано шербет. Можам и горко да пијам не ми претставува проблем повеќе преферирам да е средно. Е добро турско кафе се имам напиено од татко му на цимеров, човеков не знам како го прави ама секогаш испаѓа оригинално. Јас кога си го правам само вода а го сакам густо. Е сега овде нема често турско, па затоа машината ми е во денови кога сакам кафе набрзина. Мајка последниот пат заборави да ми прати кафе, здравје ќе доаѓаат гости во Декември па по нив.
Наместо да се прават свадби со 50000 души (пола од гостите еднаш си ги видел во животот), трошкови до плафон, гужви на сите страни, умор во текот на целиот ден... фино лепо со парите што се планирани за сведбата (плус минус некое евро), младите може да шетаат кај сакаат низ светот. Запишување, ручек со најблиските и заминување на меден месец. Толку просто и едноставно. Луѓето кои вистински би се израдувале за нас ќе бидат покрај нас, а за други тетки и братучеди до десето колено ни ми требаат, ни ги знам, ни сакам да ми дојдат. Ако некогаш правам свадба во иднина, така ќе биде. Дури и дестинација имам одбрано...Вити Леву... Вити Леву се гледаме за 10тина години.
Ова со патување наместо свадба мислиш Еурека, браво на кој му текна. Парите што ќе ги потрошиш за свадба ќе ти се вратат како подароци отприлика. Па отпосле можеш да патуваш кај сакаш, ако сакаш. И свадба и патување. Ама не, требаат нови прозорци, нов под, нова гарнитура, да се смени ве-цe од пред 30 години, детска соба, кола, учество за стан, ќирија за одредено време... Која будала ќе ги потроши сите пари за патување на друг крај на светот кога има други побитни работи несредени?
Јас го правам со 5...Кога одам на гости страм ми е да кажам колку оти жив зијан сумКој и да го пробал ми вели ова не е можно човек да го испије.Ама убаво е Мене ми велат ајде сакаш ли шеќер со кафе
Не живеам за слава, да пијам кафе на Партизанска и да се сликам за на Инста. Често се прашувам како успеваат да сликаат како им поминал цел ден. Не сакам луѓе кои бараат работа, но не сакаат да ја најдат. Во мое опкружување не сакам безрбетници читај безработници кои пишуваат Believe in yourself, follow your dreams, a спорузите не ги пуштаат да работат за 200 евра , па стануваат еден вид модерни робинки. Битно им е да се од глава до петици облечени во складни бои, да си прават нокти, да си ги облекуваат децата во најскапа облека, секогаш да бидат модерни и дотерани, да си пијат кафе секој втор ден и да шетаат со спорузите каде сакаат. Па, им се потсмеваат на оние што си фураат друг филм. Ме мачи едно прашање Кој сон го имаш сестро? Ајде, сеа ќе помрчат некои. Им се може, им се сака. Да, точно. Со ова сакав само да го изложам моето мислење за горенаведените особи и мојата оценка за приоритет во моите листа на пријатели. Поздрав.
Ова со свадба, кој како си милува. Некој што има екстра кеш може да си дозволи и свадба со еден куп луѓе и патувања. Ако не си од овие првите, приоритет ќе ти биде да не се гужвате 3 генерации у еден спрат.
Да се надоврзам на муабетов јас па турско кафе слабо повеќе сакам нес кафе благо Не се секирај на работа имав шеф пиеше со 8 лажици шеќер па не му беше срам да каже
Колку ми е убаво кога знам дека се ослободив од него зашто срцево и емоциите некако се смирија или оладија. Не се напнувам повеќе. Се чувствувам слободно дури и тој да е пред мене. Решителноста и времето лечат навистина. Браво за мене.
Сакам да кажам дека од 5 сатот ми се спие. Пошто времето толку рано се стемна шо кога и да видев колку е рано бев запрепастена. До толку рано шо на другарка ми во шест и јавив да прашам дали ќе се излегва, место во осум и пол. А ко ќе ми текни ако се излегваше дека немаше да сум до сега излезена... И така добра ноќ. Кој 9 сат? Полноќ одамна ми е поминат во главата, а сите знајме дека во 11 си легнувам.
Ми се свиѓа мојот фризер. Еден допир по коса ме излуди. Одамна не сум осетила толку силна привлечност кон некого. Не можам да престанам да си фантазирам за него... Ок TMI...
Нејќам Турско кафе.Дури и мирисот на тоа не ми се допаѓа. Ама пак,не можам без Нес и капучино.Кога не пијам некое од тие,како да не сум потполно жива.
Кога ти е тешко, отвори ја темата Орален секс на форумов. Па какви пастуви општат таму, просто да се чудиш!
Врне. Очиве ми тежат ко да сум плачела цела ноќ. Се расонувам,со кафето. Ми се бркаат мачиња во стомак Е како ми се иде на пијачка на бејлис долу. Може и ќе излезам вечер до Валета, сите на работа се, јас слободна.